Работнички „пазари“ во Јужна Кореја
Раководството на ФК Работнички деновиве е пред ангажман на фудбалер од Јужна Кореја, информира денеска спортскиот весник „Македонски спорт“.
Според наведувањата на весникот, 22-годишниот напаѓач Јонг Парк Чанг веќе се наоѓа во Скопје на проба во редовите на „романтичарите“ па доколку задоволи тогаш во текот на следната недела ќе следи потпис за негов ангажман. Меѓутоа, од клубот наведуваат дека нема да брзаат со одлуката.
На проба во Работнички е и поранешниот наш младински репрезентативец Марко Павлов, кој потекнува фудбалски од Исланд а има настапи и за Б тимот на Реал Бетис, но сепак според последните информации најверојатно нема да биде официјализирана соработка со него.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=1537
Работнички го тестира Марко Павлов
Некогашниот член на младинската екипа на Бетис, Марко Павлов, играч од средниот ред е на проба во редовите на „романтичарите“, информираше спортскиот портал Macedonian Football. Доколку ги задоволи вкусовите на тренерот Горан Петрески и на раководството на клубот, Павлов би можел да го засили тимот на Работнички за продолжението од шампионатот.
Марко Павлов е роден на Исланд и е син на некогашниот фудбалер на Вардар, Драган Павлов - Гега. Тој има 23 години, но во младинските категории на Бетис му предвидуваа фантастична кариера во Шпанија и го споредуваа со Чаби Алонсо. Сепак, неговиот талент не се развиваше како што треба, па сега ќе треба да помине одреден тест - период и доколку задоволи да му се приклучи на Работнички.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=1532