Фан Клуб: Пелистер

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
НЕЏАТ ХУСЕИН НОВИОТ ТРЕНЕР НА БИТОЛЧАНИ СО СВОЕ ВИДУВАЊЕ ЗА НОВАТА СЕЗОНА
Ќе направиме силен Пелистер
*"Тука во Тетевен имаме прекрасни услови за работа", коментира шефот на "зелените".
Битолчани доцнеа со стартот на подготовките но сега управата, стручниот штаб и фудбалерите со насмевки на лицата се подготвуваат за новата сезона. Многу работи се средина во "5 до 12" а со доаѓањето на бугарската фирма "Литекс" за спонзор почнуваат да се средуваат работите. Пелистер веќе 5 дена се подготвува во бугарската база Тетевен. Таму се крои тимот за новата сезона и од таму доаѓа пораката од новиот шеф Неџат Хусеин кој по 4 години поворно е на клупата на неговиот матичен клуб.

"Тука во Тетевен имаме прекрасно услови за работа. Се е на потребното ниво и ги имаме сите неопходни работи за нормални тренинзи. Ќе создадеме силен Пелистер, посилен од лани. Тоа е целта на сите ние кои сме во клубот", коментира Хусен тренерот кој го наследи Мане Секуловски на битолската клупа.
Искусниот стратег се надева дека тој и неговиот тим во новата сезона ќе ги помрсат сметките на фаворитите кои ќе се борат за местата во евро-куповите.

"Задоволен сум од засилувањата и од квалитетот на тимот. Сеуште сум без коментар за подготвеноста на екипата. Одигравме две контролни средби но потребна е уште напорна работа за да се стигне до потребното ниво. Сите момци се желни за работа а на одредени позиции во екипата имаме голема конкуренција па затоа сите уште сега го дава максимумот за да дојде до првиот тим", изјавува Неџат Хусеин кој вели дека секогаш кога седи на клупата на Пелистер има мотив повеќе за работа. Станува збор за негов матичен клуб во кој со успех ја мина фудбалската кариера а токму тука кај "зелените" Хусеин влета и во тренерските води.

И. Д. Ивановски
Потребни се двајца "везњаци"

Добро пазареше Пелистер во досегашниот дел од преодниот рок. Донесени се неколку квалитетни засилувања но и покрај сето тоа тренерот Хусеин сеуште има недостатоци:

"Потребни ни се уште двајца 'везњаци'. Ако успееме да се засилиме и во средниот ред ќе направиме добра работа. Имаме преговори со неколку фудбалери но сеуште нема ништо конкретно. Меѓу другото би било одлично доколку во тимот се приклучи и Горан Ставревски. Не треба да се трошат зборови за неговите квалитети".

Со Берое главниот тест

Биолчани во Бугарија ремизираа со бугарските второлигаши Монтана (1:1) и Бели Орли (0:0). Денеска е третиот тест со тимот на Спартак Плевен. Сепак за Пелистер главен тест меч ова лето ќе биде дуелот со бугарскиот првологаш Берое а истиот се игра на 18 јули. Договорен е и тест меч за 14 јули кога битолчани ќе ги одмерат силите со составо на Јантра.
http://sport.com.mk/?ItemID=C8BABA8D493AFD4E9B77AFB23D3FCCA4
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Добро е добро се спремаат засилувања, засега има дојдено еден бразилец напаѓач ОК е. Сега уште среден ред еден, двајца и супер е.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Najvazno e dali upravata ima zelba da ja osvoi ligata ili ne. Mislam deka to e mnogu bitno vo mak futbalov. Ako sakaat mozi sekoj da ja osvoi titulata. Treba samo dobr finansiska poddrska i zelba da se uspej. Iskreno mislam deka prethodnata sezona ne ni planiraja da naprat nesto pojke samo adaptacija vo prvenstvoto. mozi eventualno za uefa ili intertoto da stignat.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
БИТОЛЧАНИ СО ПРВА ПОБЕДА ВО БУГАРИЈА
Трета среќа за Пелистер
По нерешените дуели со Монтана (1:1) и Бели Орли (0:0), битолски Пелистер во третиот тест меч на подготовките во Бугарија стигна до првата победа. Во базата Тетевен совладан е составот на Спартак Плевен, тим кој се натпреварува во втората по ранг лига кај нашиот источен сосед. Драматичен прв дел одиграа двата тима во кој резултатот го откри тимот од Плевен, кој преку снаодливиот Георгиев поведе во 15. минута. Експресен пресврт за "зелените", и тоа во англиски стил. Два гола за две минути со глава во мрежата на Спартак и двата по асистенција на Рутевски, кој нафрлаше од слободен удар. Прво Клечкаровски израмни на 1:1, а потоа и засилувањето од Литекс, Александров, со погодок за 1:2. И тоа не е с$. Мрежата на Спартак можеше да биде торпедирана. Александров уште трипати во супер шанси, потоа Степановски и Клечкаровски, а најголемата можност за трет гол не ја искористи Деловски, кој беше неуспешен изведувач на удар од белата топчка во 88. минута.

Пелистер влегува во средишницата од подготовките во Тетевен. Следат три дена само со тренинзи па дуелот со Јантра во понеделник и главниот тест со Берое, кој се игра в среда.

И. Д. И.
Спартак Пл. - Пелистер 1:2 (1:2)

Стрелци: Ѓоргиев 15' - Клечкаровски 17', Александров 19'

Пелистер: Пашовски, Елмазовски, Димов, Степановски, Штерјовски, Пресилски, Блажевски, Клечкаровски, Рутевски, Жуниор, Александров. Играа уште: Ников, Јованов, Вељановски, Мицевски, М. Петковски, Ивановски, Тодоровски, Деловски, Стојановски, Момировски
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
I jas ama mozea gleas uste dve pracina da mu dat i penal ljufnale
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
Да да ама само со еден прволигаш ке играт:uvo:
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
тука негде:)
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
Mомиро се повредил :uvo:ИВРШУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО БУГАРИЈА Момировски се жали на повреда
Последни пет дена од подготовките на Пелистер во бугарската база Тетевен. Се ближи крајот но се зголемува "бесот" кај фудбалерите кои со нерпение посакуваат да се вратат во Битола. Се јавуваат и првите проблеми за избраниците на тренерот Неџат Хусеин кои во силно темпо се подготвуваат за новата сезона. Во Тетевен не тренира Игор Момировски.

Тој се жали на болки во пределот ан тетивата на левата нога. Добива одмор од стручниот штаб исто како и новиот напаѓач Александров. Фудбалерот кој летово пристигна од Лиртекс има проблеми со мускулот. Проблеми но поради стомачен вирус и за Дејан Блажевски. И тој не тренира а ова трио кое последниве два дена се повеќе се дружи со лекарите најваројатно нема да настапи на денешниот ретпоследен тест на "зелените" во Тетевен. Противникот е второлигашот Јантра а во среда е последниот тест пред враќањето дома.

Пелистерци се задоволни од досегашниот тек на подготовките кои се во завршна фаза а средбата со Берое во среда ќе биде главен тест за досега сработеното во таборот на битолчани.

Сеуште не е јасно дали Пелистер летово ќе се засили и со Горан Ставревски чиј конечен одговор ќе се знае за десетина дена.

И. Д. И.
http://sport.com.mk/?ItemID=5DECB33E0FEA3B47A88448F244C40B3F
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
Успешно гостување на битолчани во Бугарија

Во петте контролни средби пелистерци постигнаа две победи и три нерешени резултати
БИТОЛА - По двонеделни подготовки во бугарскиот спортски центар „Тетевен“ крај Софија, фудбалерите на Пелистер во петокот вечерта се вратија во Битола и по саботниот еднодневен одмор, вчера ги продолжија тренинзите на стадионот под Тумбе кафе. До почетокот на првенството кога во првото коло како домаќини го дочекуваат Силекс, пелистерци ќе тренираат во Битола и во текот на неделава планираат да одиграат уште два контролни меча (в среда во Охрид против Ренова, а в сабота во Битола е предвиден последниот тест против Охрид или Дрига).

Во текот на подготовките во Бугарија што мошне успешно ги организираше новиот спонзор, компанијата „Литекс“ која е сопственик на битолската шеќерана, битолчани одиграа пет пријателски средби со тамошни клубови, претежно второлигашки екипи. Во првите два натпревари, Пелистер ремизираше, најпрво против екипата на Монтана (1:1), а потоа и на мечот против Бели Орли (0:0). Во наредните две средби пелистерци остварија победи над Спартак од Плевен (2:1) и против Ботев (3:1). Успешниот резултатски биланс нашиот тим го заокружи во последниот контролен меч против бугарскиот прволигаш Берое играјќи нерешено 1:1. (Т. Г.)
http://www.utrinskivesnik.com.mk/?ItemID=F3B4CF3B595E2D4AA833468F47E24175
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Epa ubo. Ajde belki kje go spremat timot za dogodina da izlezat vo evropa.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
ТЕШКО ОДИ АДАПТАЦИЈАТА НА ПЕЛИСТЕР ПО ВРАЌАЊЕТО ОД БУГАРИЈА
Жештината ги "мачи" битолчани
*Температурата во Битола е над 40 степени по што се отежнати условите за тренинг
Веднаш откако поминаа 15 дена во Бугарија на подготовките во Тетевен, "пелистерци" се соочија со голем проблем по доаѓањето во Битола. "Зелените" наидоа на екстремно високи температури односно пеколни горештини, па од тука тешко оди адаптацијата на Пелистер во нашата земја. Во градот на Конзулите е преку 40 степени, па невозможно е да се тренира, а решени за овој проблеми нема никој.

"Навистина имавме одлични подготовки во Бугарија каде температурите беа нормални за тренинг. Сега се наоѓаме во пекол во кој е невозможно да се издржи темпото на подготовките", вели Благојче Рутески и додава:
"Тренираме два пати на ден, рано наутро и доцна попладне но и тогаш е многу жешко. Меѓутоа немаме друг избор. Мора да се работи. До почетокот на сезоната има уште две недели и мора добро да се подготвиме. Сите се молиме да се намалат температурите и да залади, а со тоа да имаме и нормални услови", завршува левоногиот фудбалер на Пелистер.

Не само Пелистер, туку и останатите екипи имаат проблеми со температурата. Во вакви услови е невозможно да се тренира. Меѓутоа фудбалерите барем засега некако се справуваат со 40-тината степени и се подготвуваат за почетокот на сезоната за две недели.

С. Ристевски
Потребни се уште три "теста"

Тренерот на Пелистер, Неџат Хусеин посакува неговата екипа до почетокот на првенството да одигра 3-4 контролни средби.

"Мора да одиграме уште неколку пријателски за да имаме што појасна слика околу првите 11 за првиот натпревар од сезоната против Силекс. Но тоа зависи од времето кое се надевам дека ќе не послужи и ќе имаме барем уште 3 тест средби до стартот на шампионатот", рече Хусеин.
http://sport.com.mk/?ItemID=9CD3DD887D94C941BECD2544CB26348A
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
ГОРАН СТАВРЕВСКИ ЧЕКА ТРАНСФЕР ВО СТРАНСТВО
Пелистер не ми бега
*Одбиена понудата од Запрешиќ, погледите кон Унгарија и Грција
Со денови битолчани ја чекаат разврската околу Горан Ставревски и обидите на дефанзивецот за трансфер во странство. Поранешниот репрезентативец летово е слободен играч, го напушти турскиот Дијарбакир и сега е во потрага по нов клуб. Тренираше со Пелистер и многумина очекуваа негово враќање во матичниот клуб. Сепак, за Ставревски приоритет е да ја продолжи интернационалната кариера.

"Бев пред трансфер во хрватскиот тим Интер од Запрешиќ, но понудените услови не ми одговараа", открива Ставревски, кој добро ја знае хрватската лига затоа што мина 4 сезони во тимот на Загреб со кој стана и првак на таа земја.

"Има уште неколку варијанти. Сега чекам на одговор од моите менаџери кои имаат преговори со екипи од Грција и Унгарија. Преодниот рок с$ уште трае и има време. Не ми се брза. Ќе почекам, а ако не излезе ништо тогаш Пелистер не ми бега", објаснува Ставревски, фудбалерот кој со години беше наш стандарден репрезентативец, но во последниве две години не доби ниту еден повик за настап во дресот со државниот грб.

Ставревски веќе имал разговори со тимот од Пелистер и неговите другари Митко Стојковски и Тони Мицевски, кои се на директорските функции во тимот од "Тумбе кафе".

"Ние ќе ја почитуваме секоја одлука на Ставревски. Знаеме дека на секој фудбалер му е станство па вратите на нашиот клуб за него се секогаш отворени", коментира Тони Мицевски.

Ставревски им дал збор на "зелените" дека ќе го облече дресот на Пелистер доколку не најде нов ангажман во странство. Тоа значи дека до 31 август до кога трае преодниот рок дефанзивецот ќе бара ангажман надвор од нашите граници, а потоа ќе се разгледуваат следните варијанти.

И. Д. Ивановски
Тимот подготвен за гаснење пожар

Во Битола главен настан - пожарот кој беснее околу градот. Овој проблем на битолчани не го заобиколи и фудбалскиот клуб Пелистер.

"Екипата беше на готовс и се ставивме на располагање и ние како клуб да се вклучиме во акијата за гаснење на пожарот. Сепак, немаше потреба од наш ангажман затоа што се собраа многу луѓе од градот. Ако треба ние сме тука...", открива Тони Мицевски, директорот на битолските "зелени".
http://sport.com.mk/?ItemID=60EFC1C2B8D75947B1ED61E2BD374FA9
 

Kajgana Shop

На врв Bottom