Кога нема да менуваме состав секоја сезона, кога нема да мењаваме тренери како чорапи, кога нема секое лето да трошиме по 250 милиони, е тогаш бе батки ние ќе бидеме повторно голем тим, а до тогаш ќе се радуваме на победи над просечни екипи како Севиља и Атл. Мадрид. Само сега ќе дојде лето, 1 јуни, ќе му се удри клоцата на Пелегрини. И јас сум за тоа, само ако се донесе авторитетен тренер, т.е Жозе Мурињо или Фабио Капело.
Како прво во овој тим го нема оној "мадридски" дух, тимот е полн со странски играчи и некои од нив и воопшто не заслужуваат да го носат овој дрес. Ќе напишам еден подолг пост, чисто да си се излеснам на душичката, а дали некој ќе ме чита, ме заболи Стојко...
Пријатели мои, една екипа не се составува за едно лето, а мислам дека и Перез е свесен за тоа, и мислам дека нема да го направи она истото од минатото лето, односно да потроши уште 250 милиони, очекувам да бидат донесени 2-3 играчи кои ни се стварно потребни, 5-6 играчи да го напуштат тимот, и евентуално за нив да се донесат некои замени. Исто така, мислам дека и Валдано е свесен дека на овој тим му е потребно многу време за да ги постигне вистинските резултати, каде одредени играчи кои не се шпанци ќе го напуштат тимот, а момци кои знаат што значи да се носи мадридскиот дрес ќе добијат шанса. Се сложувам дека Гранеро можеби и не е за овој тим, но и Чави не беше играчиште на 23 години, па еве 2 години е најдобар плејмејкер во светот. :wink: Неопходно е да се има жртва на тоа прашање. Генерално се промени тактиката на Реал, не знам кој колку прати, но Реал се обидува на сите начини да ги донесе шпанските таленти, кои се надевам за некое време ќе добиваат се почесто шанса во првиот тим.
Јас искрено не се плашам од Барселона, затоа што оваа нивна победничка ера нема да трае долго, мислам дека ќе прекине уште на лето, т.е од наредните избори каде би можело драстично да се промени политиката на клубот, а кога се менува и политиката се менуваат и најважните работи во тимот.
Натпреварот.. Жими куров класика.. Лоша игра и на двете страни. Победи поискусната Барселона. Неколку дена пред натпреварот трубев дека треба да се обрати внимание на Чави, и додека тој беше маркиран од Гаго, Барса нон-стоп кружеше околу нашиот шестнаесетник, и беа без идеја.. Но еден момент беше потребен, и оп, 0 - 1. Она што се плашев највеќе дека Пелегрини ќе им ја препушти средината на Барселона и ќе оди на контри, тоа се покажа и како точно. Знаев дека не сме во состојба да не примиме гол кога немаме посед на топка, а кога ќе го примиме, целосно се отвараме, а Барселона тоа знае како да го искористи.
Ии, се докажа дека не можеме да се враќаме од негатива во големите натпревари, затоа што нели Барселона не е Севиља. Лоша тактика, мада и тешко беше нешто подобро да се постави, затоа што реално овие два тима на Барселона и Реал Мадрид не се разликуваат многу по индивидуалниот квалитет, туку по онаа тимска игра, игра во која Барселона е на едно ниво погоре од нас. Секој кој имаше очи можеше да види како е кога целиот тим игра пресинг, и како е кога Чаби и Гаго играат пресинг. Се покажа дека немаме вистински напаѓач, напаѓач кој од ништо би постигнал гол, како на пример на Ноу Камп кога Ибра ни даде нам гол. Али ајде, не го укривувам Игуаин, воглавно целиот среден ред беше тапа, и ретко стигаше топката до него.
Уште еден факт излезе на виделина, а тоа е дека Реал играше под притисок, неверојатно беше како тоа се приметуваше. Дали тоа беше поради ланскиот резултат, дали поради важноста на натпреварот, не сум сигурен. На сите играчи, без исклучок, нозете им беа дрвени.
Роналдо беше под притосок, и сакаше да биде подобар од Меси, а тоа беше голем товар и голем фактор за неговата игра. Би можел да пишувам уште за тоа дека не ми се свиѓаше тактиката, па да се осудам и да кажам дека Пелегрини не е вистинскиот човек за Реал, но реално да гледаме, кој сум јас да го кажувам тоа..
)) И да не заборавам, за оваа тактика на Реал фалеше Кака кој својата најдобра партија ја одигра на Камп Ноу каде имаше простор да ја земе и да ја повлече топката. Штета што не играше.
Ај сега одиме еден по еден:
Касиљас - 2 чисти гола одбрани, и на тие две шанси топката ја видов во мрежата - за мене Касиљас не е човек кој ги заслужува овие играчи/тренер/управа.
Рамос - Вистинските играчи играат сконцентрирано и кога е 0 - 5, борбено до крај, што знам, за мене под просекот вечерва, можеби и си заслужи црвен картон.
Албиол - Солиден, ме изненади што е толку брз,има проблеми со малите техничари, но добро, не сум видел до сега некој играч да си игра со него како сака, одигра солидно, со тоа што лошо реагираше при голот на Меси, но ако добро го прегледате голот ќе забележите дека тој беше прво свртен со грб, и Меси наеднаш натрча од едната страна, и не можеше веднаш да реагира.
Гарај - Исто како и Албиол, солиден, без некои поголеми грешки.
Арбелоа - Добар во одбрана, но во напад труп, а таквите бекови во Реал ретко успеваат. За наредна сезона би бил одлична замена за било која позиција во одбраната.
Гаго - И покрај тоа што одигра сосема добар меч, треба да му се заблагодариме него, затоа што Реал треба да одлучи, дали Лас, дали Мамаду, дали Гаго. Последен играч во средниот ред е срцето на тимот, и не може еден играч кој цела сезона одигра само 4 натпревари да ја носи играта против Барселона. Мислам дека е најдобро и за Реал и за него да си оди.
Алонсо - Остана неприметен помеѓу Чави, Кеита и Бускетс кој го притискаа штом прими топка, а и ме изненади на позитивен начин како се ослободуваше од тој притисок.
Марсело - Се обидуваше да направи нешто со своите продори, усра 2-3 контри, и мислам дека треба повеќе да се форсира на позиција лев бек, затоа што дефинитивно го има се она што е потребно за еден квалитетен лев бек, само му треба време за да се навикне на таа позиција.
ВДВ - За жал, констатацијата дека може достојно па дури и подобро да го замени Кака не се докажа. Не е за Реал, не е за на клупа, 15 милиони, и нека иде у Челзи. Имаме ние играчи од Кастиља кој би можеле да го понудат она што ВДВ го нуди.
Роналдо - Првите 15 минути сам играше, па се изгуби едно 50 минути, па потоа повторно се обидуваше да направи нешто. Воглавно, притисокот врз него си го направи своето, јбг и тој е човек. Замислете ја обратната ситуација Меси/Роналдо, и Меси 300 новинари да го прашуваат "кој е подобар, ти или Роналдо.", а Роналдо да им дава по 4 гола на Арсенал...
Игуаин - За жал тоа не е напаѓач кој би можел да го води Реал до успех, бар не сега за сега. Потсетете се на Раул, Мориентес, Роналдо, Руд Ван Нистелрој, тоа беа харизми на теренот, јас кај Игуаин не гледам ништо освен еден голем потенцијал, а можеби и тоа е лажен потенцијал. Дава голови на лесни тимови, некоректно е да речам дека е лош, но не е таков напаѓач, ја нема потребната дрскост, го нема потребниот жар за еден напаѓач, а тоа не се создава со искуство, со тоа се раѓа.. Како и да е, оставам уште простор кај него, се надевам во иднина ќе биде вистински водич на тимот.
Замени
Гути - Да можеме само да го реинкарнираме него сега, не ни требаат засилувања за на лето. Немаме подобар креативец од него моментално, се надевам си го прегризал јазикот кога изјави дека ова е последно негово Ел Класико, затоа што има тој сила за уште година дена, за последни 30 минути од натпреварот.
Раул - Даде гол, и сеуште не знам зошто беше поништен. Друго не знам, не ни го забележав.
Бензема - Се гледа дека долго време нема играно, но јас сеуште верувам во него.. Но, мора да научи шпански..
))
Не сум ни малку разочаран од поразот, едноставно, уште пред некое време се помирив со тоа дека Барселона е моментално најдобриот тим во светот, и дека победа за мене ќе беше големо изненадување.. Но, да го оставиме тоа за друг пат..
Со постојани промени и измени не може многу да се постигне, и доколку оваа сезона треба да биде жртва за наредните неколку успешни, тогаш ова и така требаше да биде, и треба на овој нов тим да им се даде уште една шанса. Јас сеуште сум оптимист, и сеуште верувам дека овој проект во иднина ќе носи големи успеси.
Толку од мене...
Хала Мадрид !