bowl
.
- Член од
- 30 јануари 2007
- Мислења
- 8.344
- Поени од реакции
- 1.307
Ти пишав еднаш во темата на Милан мислам, еве пак. Платата која ја добиваат е после данокот, значи ако кажале дека Кака зема 9 милиони толку зима, со платен данок.Морам да оговорам на ваков пост кога се во прашање финансиите. Реал Мадрид не е клуб од трета лига па да не може да го наполни стадионот. Колку што гледам скоро на секој натпревар е полн до последното место. Па така кога експертите ќе ми речат дека со ангажирање на Кака и Роналдо ќе има огоромно покачување на купените билети ми се плаче. Реал исто како и Барса е клуб со членови кои си купуваат сезнки билети и тие продаваат по околу 70000 сезонски билети а стадионот има капацитет од 80000 места. Не ова Интер со 55000 сезонски билети па ако направи дрим тим на Меаца да се купат уште 20000 или 25000 сезонски билети и да се почуствува огромна разлика.
Спонзорските договори се потпишани за во следните неколку години значи тие ќе бидат фиксни или со минимално зголемување. Не може да му текне на Реал сега на Ауди да му рече до сега плаќаше 20 милиони сега поради Кака и Роналдо ќе плаќаш 40 милиони. Може да дојде некој нов спонзор но нема да биде нешто посебно голем зошто сите опави маркетинг делови се веќе зафатени и ако се раскинат договорите Реал ќе треба да плати оштета.
е сеа најинтересниот дел се даноците. Незнам како некој луѓе си ги сфаќаат работите ама данокот го плаќа играчот а не клубот. Така на пример Реал му дава на Кака 10 милиони плата ако стапката е 25%, Кака ќе земе 7,5 милиони евра а на државата ќе и плати 2,5 милиони. Во Италија разликата е тоа што Кака место 7,5 ќе земе 5 а на државата
ќе и даде 5. Значи Милан и Реал Мадрид ќе имаат исти трошоци но играчот ќе добие повеќе пари во Реал.
Да е жив и здрав Кралот - тоа треба да го кажат фановите а не спонзорите. Исто како што и јас викам да е жив и здрав Морати.
Еве уште нешто за тоа од кај ги наоѓаат парите.
http://news.bbc.co.uk/2/hi/business/8094864.stm