Фан Клуб: Реал Мадрид

Зрното

Еден е Зизу.
Член од
17 септември 2007
Мислења
1.526
Поени од реакции
634
Да се надоврзиме ... ради живеачката шо ја има Мурињо со Веб.. можи да се кажи дека 2 чисти пенали не беа свирнати за Минхеновци.
 

BATISTUTA 9

Fiorentina-Partizan-Real
Член од
17 мај 2008
Мислења
2.085
Поени од реакции
266
значи од цел тим на ниво изигра само кедира !!! колку само добро изигра секоја чест, да играа другите барем 40 % од нивните можности и да не беа тотални утки замените на мурињо ќе излезевме со победа...
али сега џабе се сите овие муабети има уше 90 мин верувам во овој тим !!! хала мадрид
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
енд хир ви гоу...

Катастрофална игра на одбраната, vol.54235...
Па добро бе, п*чка ли ви материна, не можете ли толку да се координирате и да увежбате нафрлени топки !? Значи кога е гужва пред голот, тоа е 90% гол за противникот... Катастрофална координација, никаква смиреност при таквите ситуации.

На чело со Касиљас... како може да дозволи онака спора топка да му се протне низ зоната бе... И за двата гола, негова делумна вина од мене.... особено за вториот. За првиот, поголемата вина кај Рамос кој цел натпревар играше топло-ладно.

Арбелоа и Коентрао, океј, не им пуштија многу да се изнаиграат на R-R, али Коентрао гадно леташе на двапати при вториов гол. Единствено Пепе изигра на ниво, одлично игра периодов, пу-пу да не го урочам и него...

Алонсо КАТАСТРОФА, тој па уште поголема катастрофа од одбраната. Претерано лошо, многу деконцентрирано, споро, многу загубени топки. Кедира одличен!

„Финтава“ со префрлањето на Ди Марија у средина ми се допадна, оти виде Мурињо дека крилата ни се добро удвојувани и дека така се остава повеќе простор у средината и полесно се проаѓа таму. А баш и Ангеле побрз е од Озил, но слабо денеска од него... Исто и Озил слабо, Роналдо просечно...

Бензе... абе Бензе бе Бензе... нема ни Б од тој Бензе што го знаевме сезонава. Неангажиран, спор, заборавен... Мислам дека баш заради тоа лошо играме у напад последно време, оти оној напад кој го гледавме цела сезона се одликуваше со „Бензема на сите страни“.

Измениве... со Марсело не му ја сфатив што сакаше, со Гранеро беше океј, но пиратов изигра полошо од Шумуликовски.

Резултатот не е и така лош, до душа и Баерн можеше појако да запне, мислам дека и тие не изиграа нешто посебно, но рутинирано си победија. Резултат кој може лесно да се надомести на Бернабе, но доколку ја вратиме играта од пред некој месец!
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.606
Поени од реакции
14.442
Вториот гол иде на душа на Касиљас. Па добро бре, најдобар голман у свет е. Како може топка што му иде на метро од гол да ја чека на линија???? Чиста негова топка, незнам со кој памет седеше на линија и посматраше.
Не, не и НЕ ! Не може да го кривиме Касиљас за тој гол. Видоа дека сите напади им одат преку Гомез, секоја шанса Баерн што ја имаше беше преку Гомез, и цел натпревар не го затворија него. Не можеш да го кривиш голманот во таква ситуација кога имаш 5 играчи и никој не успеа да ја сопре таа топка. Седеше и на линија и посматраше затоа што очекуваше одбраната многу подобро да реагира.. Цела грешка е на одбраната која не успеа да го затвори единствениот играч што им создаваше проблеми во текот на целиот натпревар...

Ај подоцна ќе пишам нешто повеќе.
 

OziLLLL

MADRIDISTA
Член од
8 октомври 2008
Мислења
3.334
Поени од реакции
1.892
Да се надоврзиме ... ради живеачката шо ја има Мурињо со Веб.. можи да се кажи дека 2 чисти пенали не беа свирнати за Минхеновци.
Штарк ќе ја суди наредната и нема да има проблеми за пеналите :)
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
460
Поени од реакции
130
Колку е мутав Бензема на позиција CF човече тоа чудо едно неможам веќе да го гледам таму. Ни ускрати едно 3-4 важни гола последниве 3-4 утакмици и ни скина доста бодови(и поволен резултат од Минхен) .За делење топки е мајстор али finishing има 10.

Во Мадрид ќе играме далеку поофанзивно и мислам дека ќе ги напуниме немциве, не се ништо посебно. Ако Мурињо искочи со офанзивна формација мислам дека 3/4 комада не им бегаат. Ич не сум уплашен некако.

А Ди Мариа изглеа сака да игра за провинцијалциве со глумава. Али ни за тоа не го бива, ќе треба да се усовршува. Многу неинтелегентно суштество на какви глупи работи добива картони :eek:

Тоа е тоа. Во Мадрид ќе им го отвориме гзот
А ти мислиш дека ако играте отворено дека поарно за вас че биди?
Баш тогаш че го ебите ежо баш таква игра сакаат рибери и робен...
 
Член од
26 август 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
2.258
Ајде почнавте пак :facepalm:
Реал ќе загуби од Фарса, па и од Севиља и незнам кој друг, па ќе се простиме од ЛШ, па и од Примера и ќе си останеме со празни раце.
Па добро бе, до кога вакви глупости ќе пишувате?
После секој пораз истото, праку глава веќе. До пред два саата други муабети се вртеа, а сега дозволивте еден минимален пораз на гости вака да ве депримира.
Баерн си победи заслужено. Но има и реванш, а таму се надевам дека Реал ќе доминира.
И дај престанете веќе после секоја победа - непобедливи сме, најаки сме, а после секој пораз - ништо нема да освоиме.
Јас верувам во Реал и верувам дека ќе одиме во финале, реваншот го играме дома и верувам дека на Бернабе ќе славиме. А ако не дај Боже испаднеме, барем ќе испаднеме од тим ко што е Баерн.

Ајде малку пооптимистички и главите горе.
Хала Мадрид!
"Vivimos por tí, Vence por nosotros
Hmm со ваква игра не да изгубат туку и ќе бидат понижени, читај болд. Значи мое мислење е тоа, прилично песисмистички настроено импресиониран од замените на Моу. Со Марсело на крило и со тројца у средина не иде работава, има искусено веќе али упорно си тера. Резултатот е ок до негде, гол постигнат на гости, второ најдобро после победа.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.812
Поени од реакции
30.696
Каде е пресингот бе ???
Кога го видов Гранеро на ТВ дека ќе влегува во игра си реков fuck...we're doomed.
Денеска изгубивме заради Мурињо, заради никој друг...кој к*р му беше со тактикава и измените и сега не ми е јасно.
Седев во еден локал каде вриеше од фанови на Барса и нормално не навиваа за Баерн туку навиваа против Реал, на секој фаул урлаа како напалени мајмуни дај му црвен а на секое паѓање на Гомез бараа пенал. :facepalm:
Неможев на раат да си изгледам утакмица.
 

Jin

Член од
17 февруари 2008
Мислења
419
Поени од реакции
20
Пак истата песна, згрешила одбраната , Мурињо е крив...Не дал Роналдо гол, па не знаел да игра...Нормално е бе да има слаб ден секој па и Роналдо. А дефанзивната тактика на Мурињо , при резултат од 1-1 тоа е многу нормално, секој модерен тренер така би постапил. Го примивме голот и пак имаме поволен резултат според мене а мислам дека така смета и Мурињо.
Доста е со коментари од тип : `` сега ќе го јадеме од барса``, `` Мурињо е крив `` и слично. Смиретесе мислам дека Мурињо има се под контрола и дека треба да имаме доверба во најдобриот тренер.
По една недела ќе ве читам: `` Роналдо звер`` :)
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Не, не и НЕ ! Не може да го кривиме Касиљас за тој гол. Видоа дека сите напади им одат преку Гомез, секоја шанса Баерн што ја имаше беше преку Гомез, и цел натпревар не го затворија него. Не можеш да го кривиш голманот во таква ситуација кога имаш 5 играчи и никој не успеа да ја сопре таа топка. Седеше и на линија и посматраше затоа што очекуваше одбраната многу подобро да реагира.. Цела грешка е на одбраната која не успеа да го затвори единствениот играч што им создаваше проблеми во текот на целиот натпревар...

Ај подоцна ќе пишам нешто повеќе.
40% кај одбраната, 60% кај Касиљас. Кажав, голман од калиброт на Касиљас НЕ СМЕЕ да дозволи топка која е уфрлена по земја и се движи толку споро, да му пројде на 1 метро пред гол а он да не излезе на неа. Еве, види ја снимката од вториот гол и реплицирај ми пак. Тоа е мое мислење.

Иначе единствен кој би добил од мене преодна оценка вечерва е ПЕПЕ! Последниве утакмице ги игра одлично, без грешка. Може и на Арбелоа да му се даде преодна оценка зошто Рибери искрено не му мрдна цела утакмица по десна страна.
 

OziLLLL

MADRIDISTA
Член од
8 октомври 2008
Мислења
3.334
Поени од реакции
1.892
Нели арбелоа е алката зашто ќе изгубевме и плукавте сите по него :) Папагалот ја утна работата али тоа е :)
 
Член од
12 јуни 2011
Мислења
551
Поени од реакции
297
Алоо смирете се шо очекувавте на алианз арена да се случи ? Искрено јас типував на 1-1 или 2-1 за баерн, тешко очекував победа иако на ливче ја имав Реал 2-ка, малце заеба Мурињо со замените, да, ама стрпете се има уште еден натпревар на Бернабеу :)
 

Зрното

Еден е Зизу.
Член од
17 септември 2007
Мислења
1.526
Поени од реакции
634
Пак истата песна, згрешила одбраната , Мурињо е крив...Не дал Роналдо гол, па не знаел да игра...Нормално е бе да има слаб ден секој па и Роналдо. А дефанзивната тактика на Мурињо , при резултат од 1-1 тоа е многу нормално, секој модерен тренер така би постапил. Го примивме голот и пак имаме поволен резултат според мене а мислам дека така смета и Мурињо.
Доста е со коментари од тип : `` сега ќе го јадеме од барса``, `` Мурињо е крив `` и слично. Смиретесе мислам дека Мурињо има се под контрола и дека треба да имаме доверба во најдобриот тренер.
По една недела ќе ве читам: `` Роналдо звер`` :)
Замисли си Барселона - Реал... 0-1 на полувреме.... Мурињо прави замени во типот на денешниве.. знајш после шо че се деси? Силување на бел ден.. 5-1 че изгуби дефанзивната тактика на мурињо.. оти е модерен не за нешто друго..
 

VENOM

تعيش حياتك بالطريقة التي
Член од
5 октомври 2008
Мислења
1.664
Поени од реакции
535
Во Мадрид ќе играме далеку поофанзивно и мислам дека ќе ги напуниме немциве, не се ништо посебно. Ако Мурињо искочи со офанзивна формација мислам дека 3/4 комада не им бегаат. Ич не сум уплашен некако.
Сосема спротивно, кај друг тренер можеби но кај Мурињо јасо е како ден дека ќе оди на тоа да не се прими гол а по можност да се дади 1(нормално и повеќе ако се има можност) ќе се игра со затворена формација и знаеме што ќе биде резултатот... пак истото :facepalm:
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
Мурињо: " Ќе се вратиме во Минхен и ќе играме ФИНАЛЕ " :vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom