Штом веќе почнавте за светско..
Кака незадоволен од ждрепката за групите за СП
Еден од најдобрите играчи на светот, фудбалерот на Реал Мадрид, Бразилецот Кака не бил премногу задоволен од исходот на ждрепката за Светското првенство и групата во која неговата репрезентација ќе се бори против Брегот на Слоновата Коска, Португалија и Северна Кореја ја нарекол "група на смртта".
"Мислам дека сме дел од најтешката група. Има уште неколку тешки, но нашата дефинитивно е група на смртта. Но тоа не мора само по себе да биде лошо, бидејќи уште од почетокот на Мундијалот ќе мора да играме на максимално нови."- изјавил Кака.
Кака не бил премногу воодушевен од фактот што веќе во осмина финалето Бразилците би можеле да играат против европскиот првак Шпанија, доколку една од селекциите го заврши натпреварувањето по групи на првото, а другата на второто место. За фаворити на шампионатот покрај селекциите на Шпанија и Бразил ги прогласил Италија, Германија, Аргентина, Франција и Холандија.
Дунга: Ќе биде интересно да се види ривалитетот меѓу Кака и Роналдо
По ждрепката за групите за Светското првенство во Јужна Африка малкумина ќе речат дека групата Г не е најтешка, бидејќи од истата дел се Бразил Северна Кореја, Брегот на Слоновата Коска и Португалија.
Еве како ја прокоментираа ждрепката и селекторите на двете репрезентации фаворити во групата, Бразил и Португалија.
"На Бразил мора да му се признае улогата на фаворит во групата со оглед на нивните освоени титули на светските првенства. Имаат тим кој поседува квалитет и одлични решенија на сите позиции. Но турнирот се игра 2010 година, до тогаш има многу време и ќе видиме кој ќе заврши на челната позиција во групата. Мислам дека за нас, мечот против Брегот на Слоновата Коска ќе биде пресуден." - изјавил португалскиот селектор Карлос Квеирос.
Од друга страна бразилскиот селектор Карлос Дунга додал:
"Тешкиот жреп само дополнително ќе не натера добро да се подготвиме. Ги знам можностите на сите репрезентации, па така и на Португалија која емногу добра. Ќе биде интересно да се види и ривалитетот меѓу Кака и Кристијано Роналдо. Двајцата играат во ист клуб, Реал МАдрид, и двајцата постојано се натпреваруваат за индивидуалните награди."
П.С-Ќе биде интересно
