Фан Клуб: Работнички

Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.296
Поени од реакции
26
paaaa ima golem broj na srbi ama toa e poradi Bekvalac koisto odlicno gi poznava i mn dobro gi uigruva vo timot
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Ново засилување за есенскиот шампион [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Аксентиев од Силекс во Работнички Кометал[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Довчерашниот член на Силекс и на младата репрезентација, Ефтим Аксентиев, од денеска е петтото засилување за есенскиот фудбалски шампион Работнички Кометал. Веќе е постигнат договор, кој денеска ќе биде ставен и на хартија и со кој Аксентиев ќе се обврзе наредниве две години да го носи дресот на "кометалци". Во овој преоден рок нему му истече четиригодишниот договор со кратовци, па на управата на Работнички и преостана, според прописите на ФФМ, на банковното салдо на Силекс да уплати само 200.000 денари.
Инаку, Ефтим Аксентиев има 22 години и настапува на позицијата полушпиц. Во есенскиот дел постигна четири гола за Силекс. Тој се ангажира и како можна замена за Пејчиќ во случај тој во овој преоден рок да си замине.
Пред Аксентиев, Работнички Кометал се засили со Никола Ѓошевски, голманот Љупчо Кметовски, Србинот Иван Јовановиќ и со Бобан Јанчевски, кој токму завчера стави потпис на двегодишен договор. Засега од клубот си заминаа Иван Тричковски и голманот Филип Маџовски. (Т.З.)
[/FONT]
 
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.296
Поени од реакции
26
Aksentiev trebalo da bide kako zamena za Pejcic. Nego ovaa zima spored mene pametna transfer politika napravena , samo krivo mi e za madzovski , ama stvarno mnogu mi e krivo
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
РАБОТНИЧКИ К НА ПРВАТА КОНТРОЛА ВО АНТАЛИЈА СО УКРАИНСКИОТ КРИВБАС ОДИГРА НЕРЕШЕНО
Гол на Вајс за почетно реми
*На 0:1 за Кривбас на центаршут на Милисављевиќ во 78. минута, Вајс постигна гол за конечни 1:1
РАБОТНИЧКИ К - КРИВБАС 1:1 (0:0)

Терен на хотелот ИЦ Сантаи во Анталија. Стрелци: Вајс 78' (РАБ), Сачко 70' (КРИ).

РАБОТНИЧКИ К: Пачовски, Лазаревски, Лукман, Вајс, Станишиќ, Михајловиќ, Демири, Неџипи, Јанчевски, Масев, Пејчиќ.

Играа уште: Ѓошевски, Божиновски, Османи, Јовановиќ, Аксентиев, Милисављевиќ, Шабани, Глигоров.

КРИВБАС: Баравик, Лисицки, Радолчуј, Радченко, Шошојко, Ујулбаши, Мелник, Костишин, Опра, Мотијко, Сачко.
Работнички К на првата контролна средба во Анталија вчера одигра нерешено, 1:1, со украинскиот прволигаш Кривбас. Според извештаите од таборот на "романтичарите", избраниците на тренерот Драгољуб Беквалац одиграле сосема солидно против тимот од Криви Рог. Украинците први повеле со голот на Сачко во 70. минута, во 78. минута убедливо најдобриот на теренот Немања Милисављевиќ од прекин испратил употреблив центаршут до главата на Мирослав Вајс, кој ја затресол мрежата за конечни 1:1.
Првиот дел минал во рамноправна игра. Се играло брзо, остро, мотивирано од двете страни како да се игра за бодови. Иван Пејчиќ и Бобан Јанчевски во тој период од играта имале идеални шанси за гол. Особено тоа важело за новакот Јанчевски, кој во 38. минута излегол сам очи во очи со голманот на Кривбас, но не бил прецизен. Немал среќа да го постигне својот деби гол за "романтичарите" во својот прв натпревар.

Во вториот дел Беквалац им дал шанса и на останатите играчи, играле и новаците Никола Ѓошевски и Ефтим Аксентиев, кои според извештаите од Анталија биле солидни.

Утре Работнички К ќе ја одигра втората пријателска средба во Анталија. Противник ќе биде тимот на Анталиаспор од Анталија.

З. Ѓоршоски
 
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.296
Поени од реакции
26
Ovie utakmici i ne se rezultatski mnogu znacajni , bitno e da se Vhodat novite igraci i da se prodolzi so kvalitetna igra.
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Христијан Кировски не напушта. Оди во Украина.
Мислам дека и нема потреба да се бара замена за него, нападот во секој случај е премногу силен за на пролет. Тука се Јанкер, Крсте, Баже како истурени напаѓачи, по страничните напаѓачки позиции Милисављевиќ и Пејчиќ...
 

pirlo21

којотот
Член од
12 јануари 2008
Мислења
2.052
Поени од реакции
2.055
пораз на екипата на работнички на подготовките во анталија.Работнички е поразен од екипата на Анталијаспор со 2:0,по првото полувреме резултатот бил 0:0:pusk:
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Ова е само пријателска утакмица и резултатот е во втор план
 
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.296
Поени од реакции
26
Христијан Кировски не напушта. Оди во Украина.
Мислам дека и нема потреба да се бара замена за него, нападот во секој случај е премногу силен за на пролет. Тука се Јанкер, Крсте, Баже како истурени напаѓачи, по страничните напаѓачки позиции Милисављевиќ и Пејчиќ...
lele Kiro Makaza bese ova taka ? Fala bogu si otide :vozbud:
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Во пријателски натпревар Работнички - Бате Борисов 3:3
Стрелци за Работнички Пејчич и два гола на новакот Ефтим Аксентиев
Инаку Бате Борисов израмнил во 90 минута
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Dobra igra na rabotnicki vo tekot na celiot mec.. posteno imat najjak tim vo ligata lanskata godina taka ja zemaa titulata prilepcani ama ovaa godina rabotnicki Sampion..Pozz od Sttruumica !
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
httpool_src = 'http://ad.httpool.com/js.ng/site=mksport&targetsite=mksport&AdSize=1x1&PagePos=1'; now = new Date(); var ran = "" + now.getTime(); document.write ('');
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ГОЛМАН НЕ УСПЕА ДА СЕ ДОГОВОРИ СО ТОМСК И ТЕРЕК ГРОЗНИ
Пачовски дефинитивно до јуни!!!
*Пропаднаа трансферите на голманот на "романтичарите" во руските клубови па така според зборовите на директорот Дејан Чекаров, Пачовски и дефинитивно до јуни ќе остане во Работнички К

Томе Пачовски (25) и дефинитивно до јуни ќе го брани голот на Работнички К. Според зборовите на директорот на "романтичарите", Дејан Чекаров, репрезентативниот чувар на мрежата, популарниот Пача, ќе остане во таборот на нашиот најдобар клуб и во наредните шест месеци. Од ова произлегува дека Пачовски не успеал да се договори со руските клубови Томск и Терек Грозни иако барем, како што се посочуваше, со првиот имаше речиси с$ завршено. Барем така велеа и луѓето од Работнички К, менаџерите и самиот голман. Кога сме кај останатите клубови кои беа заинтересирани за Пача, да кажеме и тоа дека имаше најави за интерес, имаше и понуди и од белгиски клубови.

"Можам и официјално да потврдам дека Томе Пачовски до јуни ќе биде наш играч. Томск и Терек Грозни беа силно заинтересирани за услугите на нашиот голман, но нема ништо од тоа. Разговаравме со Пачовски по овој најнов развој на настаните и на наше, клупско задоволство заклучивме дека најдобро е до јуни да остане во Работнички К. Ова е огромно засилување за нашиот тим", ни изјави во телефонскиот разговор од Анталија, директорот на Работнички К, Дејан Чекаров.

Со останувањето на Пачовски, кој важи за нашиот најдобар голман во Лигата, повеќе од сигурно е дека најзадоволен ќе биде шефот на стручниот штаб, Драгољуб Беквалац. Тој неколкупати посочуваше дека ако замине Пачовски, клубот ќе мора да пронајде уште еден квалитетен голман. Сега и тој проблем е "затворен". Стручниот штаб на располагање за пролетната полусезона на голманската позиција ќе ги има Томе Пачовски, Љупчо Кметовски и младиот Марко Јовановски, а да потсетиме дека Филип Маџовски во зимскиот преоден рок откако му заврши договорот со Работнички К се пресели во Милано.

Што се однесува, пак, до другите трансфери (Пејчиќ, Неџипи, Вајс) и натаму нема ништо ново. Најголеми шанси да замине има Иван Пејчиќ, кој е под "скенерот" на јужнокорејскиот Сеул. За Неџипи повторно се интересираат клубови од Далечниот Исток (Ј. Кореја, Јапонија, Кина), додека за Вајс неговите менаџери работат на евентуален трансфер во Романија.

З. Ѓоршоски
Баже, Кметовски и Јовановиќ под посебен режим

Љупчо Кметовски и Иван Јовановиќ и натаму тренираат под посебен режим. Под ова, како што велат информациите од Анталија, се мисли дека и двајцата работат со намален интензитет, одвоени од останатите соиграчи. Со нив работи и напаѓачот Баже Илијоски, кој напредува од ден на ден с$ побрзо, дури и многу побрзо од она што сметаат докторите. Прашање на време е кога Баже ќе почне до одигрување контролни натпревари.

Некој нов Велкоски

Некој нов Крсте Велкоски. Така велат сите во експедицијата на Работнички К во Анталија. Младиот напаѓач на "романтичарите" и младински репрезентативец по малите проблеми со самиот себе што ги имаше во ноември и декември сега е в ред. Велкоски тренира напорно, редовно игра на контролните натпревари. На средбата со Бате Борисов и покрај тоа што не постигна гол според кажувањата на раководството на клубот бил еден од најдобрите. Очигледно дека Велкоски заедно со Јанчевски и Илијоски ќе ја сочинуваат убедливо најдобрата напаѓачка тројка во Првата лига.

ПРИЈАТЕЛСКИОТ МЕЧ ВО АНТАЛИЈА НЕ ГО ДОЖИВЕА СВОЈОТ КРАЈ

Ѓунеш направи прекин!!!

РАБОТНИЧКИ К - СЕУЛ 0:1 (прекин во 70 минута)

*Лут поради втор црвен картон славниот турски тренер ја повлече својата екипа

Пријателскиот натпревар вчера во Анталија помеѓу Работнички К и Јужно корејскиот клуб Сеул не го доживеа својот крај. Имено, во 70. минута екс - турскиот селектор Шенол Ѓунеш ја повлекол својата екипа од теренот на Хотелот "Сантаи" поради тоа што неговиот тим добил втор црвен картон од турскиот судија кој ја водел оваа средба. Од експедицијата на нашиот есенскиот првак велат дека во првиот дел нашиот тим бил подобар во поле и имал две големи шанси за гол, но Бобан Јанчевски и Иван Пејчиќ не успале да постигнат гол од идеални шанси. Во тој период од мечот еден фудбалер на Сеул добил црвен картон, а на молба на Ѓунеш, тренерот на Работнички К, Драгољуб Беквалац, место исклучениот во терен влегол друг фудбалер. На полувремето Турчинот како голем авторитет во Анталија извршил притисок врз судиите кои во вториот дел дозволиле да се игра недозволиво грубо од страна на Корејците. Уште повеќе, домашниот судија, кој се солидаризирал со својот сонародник од Сеул, во 65. минута покажал смешен пенал по кој тимот на Шенол Ѓунеш повел. Пет минути подоцна еден корејски фудбалер стартувал грубо врз Божиновски, кој паднал долу на теренот. Притоа Бардо "заработил" и бокс од воинствениот Кореец. Нормално, судијата покажал уште еден црвен картон, а турскиот тренер уште еднаш побарал од клупата на Работнички К да внесе нов фудбалер. Овој пат "романтичарите" изнервирани од некоректниот однос воопшто на целиот тим на Сеул не го дозволиле тоа, а Шенол Ѓунеш во знак на протест ја повлекол екипата во таа 70. минута.

За тимот на Работнички К оваа средба ја почнале Пачовски, Лукман, Ковачевиќ, Станишиќ, Ѓошевски, Демири, Михајловиќ, Неџипи, Пејчиќ, Јанчевски и Масев. Во вториот дел во игра Беквалац ги внел во игра и Лазаравски, Вајс, Божиновски, Глигоров, Аксентиев, Велкоски и Османи.

httpool_src = 'http://ad.httpool.com/js.ng/site=mksport&targetsite=mksport&AdSize=1x1&PagePos=1'; now = new Date(); var ran = "" + now.getTime(); document.write ('');
 

Kajgana Shop

На врв Bottom