Фан Клуб: Реал Мадрид

Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.779
Поени од реакции
18.388
Највеќе топки изгуби Бејл уствари он целиот беше загубен денес.
Тоа не е можно пошто Бејл не ни прими толку топки колку што Марсело усра. Да кажеше нигде го нема да. Иако беше добро чуван и му ги одземаа на неколку соло пробиви кои ги имаше, бар центар шутевите не му идат у гол аут претежно, до душа тоа неговото не се знае дали е шут или центар шут пошто обично се јаки удари и идат накај голманот.
 
Член од
26 август 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
2.258
Највеќе топки изгуби Бејл уствари он целиот беше загубен денес.
Работата е што Бејл е напаѓач и од него се очекува да губи топки бидејќи на напаѓачотот примарна задача е да дава голови. Ама не можеш да очекуваш од лев бек да прави таков ризик и да изгуби топка кај противничкиот шеснаесетник бидејќи се уфрла централно да шутира. Разбирам да му се даде топка да нафрли нешто што го прават подобрите бекови, ама неговото позиционирање на теренот е катастрофално. Незнам чија идеја е ова ама не е во ред, и Реал имаше голема среќа денеска што не примаа гол, Виљареал нафрлија преку 10 опасни топки од кај него. Настрана што и кога е на позиција е поминуван 90% од времето.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.295
Поени од реакции
29.340
Како тоа не се враќал назад а спаси чист гол :confused:
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Уште не научивте дека Марсело не е дефанзивен бек, секоја утакмица за него зборите исто па исто, таква му е задачата од Карло и тоа е тоа, ако сака да се затвори од почеток ќе го игра или петелот или Начо.
Сите се сложивме дека е лево крило а не бек... и каков е тој бек што незнае да игра дефанзива. Исто да кажеш Рамос не е дефанзивен стопер :D
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.295
Поени од реакции
29.340
Сите се сложивме дека е лево крило а не бек... и каков е тој бек што незнае да игра дефанзива. Исто да кажеш Рамос не е дефанзивен стопер :D
Рамос не е стопер он е десен бек, Мурињо го излажа дека е стопер, коа ќе ми текне дека зимаше топка и по средина ја водеше на напред :pos:
Не дека Маресло не знае ама нема време да се врати назад, да го лиитираат до центар да оди мислиш нема да одигра добро у дефанзива ?
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Доста битна победа денес. (y)
Крос и Хамес делуваа доста истрошено и крајно време е Карло да им даде одмор.
Иско и Иљара имаат огромен напредок од лани. Ќе ни бидат од огромна помош сезонава. За Бејл све е кажано.
И секогаш се заборавам да го пофалам. Колку само корисен играч е Начо, не му памтам кикс на човекот а игра на секоја позиција во одбраната, секоја шанса максимално си ја искористува. А и воопшто не се буни за минутажата која во споредба со игрите му е минимална, летово го продолжи договорот за уште 6 години. :cuc:
Дур ги повикува Дел Боске Албиол Бартра и слични потпросеци можеше да му даде поголема шанса на Начо и така нема некој избор на тие позиции.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.295
Поени од реакции
29.340
И заборавивме да кажеме дека немавме ниеден офсајд :D
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Дојдов да ги пофалам интервенциите на дефанзивната линија, посебно во првото полувреме. Варан мадафакерот се враќа во форма. (y)
Модрич исто така изигра одлично.
Бејл и Хамесот малце на клупа, а Иљараменди и Иско прва постава. Иско е во добра форма, Иљарата игра одлично после заминувањето на Алонсо и е свесен дека ќе добива повеќе минутажа сезонава и ќе биде еден од клучните играчи, јас сум сосема задоволен од неговото издание до сега, се надевам дека ќе игра константно и ќе си ја подобрува играта со тек на време.

И што треба да се случи за Анчелоти да сфати дека дека без ДМФ противницине со два-три додири ни се доближуваат до 16 метри од голот ? Дај нека се свести.

А да и интервенцијата на Марсело. (y)
 
Член од
1 октомври 2013
Мислења
759
Поени од реакции
336
Една молба до сите шо ќе идете во софија снимајте клипови и да ни ги прикачете овде да е осетиме атмосверава и ние мајкему :D
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.787
Поени од реакции
1.504
Многу паметно од Бензема за вториот гол. Огромна заслуга.
Бензема колку и да го ругаме секогаш игра за тимот, не е себичен. Роналдо е задолжен најмногу за голови. Истото го има кажано и во изјава нешто во стилот дека во репрезентацијата има поинаква улога одколку оваа во Реал.
 
Член од
26 август 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
2.258
Рамос не е стопер он е десен бек, Мурињо го излажа дека е стопер, коа ќе ми текне дека зимаше топка и по средина ја водеше на напред :pos:
Не дека Маресло не знае ама нема време да се врати назад, да го лиитираат до центар да оди мислиш нема да одигра добро у дефанзива ?
Абе дека сака нека го лимитираат. И кога игра назад пак го минуваат, и кога е на позиција, и кога не е, исто како да играме без лев бек. Изгледај ја утакмицата поново, изгледај ја претходната со Елче, изгледај ги сите утакмици со Марсело во тимот. Погледни само како ја деформира одбраната на екипата, а потоа спореди ги со утакмиците во кои игра Коентрао лев бек.

Никој не ја оспорува офанзивата што ја дава во нападот. Ама постојат екипи против кои неможе да направи ништо. Еве денес Виљареал, а Виљареал не ги спречи ништо да напаѓаат успешно по неговата страна . Прескапа компензација од страната на Реал, зар не мислиш така?

Ама кој не ебе нас. Мастермајндот е на клупа и тој знае најдобро. Изјавата после натпреварот му е дека екипата пати кога игра 4-3-3 со Крос, Модрич и Хамес, ама биле поопасни во нападот па затоа морало така. Ќе видиме на наредните дерби натпревари како ќе се снајдат погоре наведените, со оглед на фактот дека ги изгуби сите дерби утакмици сезонава.
 
Член од
1 октомври 2013
Мислења
759
Поени од реакции
336
Во овој пост ќе малце и ќе дадам свој став околу моменталната состојба на овој наш Реал :)
1.За сите кои не го сваќаат менталитетот на Карло ќе им го кажам сега во однос на Мерсело-Коентрао.Вака како што приметувате скоро сезона и пол карло кога игра против тимови од повисок ранг каде што треба да се игра резултатски односно каде нетреба да примаме многу голови го става Коентрао што е логично а во Шпанија тимовите скоро сите тимови прават бункери а лекот против бункер е офанзивен бек а тоа е Марсело кој ќе може да ги разбие сите тие бункери блокови...
2.Сеуште ме заплашува Средниот ред Крос-Модриќ-Хамес на хартија изгледа одличен и во пракса против тимови од среден ранг но против големи клубови со одлични напаѓачи сеуште стојам на фактот дека многу ќе го папаме..Барем до јануар да издржат вака па да се купи заден везен иначе маф ни е работава...
3.Од денешниот натпревар заклучив дека реал почна да победува утакмици дури и кога игра слабо што не беше карактеристика во предходниве години...
4.Користењето на Иљара и Иско ќе биде од голема помош оваа сезона поради големиот број натпревари во една недела..
Тоа би било се што можам да го кажам засега а Чичарито/Крос/хамес еден од овие сум сигурен дека на ел класико ќе даде гол па ќе видиме што ќе бидне :)
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Го имаме деструктивецот во Иљара, не ни треба купување на нов играч сред сезона.
Туку многу го тупиме со деструктивецот а има и други работи кои се проблем наспрема лани.
1. Лани играа 8 души во одбрана т.е. Бејл не си го ладеше. Не знам кој кур му е на човеков.
2. Ди Марија>Хамес во одбрана. Сите знаеме колку беше пожртвуван
3. Марсело и Карвахал беа очај, а посебно Марсело

Значи не е само деструктивецот иако и тоа е проблем.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom