- Член од
- 5 јануари 2009
- Мислења
- 2.654
- Поени од реакции
- 81
Гроздановски: Фаворити сме, но нема да биде лесно
Работнички попладнево во Талин на гости кај Транс Нарва во првиот меч од воведното коло за Лига Европа
Фудбалерите на Работнички попладнево трагаат по 11 клупска победа во натпреварите на меѓународна сцена. Гостуваат кај Транс Нарва во Талин во првиот меч од воведната квалификациска рунда за Лига Европа. Во естонската престолнина отпатуваа со оптимизам, со верба во сопствените квалитети и со желба уште денеска да завршат работата, да го направат реваншот формалност и да обезбедат рутински двомеч, сличен на ланскиот со Луситанос, овојпат, со аматерите на Јувенес Догана од Сан Марино во наредната фаза во ова натпреварување.
„Романтичарите“ ја прифатија улогата на фаворити во дуелите со Транс Нарва, но со себе понесоа и малку претпазливост. За секој случај, велат, бидејќи во фудбалот се е можно и екипата што важи за фаворит на хартија не секогаш минува така лесно како што тоа изгледа на прв поглед.
„Фаворити сме, го прифаќаме тоа, но тоа не значи дека ќе биде лесно денеска во Талин. На хартија една екипа може да биде во предност меѓутоа во пракса тоа не важи. Знаеме дека сме поквалитетни од противникот ама, сепак, сме приземни“, ни изјави поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец, сега член на Работнички, Влатко Гроздановски.
Гроздановски порачува дека противникот е скениран и детаљно анализиран. Но, нема простор за олабавување. Прво затоа што Работнички гостува, второ затоа што таквиот пристап може негативно да се одрази на клупските амбиции за што подолг престој во Европа.
„Најсилна страна на Естонците се прекините. Може да бидат опасни од корнери, скратени корнети и нафрлени топки по прекини. Ќе мора да бидеме особено внимателни во таквите ситуации од причина што нивните напаѓачи се високи фудбалери. Ние треба да се фокусираме на нашата игра, да се обидеме што порано да ја наметнеме и да го дадеме максимумот од нашите можности. Ако успееме во тоа ќе биде лесно. Целта ни е уште таму да ја завршиме работата со Транс Нарва“, заврши Гроздановски.
За Работнички ова ќе биде 33 меч во европските купови, 21 во Лига Европа. Досега во ова натпреварување „романтичарите“ имаат 7 победи, 4 нерешени исходи и 9 порази. Останатите 12 евро настапи се впишани во квалификациите за Лига на шампиони во кои дебармаалци имаат 3 триумфи, 5 нерешени исходи и 4 порази.
Денешниот дуел меѓу Транс Нарва и Работнички ќе започне во 17.30 часот. Се игра на „Лилекула“ стадионот во Талин (стадионот во Нарва нема дозвола за одигрување официјални меѓународни мечеви), а судискиот колегиум доаѓа од Малта на чело со Алан Марио Сант.
извор:Утрински Весник