Фан Клуб: Работнички

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Работнички во сабота можеби го игра клучниот меч за излез во Европа против Ренова во Тетово.
Пораз не смее да се дозволи во никој случај,но мислам дека би требало да победиме на гости играме многу добро сезонава.
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
Шампионот по европски "печат"

Денеска во Тетово се игра многу важен меч во битката за излез во Европа следната сезона. И Ренова и Работнички го бркаат тоа трето место кое носи пласман во Лигата на Европа
Шампионот откако не успеа да ја одбрани титулата освоена минатата сезона, сега е целосно фокусиран кон тоа трето место и пласманот на меѓународната сцена. Во моментов има плус еден бод во однос на Работнички на тоа трето место, и со евентуална победа колку толку ќе се "одлепи" барем за момент од својот конкурент.

РЕНОВА - РАБОТНИЧКИ
Градски стадион во Тетово. Капацитет: 12.000. Почеток: денеска, 16:30 ч.
Главен судија: Горан Спиркоски. Помошници: Љупчо Димоски и Зоран Костоски (сите од Прилеп).
РЕНОВА: Мушица, Статовци, Ристов, М. Степановски, К. Степановски, Велија, Емини, Гаши, Нухиу, Али, Јанчевски.
Тренер: Билбил Соколи.
РАБОТНИЧКИ: Стефановиќ, Тунески, Стојанов, Ќумбев, Станковиќ, Тодоровски, Глигоров, Вујчиќ, Петровиќ, Велкоски, Маневски.
Тренер: Горан Петрески.
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Во текот на вчерашниот ден Влатко Гроздановски потпиша за Работнички.
Во следните неколку денови се очекуваат уште неколку нови фудбалери како од странство така и од нашава лига.
Инаку досега заминаа Глигоров Стефановиќ,Радовиќ и Станковиќ.
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Владица Брдаревски е второто засилување на Работнички.
Најверојатно и Димитрија Лазаревски-Рибар ке потпише овие денови.
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
Гама по трет пат доаѓа во Работнички

Покрај искусниот интернационалец Станковски, во редовите на романтичарите како засилувања за на меѓународната сцена пристигнаа и повратниците на домашната сцена Гроздановски, Брдаревски и Лазаревски
Работнички со ангажирањето на искусниот Горан Станковски го затвора списокот на засилувања за првото квалификациско коло од Европската лига. Популарниот Гама (34 години) важи за еден од најискусните интернационалци воопшто во историјата на македонскиот фудбал. Ова ќе му биде трето доаѓање во редовите на Работнички, откако претходно за тимот од Дебар Маало играше во 2005 и 2007.

Ветеранот половина година нема настап на професионално ниво, а последниот период што го играше беше есенскиот дел од изминатата сезона и тоа главно како резерва во редовите на молдавскиот шампион Дачија.

- Гама е последниот фудбалер што ќе се приклучи на тренинзите на Работнички, во исчекување на нашиот противник во првата рунда од Европската лига. Тој заедно со Влатко Гроздановски, Владица Брдаровски и Димитрија Лазаревски се четворицата фудбалери кои ќе ги имаме како засилувања во јуни - истакна тренерот Горан Петрески.

Станковски како првотимец на Слога Југомагнат во 1998 година направи трансфер во втората бундеслига во редовите на Тенис Борусија, за кого играше вкупно само 123 минути. По само една година се врати во Слога Југомагнат и од 1999 до 2004 му помогна на клубот да освои две титули во македонското првенство. Во 2005/2006 како интернационалец настапуваше во втората белгиска лига за Ројал Антверпен, а во 2007 и 2008 играше во Хонг Конг. Потоа две години беше член на Сибир Новосибирск во втората руска лига. Пролетниот дел од сезоната 2009/2010 го мина во дресот на Дијарбакир, од каде што во летото 2010 се пресели во Дачија.

Работнички е единствениот македонски клуб кој ќе биде во групата носител при ждрепката на 21 јуни за Европската лига и Лигата на шампионите. Средбите ќе ги игра на 30 јуни и 7 јули.

извор: Дневник
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Горан Станковски-Гм-гм нов член на Работнички.
И да споменам дека имал контак и со друг клуб во Македонија, но сепак на крај го избра Работнички.
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
партизан 5-1 работнички
стрелци:
за работнички велковски
за партизан диара, саша илиќ, марковиќ, јованчиќ два гола
 
A

Ali Pasha

Гостин
партизан 5-1 работнички
стрелци:
за работнички велковски
за партизан диара, саша илиќ, марковиќ, јованчиќ два гола
Еве кај ни е вистинска сила на нашата лига. Тешко дека ќе направиме некој подвиг во евро натпреварувањата
 
П

Паспарту

Гостин
Еве кај ни е вистинска сила на нашата лига. Тешко дека ќе направиме некој подвиг во евро натпреварувањата
Истото сакав да го напишам...

Ова е вистинското лице на нашиот фудбалски (не)квалитет, а можеме само да нагаѓаме што ќе се случи некој наш тим да игра со поквалитетна екипа од Партизан, кој рака на срце е една просечна екипа. Кажав пред 2 месеци, во Европа освен Работнички ниту една друга екипа нема теоретска шанса да помине едно коло оваа година, не дека е квалитетен Работнички, туку ќе биде носител и ќе игра против некоја екипа составена од слаткари, млекари и пекари...
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
И тоа Партизан играше претежно со млади играчи. Тоа е нашиот квалитет...
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
друже тоа е суровата реалност
''Суровата'' реалност пред 2 години...

Партизан - Македонија Ѓ.П. 0-0
Македонија Ѓ.П. - Црвена Звезда 1-1 (Ивановски 44 мин. 1-0 , Лекиќ 90+2 1-1)

Вардар на ЈНА играше 0-0 ако не се лажам, тука 1-1 значи нема квалитетна селекција на играчи проблемот е тоа...а да се прави ''кејф'' на ојле дојле со одредена сума, да игра син му у 1 Тим против Партизан ете 5 комада поздрав !!!
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
знам за овие утакмици ама тоа беше и помина а сега со врски сите играат кај нас затоа вака ке губат
--- надополнето: Jun 20, 2011 11:14 AM ---
Богдановиќ е новото, шесто име во Работнички

Со стоперот Горан Богдановиќ (21) клубот од Градски парк и дефинитивно го затвори летниот преоден рок
Горан Богдановиќ е најновото име во таборот на Работнички. Капитенот на младата репрезентација до 21. година по цели три години се врати во својот матичен клуб. Со Богдановиќ стратегот на "романтичарите" Горан Петрески и тоа како ја зголеми конкуренцијата во стоперската линија. Робусниот, висок 188 см, Горан Богдановиќ е роден на 09.06.1990 година. Како што рековме потекнува од школата на Работнички но во ноември 2008 година сепак се реши да се пресели во редовите на Металург.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom