"Романтичарите" редат победи...
Работнички одличен и во Анталија, квалитетно издание на "романтичарите" и триумф на првата пријателска средба против силниот тим на Шахтјор Солигорск, вицешампионот на Белорусија
Одлична игра и победа на Работнички на првиот пријателски натпревар вчера, во Анталија од 3:2 против актуелниот вицешампион на Белорусија, тимот на Шахтјор Солигорск. Инаку, ова е втор триумф на "романтичарите" на исто толку одиграни пријателски натпревар досега во текот на овие подготовки. Да се потсетиме дека минатата среда во Скопје совладан беше Хајдук Кула со 1:0.
РАБОТНИЧКИ - ШАХТЈОР 3:2 (2:1)
Стрелци: Маневски 12', Андонов 25', Петковски 79' (РАБ), Вергејчик 40', Комаровски 54' (ШАХ).
РАБОТНИЧКИ: Стефановиќ, Радовиќ, Станковиќ, Ќумбев, Стојанов, Глигоров, Тодоровски, Вујчиќ, Маневски, Андонов и Велкоски. Уште играа: Кандикјан, Белица, Митревски, Адем, Туневски, Ивановски, Мицевски, Петковски, Скендеровиќ.
ШАХТЈОР: Цигалко, Полјаков, Јанушкевиќ, Чељадински, Коломиц, Риос, Рожков, Комаровски, Ситко, Петров, Вергејчик. Уште играа: Курскис, Леончик, Слеур, Гренков, Киренкин.