Фан Клуб: Реал Мадрид

Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Затоа што гомното пред 1 месец беше можеби најдобриот играч на РМ.
Затоа што гомното 1 месец не изигра 1 ебана минута ради форсирање на Ди Мариа.
Затоа што ... чао.
Што изигра Кака денес можеш да ми кажеш ?! Играч со такво искуство треба да ја преземе работата во свои раце а не меѓу нозе да му ја дава на Боатенг у екстра време место да ја даде у средина на време или да проба да издрибла ...Паѓа во дуели едноставно денес не изигра ништо со што би го пофалил е е внесен со цел да ги здрма Германциве. Според мене печен е да лета од Мадрид !! Премногу очекував од него ...
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.597
Поени од реакции
14.421
Поразов ќе ме боли и ќе го паметам долго, али сигурен сум дека ќе се чувствувам многу подобро кога Икер ќе се сретне со божицата на Сибелес.. :love:
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
5.970
Поени од реакции
3.574
Играчите што влегоа требаше да ја подигнат играта на повисоко ниво со цел да се постигне гол. Ни Кака ни Игуаин ни Гранеро не го направија тоа ...
Колку време му даде на Игуаин за да напрај нешто ? Не му даде ни пенал да пуца.. незнам ни зошто го внесе.

Поразов ќе ме боли и ќе го паметам долго, али сигурен сум дека ќе се чувствувам многу подобро кога Икер ќе се сретне со божицата на Сибелес.. :love:
Same here mate :D
 
Член од
23 октомври 2007
Мислења
1.041
Поени од реакции
1.028
Добро бе луѓе, повеќе од очигледно беше дека Реал "немаа душа да умрат". Тој натпревар со Барселона ги утепа физички. Јас личо мислев дека се спремни повеќе, и дека во најмала рака ќе можат да ја одиграат играта која ја покажаа првите 15 минути, ама бар некои 70 минути ако не повеќе. Не. И беше стварно жално да се гледа како се браниме и им ја одстапуваме играта на противникот, и тоа на нашиот Бернабе. До некој степен, и Bayern ме изненадија доста позитивно. Одиграа доста зрело и не подпаднаа под притисокот воопшто. За нив само честитки.

Е сега, дали Мурињо ги распредели правилно силите на овие 3 најбитни натпревари е прашање на кое што може само да шпекулираме. Лично мислев дека ќе има повеќе измени на секој од овие натпревари, се со цел да се сочува толку битната свежина. И иако ние навивачите имавме некој впечаток дека располагаме со две скоро еднакво добри постави, сега гледам дека Мурињо воопшто не мислел така. Кога единствениот променет играч беше Коентрао (Марсело), во три многу битни и физички изцрпни натпревари, тогаш гледате дека нешто не е во ред.

Реал беше во подредена улога во овој двомеч со Bayern, бар едно 70-80%. Ако оправдување за ова во првиот натпревар беше калкулацијата, и идното дерби со Барселона, кое е објаснувањето на она што се случи вчера , на нашиот стадион? Мора да е заморот. За тактичко надмудрување неќам ни да помислам. Срамота е. Реал на таков(ваков) начин оправдано до некој степен би можел да игра само против една денешна Барселона и против НИКОЈ ДРУГ!

Сосема заслужено финале за Bayern, и воопшто не ми е криво. Зошто? Бидејќи во овие два натпревари Bayern покажа повеќе од нас, ја посакуваа победата повеќе, направија повеќе шанси, ја контролираа играта со еден далеку поскромен состав од нашиот.

Повеќе памет, а помалце и среќа, наредната сезона!
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.597
Поени од реакции
14.421
Casillas: Прво да им се заблагодарам на сите кои дојдоа да не поддржат. Штета, да. Но знаеме дека пеналите се како лото. Нема што да се каже. Игравме добро и имавме шанси. Добро го почнавме натпреварот, мислевме дека го имаме под контрола натпреварот и дојде пеналот на Robben. Не знаевме да издржиме резултат 2-0. Иако е тешко да се стане после ваков пораз, мораме тоа да го направиме и да мислиме на Liga. А на Bayern да му честитаме.

Xabi Alonso: Не знаевме да издржиме кога имавме поволен резултат. Жал ми е за разочарувањето кое го нанесовме. Останавме на прагот, но имаме млада екипа, со голема желба и после неколку дена ќе бидеме свесни дека следната сезона ќе имаме уште една шанса. Бевме многу блиску, игравме дома, но пред нас имавме голем ривал. И тоа е фудбалот, на секого може да му се случи.

Marcelo: Направивме се што можеме. И благодарам на публиката што беше со нас. Добро влеговме во натпреварот, но немавме среќа. Се боревме и си одиме со крената глава затоа што сепак ова беше одлична сезона. Не се опуштивме, работевме од почеток до крај но за несреќа на крај не успеавме. Сите мораме да излеземе со кренати глави затоа што сите работевме за да стигнеме до тука. И да, вежбавме пенали пред натпреварот.

Pepe: Направивме се што можевме. Тажни сме затоа што заслуживме да играме финале, но не беше можно. Во фудбалот се случува и тоа. Следната сезона повторно ќе се обидеме и ќе го направиме тоа подобро. И благодариме на публиката за поддршката, беа важни за нас денеска. Они беа свежи а ние дојдовме од еден тежок натпревар. Сега имаме важен натпревар во недела против Sevilla и трите бодови мораме да ги земеме. Мораме да мислиме на LaLiga.

Ramos: Пеналите се лотарија и они знаеја подобро да шутираат. Вистина е дека промашува само тој кој шутира. Тренерот одлучи кој ќе ги шутира пеналите. И ако утре треба пак да шутирам пенал, ќе го направам тоа со задоволство. Притисокот е голем, но секогаш сум знаел како со него. Пеналите се нешто што се тренира цела сезона. Но и покрај тоа кога во игра е финале тешки се тие моменти. После нашиот втор гол натпреварот помина низ многу фази и не може цело време да се контролира. Бевме свесни за тоа кој ривал го имаме пред нас, за опасноста на Ribery и Robben, Mario Gómez.... Сега ни останува да продолжиме понатаму, иако ситуацијава не е најдобра и си одиме денес лути затоа што финалето беше многу блиски... и после се што направивме оваа сезона. Но мора да ги кренеме главите. Би било убаво да го игравме финалето, но не поради тоа треба да кажеме дека оваа сезона не е успешна. Си ја оставивме душата на терен. Сега следно е во недела, затоа што мораме да ја освоиме LaLiga. И да и се заблагодарам на публиката за поддршката.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Добро бе луѓе, повеќе од очигледно беше дека Реал "немаа душа да умрат". Тој натпревар со Барселона ги утепа физички. Јас личо мислев дека се спремни повеќе, и дека во најмала рака ќе можат да ја одиграат играта која ја покажаа првите 15 минути, ама бар некои 70 минути ако не повеќе. Не. И беше стварно жално да се гледа како се браниме и им ја одстапуваме играта на противникот, и тоа на нашиот Бернабе. До некој степен, и Bayern ме изненадија доста позитивно. Одиграа доста зрело и не подпаднаа под притисокот воопшто. За нив само честитки.

Е сега, дали Мурињо ги распредели правилно силите на овие 3 најбитни натпревари е прашање на кое што може само да шпекулираме. Лично мислев дека ќе има повеќе измени на секој од овие натпревари, се со цел да се сочува толку битната свежина. И иако ние навивачите имавме некој впечаток дека располагаме со две скоро еднакво добри постави, сега гледам дека Мурињо воопшто не мислел така. Кога единствениот променет играч беше Коентрао (Марсело), во три многу битни и физички изцрпни натпревари, тогаш гледате дека нешто не е во ред.

Реал беше во подредена улога во овој двомеч со Bayern, бар едно 70-80%. Ако оправдување за ова во првиот натпревар беше калкулацијата, и идното дерби со Барселона, кое е објаснувањето на она што се случи вчера , на нашиот стадион? Мора да е заморот. За тактичко надмудрување неќам ни да помислам. Срамота е. Реал на таков(ваков) начин оправдано до некој степен би можел да игра само против една денешна Барселона и против НИКОЈ ДРУГ!

Сосема заслужено финале за Bayern, и воопшто не ми е криво. Зошто? Бидејќи во овие два натпревари Bayern покажа повеќе од нас, ја посакуваа победата повеќе, направија повеќе шанси, ја контролираа играта со еден далеку поскромен состав од нашиот.

Повеќе памет, а помалце и среќа, наредната сезона!
:cuc:

Одличен пост, секоја чест. Не ми беше ни мене јасно зошто не менуваше играчи Мурињо. Кој било навивач на Баерн да прашаш ќе ти речеше дека од клупата на Реал најмногу се плаши зошто ние сме ептен тенки таму а на крај се покажа дека самиот Мурињо не верува во тие играчи од клупа баш многу.

Очекував дека барем по едно полувреме ќе ги видам Игуаин, Кака, можеби и Шахин...

Инаку за пеналите една работа честитам на Хејнкес - што не го пушти Робен да шутира на крај. Одличен потег по мене и така и така овој форсираше, едвај влезе првиот, што се испоутна, уште одлучувачки пенали му беа куси.

Како и да е одигравме епски натпревар (поинаков не ни можеше да биде кога играат Баерн и Реал). За мене ова беше финале.
 
Член од
23 мај 2010
Мислења
20
Поени од реакции
11
Барем ла лига ќе ни ги залечи раните , колку што е можно .
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Kлучен според мене се покажа примениот гол во последна минута на Алианц !! Да не се примеше тој ќе беше поинаку...ама ако одиме по тоа да не беше ова да не беше она ќе одиме до безкрај !!
Убаво кажаа погоре ... Повеќе памет и среќа за догодина :)
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
Душава ме боли, долго ќе го памтам овој пораз.
Секоја чест за играта што ја покажаа, оставија срце на терен. Тие се моите херои и личностите на кои им се восхитувам. Следна сезона се враќаме посилни.
HALA MADRID !



Casillas na svom FB profilu:
Steta moji prijatelji madridisti, nismo uspjeli napraviti taj korak do finala u MInhenu, ali cemo sljedece godine pokusati. Sada nam samo ostaje da mislimo na La Ligu i uz vasu podrsku ce nam biti lakse. Tesko je primiti ovakav udarac, ali najaci ustaju; a to smo mi. Hvala nasim navijacima sto su nas ispratili aplauzom i takodjer veliko hvala Cristianu,Ramosu i Kaki sto su bili hrabri u tako teskom trenutku!!! Oni su najveci!!! Neka nitko ne sumnja u to!!! Hala Madrid!!!! :cuc:



Како да не го сакаш ? Би сакал да остане уште мнооогу години во Реал Мадрид.

 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Тешко преспиена ноќ, уште чувствувам мака во душава. Кога ми се враќа филмот како се пееше 120 мин, на секој фаул, корнер полушанса цел стадион се дигаше на нозе, сфаќам каква шанса пропуштивме. Се е кажано нема потреба да се повторуваме, го чекаме нашето дете, нашиот светец на Сибелес.
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Секоја чест за нашиве. Секоја чест и за Икер, ваков голман еднаш се роди, и никогаш пак. Браво за Кристијано, Озил, Марсело, Кака и остала екипа која си ја остави душата годинава. Одлична сезона. Неможеш преку ноќ да доживееш некој успех за кој сонуваш цел живот.

Прво бевме на страшни осмина финални главоболки, после Мурињо ги надминавме нив. Имавме страшно тешки психички проблеми против Барселона. Со Мурињо сме све поцврсти и поцврсти. Покажуваат моќ и желба за надигрување против нив. Еве годинава, успеаа на најслаткиот можен начин да ни го докажат тоа. Во Купот не го мрднавме првото коло долго време. Со него уште по само првата сезона го освоивме купот. Ја гледам неверојатен напредок со Мурињо. Сите играчи се позрели, публиката е се побучна и по самоуверена. Полна со доверба кон милениците. Ова синоќа ке им биде одлично школо за навек на сите .

Све поубеден сум дека времето што претстои ке биде наше. Екипата е млада и желна за трофеи. Гладни се сите играчи за успеси. За сето ова што ке претстои, играчите ке бидат најзаслужни, се разбира, после Мурињо.


За крај. Честитки и за Баерн.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
2.371
Поени од реакции
1.281
То пеналите се поќе среќа отколку знаење, сметам дека требаше Реал да оди понатаму но што е тука е.

Инаку, еве едно интересно видео:


Не замерувајте :D
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
ајде бе шо има везе, ние бар Ла Лига ќе си земеме :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom