Like a boss
Треба да му се провери ДНК, дали стварно има 19 години. Каков само стоперски тандем ќе биде тоа за неколку години (Рамос - Варан). Вечерва не изгуби ни еден дуел, а секој можен натпревар што го одигра сезонава го одигра на највисоко можно ниво.
Од другите играчи само да ја спомнам и јас лошата партија на Чаби, кого Мурињо требаше да го одмара, а не тој самиот да се одмара на терен. Мада не треба да се грижиме за него ќе дојде на своето.
Исто така и подобрувањето на Озил, одлично движење, одлична дистрибуција на топки, тоа е оној Озил што го бараме да го гледаме.
И за крај, Бензема, најдобар (играч на светот

). Не можам да опишам како само уживам во неговата игра, примање на топка, движење, совршенство. Одлично се постави за првиот гол, вториот гол мајсторски, во стилот на големите напаѓачи.