Добра утакмица за Реал, иако вакви тимчиња што практично немаат одбрана и не се некој тест за играта, повеќе ко тренинг утакмица дојде ова. Ди Мариа даде фантастична партија, за разлика од тоа со Дортмунд кога скоро секоја топка му беше одземана. Али сепак и Дортмунд и Алмерија не се исто. Се надевам дека нема да продолжи пак со топло-ладно игри, и дека тоа што го покажа со Дортмунд е резултат на одсуството, а за нареднава пак да си ја темпира формата срање да му биде. Иско се подобар и подобар, одлична контрола на топка, пасови, дриблинзи, даде гол од неверојатно тешка позиција преку тројца, браво. Кога зборам за Иско и Мората, а денес гледам и Љоренте им се приклучи, толку многу ми паѓа криво за Хесе што не ми се прави муабет, еден од најдобрите крила во светски рамки на таа возраст. Да ти ебам и карма и Колашинац и све, заслужува да си ја врати формата, иако после таква повреда се знае дека веќе нема да биде тоа тоа. Ја да се прашувам, и титули и све давам од оваа сезона само он да не се повредеше. Бензема имаше киксови, ама ко за играч ко него и два промашени зицера не е страшно, имаше две асистенции човеков и тоа е тоа. Тоа што на Реал му треба напаѓач што ќе биде кошмар за противничките одбрани е сосема друга ствар. Оваа игра пали против вакви екипи, т.е тоа е убиствена игра преку крилата, во случајов Реал има брзи крила и крилни бекови кои ја шират играта и отвараат дупки во противничките одбрани, а топката се пренесува преку долги подавања или нафрлувања. Е проблемот е кога ќе ти дојдат екипи ко Атлетико и Дортмунд, т.е екипи кои што многу трчаат, веднаш покриваат, гинат за секоја топка, прават брзи контри, немаш решение со ваква игра и не само тоа туку не можеш да изнесеш топка од своја половина. Оваа Барселона да играше со Дортмунд ќе изгубеа, за мене Клоп е бог и ако евентуално Реал сега или во иднина тргне по нов тренер, желба би ми било прв избор да биде Клоп. Бејл солиден, даде гол, иако утна во ситуација еден на еден, сепак браво за иницијативата што ја превзема, се гледа добива на самодоверба, веќе негативниот ефект од притисокот со самото тоа што заигра за Реал и целата фама околу трансферот кај него и не се осеќа веќе до толку. Се надевам оваа самодоверба ќе ја има и на нареднава утакмица и ќе истапи во случај Роналдо да не игра.