ТетексФан
Тоа е проблемот што имаме доста голема клупа, и што може да се направат само 3 замени. Значи секогаш ги игра Игуаин и Бензема, еве една измена, потоа Каљехон - Димарија, еве 2 замени, и Кака - Озил, еве три замени кои скоро секогаш ги прави. Тие играчи мора да бидат у форма и да добиваат повеќе минути за да евентуално некој од првотимците се повреди тие да ги заменат достојно.
Како замени се добри само нападот на Кастиља и тоа за решени утакмици, ама кој попрво да игра. Претходнава сезона бегавме со 10 бода пред Барса и на крај имаше шанси да ни избега титулата. Превише притисок има над Реал поготово кога за противник ја има Барса и мора да се земат сите поени, па Мурињо секогаш идеше на сигурна карта искуство пред се друго. Истото ти е за ЛШ. Додека не земе ќе оди со најдобрите и нема да форсира младинци.
tufekciev
Куенка, Тељо, Монтоја добри играчи?
![Шашав :eek: :eek:](/styles/default/xenforo/smilies/eek.png)
Па самиот виде што им се деси кога ги фрли Гвардиола во ел Класико. Толку добар играч Тељо што беше па неможеше една топка да упати како што треба. Имаат талент, не им го оспорувам, за добри играчи ќе се потрудат малце.
Тоа што Гвардиола ги играше оваа сезона беше фактот што Педро и Виља беа повредени, потоа во лоша форма па се до крајот, па овој мораше да крпи со деца од Барса Б. Да беа здрави тие толку и ќе видеа топка освен на 2-3 утакмици.
Факт е дека ви се посреќи со оваа генерација што ја имате, од играчи па до тренер, али за таа сметка требаше да чекате пресметај колку години од формирањето на клубот па до сега.
Се си има свој ризик. После првата сезона на Мурињо кога ја изгуби ЛаЛига, притисокот над него беше уште поголем. Едноставно мораше да ја добие претходнава на сметка на младите. Барселона ја добиваше 3 години по ред, така да притисокот над нив не беше голем, можеа да си дозволат да форсираат млади. Сега за сега проектот со Кастиља им е добар и надежен според мене. Ќе видиме како ќе се одвива понатаму ама мислам дека од Кастиља момците ќе ги заменат првотимците во Реал со тек на време, особено напаѓачите.