“ Убаво, убаво, убаво е да победуваш со Real Madrid“
“Не можам да ветам дека ќе освоиме ЛШ оваа сезона, фудбалот е фудбал. Real Madrid нема да биде носител на група во ЛШ. Но ние не се плашиме од ждрепката, другите треба да се плашат од нас. Почнуваме од нула, ќе играме натпревар по натпревар. Не сакам опсесиja, сакам илузија. Знам дека овде постои голем притисок, но за мене притисокот е само плус мотивација.“
“Јас не сум провокатор, јас само работам. Мојата екипа и јас работиме и сакаме да не почитуваат. Ако ја нема таа почит јас ја бранам мојата група.“
“Јас дефанзивен? Кога се повторува една лага, за интелигентните луѓе останува лага, но за неинтелигентните станува вистина.“
“Ако клубот е задоволен од главните играчи од мината сезона, задоволен сум и јас. Не ни требаат драстични промени. Потребни ни се 3 или 4 нови играчи кои ќе ни дадат повеќе можности. Ова лето ќе биде мирно, така ќе имате повеќе време да пишувате за Светско.“
“Утрово доручкував на Valdebebas, таму беше Raúl и зборував со него. Jас не губам време. Разговорите меѓу тренерот и играчите остануваат меѓу тренерот и играчите. Тие разговори не се за новинарите“