Фан Клуб: Реал Мадрид

Член од
21 септември 2008
Мислења
14.462
Поени од реакции
13.942
Многу ми се свиѓаат шпекулацииве за Габриел Хесус, дај боже да се точни. Како втор напаѓач мислам дека нема да најдеме подобар избор. И во Сити не играше стандардно прва постава, не верувам зошто не би прифатил да биде замена за Бензема. Плус може да игра и десно крило по потреба ако планираат да останат само со Родриго таму пошто очекувам Асенсио да си оди. Се збори за некоја плата од 5 милиони и трансфер од 40-50 милиони евра што мислам дека Реал без проблем може да си ги дозволи затоа што освен Чуамени и можеби Фран Гарсија како бекап за лев бек не очекувам други трансфери летово.
 
Член од
23 октомври 2007
Мислења
1.034
Поени од реакции
1.022

А за десен бек што правиме? Ај последниве текми Карвахал се подоправи, ама и таков, пак многу се повредува.

Не е ваљда, дека на Рудигер се надеваат таму да покрива? Или уште Лукас Васкез ќе го мачиме? :eek:
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.462
Поени од реакции
13.942
А за десен бек што правиме? Ај последниве текми Карвахал се подоправи, ама и таков, пак многу се повредува.

Не е ваљда, дека на Рудигер се надеваат таму да покрива? Или уште Лукас Васкез ќе го мачиме? :eek:
Со самото доаѓање на Рудигер се отвараат многу можности во одбраната. Алаба може да покрива лев бек кога Менди ќе биде отсутен ако не успеат да го купат Фран Гарсија, Милитао може да се проба на десен бек доколку Карвахал не е во можност да игра (има играно во Порто десен бек). Мислам дека финалето во ЛШ беше доказ дека со здрав Карвахал немаме потреба моментално од десен бек само прашање е колку здрав ќе остане знаејќи дека во минатото доста често се повредуваше, но кога ќе фати ритам, игра без грешка.

285755982_585345412961957_3469790734166910058_n.jpeg
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.772
Поени од реакции
1.466
Ништо изгледа со Габриел Хесус. Шпански пасош за Винисиус дури во јануари -.-

Немаме слободно Non EU место.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.772
Поени од реакции
1.466
Дури сеуште ме држи мислата и дури сеуште е свежо ова:

Пред двобојот со ПСЖ муабетот на Модриќ бил: "Ако ги поминиме овие, ќе ја освоиме"

Кој само монструм менталитет имаат некои од играчите, младите играчи има од кој да научат.
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.207
Поени од реакции
29.066
Член од
17 август 2009
Мислења
3.629
Поени од реакции
5.159
Ви текнува на ждрепката кога ни се падна Бенфика па после на повторувањето го наместија ПСЖ :pos:
Тука се изнервира и Господ брат, на Чеферин. И рече, сеа ќе ја праиме големата...
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.772
Поени од реакции
1.466
Ае честито Чуамени!

Официјално е, има пост на FB страната на Реал.

Многу галама са дегна околу младичов, баш ме интересира шо играч ќе излезе.
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.207
Поени од реакции
29.066
Ае честито Чуамени!

Официјално е, има пост на FB страната на Реал.

Многу галама са дегна околу младичов, баш ме интересира шо играч ќе излезе.
Го гледав вчера со Австрија, доста добар дефанзивно и добри додавање у празно пушти.
Автоматски споено мислење:

Доста советници и луѓе блиски до Перез го советувале да тргне за Нкунку, го немам гледано искрено и појма немам каков профил на играч е.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom