ПОЗНАТ ЛЕТНИОТ РЕД НА ЛЕТАЊЕ КАЈ БИТОЛЧАНИ
Пелистер ќе се "штелува" во Ловеч
Во Бугарија ќе бидат главните подготовки на битолски Пелистер пред стартот на настапите во Купот на УЕФА и новата сезона во Македонија. Тимот од "Тумбе кафе" од пред два дена се наоѓа на одмор, но фудбалерите од тренерот Хусеин добија задача да тренираат индивидуално и да се одржуваат во форма.
"Договоривме подготовки во Ловеч во периодот од 23 јуни до 7 јули. Таму во тоа време ќе биде и тимот на Литекс од кој очекуваме неколку засилувања. Во минатата година имавме добра соработка со Литекс кој ни ги одлободи Жуниор и Миранда. Двајцата беа полн погодок", коментира Ѓорѓи Силјанов - Монголот, потпретседателот на Пелистер.
Фудбалерите, стручниот штаб и управата на клубот одржаа состанок пред одморот на кој ниту еден од фудбалерите не побара заминување од екипата.
Пелистер во сеозната која заврши се најде на извонредното 3. место со кое клубот од Битола се избори за место во Купот на УЕФА. Токму настапите во евро-куповите се главен приоритет за клубот чија управа деновиве е растрчана на сите страни околу организацијата на подготовките, засилувањата...