Фан Клуб: Пелистер

Член од
1 јуни 2007
Мислења
34
Поени од реакции
0
Vcera go jadovme 3:0 od Renova vo Ohrid.
Inaku i jas sum fan na Pelister i nemam propusteno jaka utakmica 10tina god. ama ne sum Ckembar.Zato so Ckembarite se i navivaci na odredeni politicki partii i licnosti(od Kiro Gligorov pa Tupurko so Da,pa Spiro i narodna,pa Tito Petkovski,i na kraj -Ckembari za Gruevski)Ne mi treba da sum clen na takva navivacka grupa.
Inaku ova godina ne ni bega megu 4-7 mesto.A najgolemo zasiluvanje ni e-so si zamina trenerot.I se razbira Ilir Elmazovski(Babata)

Samo eden grad,samo eden tim....
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
Abe ne mu bese tuka umot,vo Bitola mu bese so pozarite izgleda :)
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ НА БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ
Харалапмпие се "меша" Пелистер!!!
По повод последните случувања во Пелистер и "наводната" смена на претседателот на фудбалскиот клуб, вчера во нашата редакција стигна соопштение од битолскиот тим.

"Ве известуваме дека:

1. Собрание во Пелистер воопшто не е одржано.

2. Лицата кои се насочени како членови на собранието не се членови на истото, што се гледа и во централниот регистар.

3. Можно е документацијата да е заведена со печат на ФК Пелистер со бр. 1 кој од ФК Пелистер е прогласен за неважечки и не е во употреба, што потврдува дека сево ова е незаконско.

Сметаме дека оваа работа е дело на г. Харалампие Хаџи-Ристески кој со помош на структури во и надвор од клубот, а особено потпомогнати и од некои структури на општинскиот огранок на ВМРО ДПМНЕ Битола и веројатно со вметнување во игра и на поголеми износи на пари.

Напоменуваме дека за две години колку што претседател е сега "сменетиот" прв човек на ФК Пелистер од клуб во распаѓање се консолидира и влезе во Првата лига, каде играше значајна улога. Меѓутоа, очигледно е дека причината за промената е само поради тоа што претседателот на клубот јавно застана зад иницијативата за промена на Хаџи-Ристески, кој очигледно на него и "неговите соработници" во клубот им пречи, па затоа презедоа ваква нелегитимна и незаконска постапка", се вели во соопштението на ФК Пелистер потпишано од претседателот Целе Видановски.
http://sport.com.mk/?ItemID=DD850A8713AF174E85C97782AD3E820A

---------------------------------------------------------------------------------


ТРЕНЕРОТ НА СИЛЕКС МАРЈАН СЕКУЛОВСКИ ПРЕД ТЕШКОТО ГОСТУВАЊЕ КАЈ НЕГОВИОТ ЕКС ТИМ
Ме чека "пекол" во Битола
Марјан Секуловски ова лето од Пелистер седна на клупата на Силекс. Ждрепката сакаше кормиларот на кратовци уште во првото коло да го игра токму против неговиот екс тим, и тоа на "жешкиот" терен во Битола. Во недела Секуловски се враќа онаму каде што беше минатата сезона.

"Ќе биде тежок и неизвесен натпревар. Очекувам да одиграме добро и да извлечеме поволен резултат. Ждрепката сакаше да играм токму против мојот поранешен тим и тоа уште на почетокот. Добро го познавам Пелистер, имам добри спомени и многу пријатели во Битола. Секако дека нема да ми биде нималку лесно. Меѓутоа, пријателството треба да се остави надвор од теренот. Ова е борба за бодови. Знам дека во Битола ме чека 'пекол' ама мора да се издржи", беа зборовите на Секуловски овој викенд ќе го има официјалното деби на клупата на Силекс.

Пелистер лани со Секуловски на клупата успеа да го избори директниот опстанок, додека сегашниот негов тим Силекс преку бараж остана во прволигашкото друштво.
http://sport.com.mk/?ItemID=E5599C24B4FED1469CE67F10D42C5827
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
Pelister - Sileks 1:0
56' Dejan Blazevski


Prva pobeda vo novata sezona!
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
СПОРТСКИОТ ДИРЕКТОР НА ПЕЛИСТЕР, МИТКО СТОЈКОВСКИ, ПО ПРЕМИЕРАТА СО СИЛЕКС

Судијата Ставрев претера

* Се надевам дека ова беше само лош ден на судијата Ставрев и дека ова не е никаква хајка против Пелистер, вели спортскиот директор на битолчани Митко Стојковски

По првото коло и многуте емоции во Битола, конечно, страстите се смирија и вчера почна работата за што подобро претставување на следниот меч во Кичево.

"Честитки за сите актери во Битола бидејќи да се игра фудбал на терен прекриен со вода и по дождливо време не е нималку лесно. Нашите фудбалери издражаа и на физички и на психички план, а притисокот да се стартува со три бода беше голем во еден тежок натпревар натпревар на кој времето беше главен непријател на двете екипи.

За црвената картонијада Стјкоски вели:

" Ние сме трета сезона во Пелистер и за овој период имаме заработено само еден црвен картон, а во неделата на еден натпревар Ставрев н$ 'поцрвене' трипати. Навистина беше тешко и преовладуваше нервозата кај фудбалерите на двете екипи, но кај нив преовладуваше фер-плејот кој ретко се гледа на нашите терени. Тоа судијата не го искористи и според мене додели непотребно толку жолти и црвени картони. Имаше само еден оправдан жолт картон од нашата страна, а тоа е стартот на Елмазовски. Тука немаме приговор, но за останатите два тоа не важи и по три минати дена сметаме дека се престрого доделени. Зошто судијата потпадна на едно вакво ниво со толку санкции надвор од играта, не знам, но и тој, а и сите ние знаеме дека ваквите случувања се редовна појава не само кај нас туку и на сите наши терени. Ова е голем удар за Пелистер и ако се продолжи вака, по две-три кола ќе немаме фудбалери да играме", додаде Стојковски, кој на крајот нагласи:

"Се надевам дека судијата Ставрев имаше само лош ден и дека ова не е никаква хајка против Пелистер".

С. Ристевски

Во Кичево без тројцата "црвени"

Битолчани се заодоволни од одличниот старт и освоените три бода, но не можат да прежалат што в недела ќе ги нема тројцата првотимци Главевски, Блажевски и Степановски кои добија црвени картони.
http://sport.com.mk/?ItemID=CADF58B584C0434B9DEDE5E4423A4D67
 
П

Паспарту

Гостин
според мене најголемо засилување во наредната сезона ќе биде тоа што нема на клупата да седи марјан секуловски. незнам само од каде тој дојде до тренер :)
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
НА "ТУМБЕ КАФЕ" ГОЛЕМИ ТУРБУЛЕНЦИИ И НЕИЗВЕСНОСТИ ОКОЛУ ТОА КОЈ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КЛУБОТ

Во битолскиот ВМРО - ДПМНЕ врие за Пелистер

* Чудно, но вистинито. Луѓе од иста партија која е на власт си ставаат сопки и сакаат превласт во екипата од "Тумбе кафе"

Целе Витаноски оној стариот или Јовко Крстевски овој новиот. Кој е претседател на Пелистер!? Никој не знае па ниту тие во клубот. На хартија и во централниот регистар стои старата гарнитура, а во клубот веќе на позиции "легнаа" луѓе на новиот претседател. Сепак, според државните органи клубот треба да го води Витановски. Двајцата претседатели на Пелистер во неделата биле повикани во полиција. Битолското МВР стравувало од тензии и инциденти пред, за и по мечот Пелистер - Силекс па затоа полицијата место агенција за обезбедување била надлежна за јавниот ред и мир на средбата. И во што е работата. Чудно, но вистинито е тоа што станува збор за битка за превласт меѓу две фракции од иста партија. Нашите извори велат дека деновиве во битолското ВМРО - ДПМНЕ врие за фудбалскиот Пелистер и околу тоа кој да е прв човек. Витановски веќе две години е на оваа функција, додека Крстевски е директор на ЈП "Комуналец".

"Одржаа нелегално собрание и нема шанси да добијат дозвола од централниот регистар. Ако продолжат лажно да се претставуваат во јавноста ќе заработат кривични пријави", е кусиот коментар на Целе Витановски.

Има најави дека во битолскиот централен регистар нема да мине Собранието на кое поддршката ја добил Крстевски. Луѓе од ОК на ВМРО ДПМНЕ правеле притисоци дури и во Скопје, но с$ уште се чека конечната одлука.

"Јас сум за силен Пелистер. Ја чекам одлуката на Централниот регистер. Собранието ми даде поддршка и одлучи дека јас можам повеќе да му помогнам на клубот отколку Витановски. Сакам спорт и фудбал и не сум човек кој е на страната на Хаџи-Ристески или Божиновски", се зборовите на Јовко Крстевски, кој бил назначен за нов претседател, но с$ уште неговиот мандат не добива верификација од државните органи.

Турбуленциите во Пелистер настанаа како одраз на фудбалските бранувања во ФФМ. Витановски јавно застана дека ја поддржува иницијативата за промени, додека другите во клубот беа на страната на Хаџи-Ристески.

Сепак, и покрај големите бранувања екипата имаше добар старт во новата сезона и победи со 1:0 над Силекс. Треба што е можно поскоро да се стави крај на неизвесностите околу тоа кој е кој во клубот од "Тумбе кафе" затоа што во спротивно сето тоа може да се одрази и врз играта и резултатите на клубот.

И. Д. Ивановски

Парите од Литекс не стигнувааат

Во фудбалот важи правилото кој дава пари тој е газда. Но, сепак препукувањата настануваат кога буџетот на клубот се полни од неколку страни. Познато е дека бугарскиот гигант "Литекс" летово се обврза да го финансира клубот од Битола, но не со 100%. Пари ќе дава и градот, други ситни спонзори, но и крупни компании како "РЕК Битола". Парите од Литекс не стигнуваат, а токму сега треба да се најдат преостанатите средства. Во оваа сезона фудбалерите бараат повеќе пари и најавија дека нема да играат само за личен доход како лани.

Затоа Витановски или Крстевски треба да се потрудат да донесат пари. Кој е поголем мангуп и најде повеќе стредства тој нека биде главниот "бос".

Новите имаат човек на Харалампие

Кога се одржа собранието воПелистер, за кое има најави дека е нелегитимно, имаше најави дека луѓе на Хаџи-Ристески почнаа да мешаат прсти во клубот од Битола. И тоа е така. Извесен Миле "Џокер" е наименуван како член на управата доколку Крстевски добие мандат дека е претседател на клубот. Тој Миле Петровски е човекот на Харалампие во Пелистер. И со тоа с$ е кажано. Миле - "Џокер" - Хаџи-Ристески!!!
http://sport.com.mk/?ItemID=171AD4659D3ADD4290006E173AC28D66
 
T

tino097

Гостин
цццц уште не можат да се средат овие бре, атаман помислив дека оваа сезонз ќе биди добра за клубот
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
i jas si pomisiv taka ama eve pak mucki.
Jas so ovaj Jovko se znam licno so kuro bara vo Pelister,se znat so tatko mi alcen e za pari da mu ebam krvta.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Epa ajde so srekja pobedata. I malku da se sredat so tie politikite.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
Napredok-Pelister 1-1
strelci Rutevski od penal za Pelister 1 minuta
Ibraimi 16 min.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
nereseno nereseno, za vo gosti na napredok arno e.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
Abe mozea da tepat ama aj,to e tood ko dobija crven napredok na krajot imale 100 % sansi
 

Kajgana Shop

На врв Bottom