Фан Клуб: Пелистер

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.277
Поени од реакции
5.129
Одлично !!!
Чаки е супер засилување, не само за во 2 лига и за 1 лига има голем капацитет, АЈДЕ АЈДЕ полека полека се прај екипата :vozbud:
 
Член од
18 февруари 2011
Мислења
53
Поени од реакции
23
Уште да се најди еден голем спонзор и уште две три засилувања и во прва лига шампиони ке бидиме
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.673
Поени од реакции
70.877
Уште да се најди еден голем спонзор и уште две три засилувања и во прва лига шампиони ке бидиме
:pos::pos:
Да ако засилувањата се Меси, Иниеста и Чави :icon_mrgr:

Мило ми е што одма ќе се вратите во прва лига, па дај боже идна година да се јадеме за титула :D
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
да се вратат во прва лига па да биде она вистинското дерби како во 90тите години
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.075
Поени од реакции
7.680
Чаки излезе во последен момент инаку планови за други играчи немаше но сепак ние имаме најголема корист од сето ова и добивме уште еден салам напаѓач !Искрено сега чаки не баш во форма и жално што потпиша во последен момент однсоно во Петокот дента кога тимот замина на припреми а тој поради тоа остана во Битола и на 7 -ми кога ќе се вратат до Истатов ќе се приклучи на тимот
Сепак гледајќи како се засилуваа сите 2 лигаши ние сме убедливо најдобар тим и со макеоднија Ѓп треба да влеземе 1 лига директно а за бараж ќе се борат дрита тиквеш еуромилк и скопје .Знаејќи како се игра 2 лига сепак ќе биде многу тешко да бидиме 1 во лигата и без навивачи во гости и без подршка од Чкембарите на сите по важни утакмици во гости не верувам дека ќе влезиме 1 лига , исто така управата мора да биде спремна да си купи некој утакмица оти во 2 лига не важат никави правила и иако имаме најдобар состав може лесно да извисиме во игрите на клубовите и ффм
Овие што се смејат сега за вгодиан дека можем да бидиме прваци не продолжат само така како и да е ние уште од сега иамме наши деца кој 90% ќе се вратат во клубот ако влезиме 1 лига , кој сега поради договри кој поради високи оштети не можеја да се варата во клубот ама до колку влезиме прва лига очекувајте да одиме во врвот на табелата
Најважно е годинава да влезиме 1 лига и со тоа клубот да се трансфоримра во А.Д. потоа се ќе биде по лесно и за играчи и за пари и за вложвање во стадионот и другата инфрастуктура
ps.дури сум тука да ви кажам дека утре играме со турново пријателска после на 03 фебруари со брегалница и на 6 феб со тетекс а на 7 се враќаат Битола !
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
кој е чаки? како се презива ме мрзи да барам?
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.075
Поени од реакции
7.680
Denes na prvata proverka na silite i prijatelskata utakmica so Horizont Turnovo koj igral vo mesan sostav pretezno so maldinci sme pobedile so 2-0 so golovite na Lavci !


ps. videata se debata za fk Pelister na tv orbis
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Blagojce Markovski...vo sileks so igrase napagac
така го викате на прекар... не знаев :D
тој играше до сега во 11 октомври, ама јас за нив не сум појден на фудбал, така да... а инаку мислам дека е дете на пелистер
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.075
Поени од реакции
7.680

Пелистерци веќе во Дојран
Мак Фудбал
Среда, 01 Февруари 2012 01:23​





По одработувањето на првиот дел од подготовките во Битола на сибирски температури, престојот во топлиот Дојран ќе биде вистинско задоволство за фудбалерите.
„Го одработивме првиот дел од подготовките во “пеколни“ услови, по студено време, но веднаш да кажам дека сум задоволен од тоа како се однесуваа фудбалерите и од тоа како ги извршуваа поставените задачи. Овој дел од подготовките е најзначаен за комплетните подготовки и мислам дека со добра база влегуваме во втората фаза. Ако времето беше подобро ќе имавме и подобри подготовки, но Битола е таква„ вели тренерот на Пелистер, Марјан Секуловски.
Во екипата на Пелистер покрај најавените засилувања Сашо Лазаревски, Игор Павловиќ и Љупчо Мицевски, се приклучија и Димче Ристевски и голманот Трајче Наков. Сите фудбалери кои се новодојдени во Пелистер, се практично повратници во клубот и имаат во разни периоди настапувано под Тумбе кафе. Од младинската екипа “прекомандован“ во првата екипа е уште и Христијан Атанасовски.
„Она што ни беше потребно го “набавивме“ и сега комплетни влегуваме во втората фаза од подготовките каде екипата ќе се воигрува. Во Дојран веќе имаме закажано три средби, а првата е на 31 јануари против екипата на Турново, а на 3 и 6 февруари, ќе одиграме уште две средби. Инаку, подготовките во Дојран ќе почнат на 27 јануари, а во Битола се враќаме на 7 февруари„ вели спортскиот директор Сашо Здравевски.

01 FEBRUARY 2012

Фудбалерите на Пелистер, од петокот, се наоѓаат во Дојран каде ја одработуваат втората фаза од подготовките за пролетниот дел од оваа фудбалска сезона. За подготовките во Дојран, директорот на Пелистер Сашо Здравевски, во телефонскиот разговор, рече:

-Тука имаме одлични услови за подготовки во спортскиот комплекс “Истатов“ каде што се наоѓаат сите потребни терени и сали неопходни за извршување на предвидените подготовки. На овие подготовки се наоѓаат 25 фудбалери, Стручниот штаб и оние кои мораат да бидат тука за фудбалерите да ги имаат потребните услови за работа.

Дваесет и петте фудбалери работат под водство на тренерот Марјан Секуловски, кој за тоа како се одвиваат подготовките вели:

-Мора како прво да ги споменам условите што ни ги обезбеди Управата на клубот. Условите се одлични, на располагање ги имаме терените на “Истатов“, теретаните и другите содржини, и мислам дека по подолго време конечно и ние имаме услови да одработиме комплетни подготовки, во временски услови далеку потопли од оние во Битола. Што се однесува, пак, до подготовките се работи по два или трипати на ден, согласно планот за работа во оваа фаза на подготовките. Сите фудбалери работат максимално во одлична атмосфера и се вистински професионалци. Сите кои се тука, староседелците, новајлиите и оние кои ги прекомандовавме од младинскиот погон се вклопуваат како еден тим, а тоа можеше да се види и на првиот натпревар кој го имаа фудбалерите меѓусебе. Се покажа дека досега одлично работиме и ќе создадеме еден нов тим кој ќе се избори за пласман во Првата фудбалска лига.Со фудбалерите е и клупскиот лекар Зоран Лазаров кој вели дека фудбалерите одлично се чувствуваат, дека имаат одлична “крвна слика“ и дека со максимална енергија ќе влезат во пролетниот дел.
Фудбалерите на Пелистер вчера го одиграа и првиот контролен натпревар со екипата на Турново, а наредните натпревари се закажани за 3 и 6 февруари, против екипите на Брегалница и Тетекс. Доколку има екипи кои имаат слободни термини за натпревари ќе се одиграат и други средби.
Има измена наместо со тетекс на 6 ќе играме со работнички !
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Оладете малце...
Како шо гледам чоекот на кој му карате е од Битола..;)
Зошто ја клал фотографијата не знам....(сам си знај)..
И ај модераторот ако е љубезен нека ги избриши последните постови околу сликата....
Околу сликата....Хаха....
Оваа слика е од тн УЛТРАС ФОРУМ од пред некој година........
Не вреди да се коментира....детски е....:drk:
 
Член од
18 февруари 2011
Мислења
53
Поени од реакции
23
Пелистерци напорно работат во Дојран
Фудбалерите и стручниот штаб на Пелистер во полна пареа ја брусат формата за претстојните предизвици во трката кон првата лига. Тимот на Пелистер веќе неколку дена се наоѓа во Дојран, во спортскиот центар Истатов. Таму отпатуваа 25 фудбалери, вклучувајќи ги и засилувањата Љупчо Мицевски, Игор Павловиќ, Димче Ристевски, Сашо Лазаревски и Трајче Ников. Единствено не отпатува Благојче Марковски кој подоцна му се приклучи на тимот, а пристигна од 11 Октомври и ќе ги брани боите на матичниот клуб во втората полу-сезона. Пелистерци во Дојран ќе останат до 7-ми февруари а планирани се и неколку пријателски натпревари. Еден веќе беше одигран, совладана беше екипата на Хоризонт Турново со 2:0, а стрелец на двата гола беше Игор Талевски. За потсетување, првата полу-сезона Пелистер ја заврши на 4-тото место, меѓутоа разликата меѓу првите 4 екипи е само 1 бод. Првиот пролетен натпревар Пелистер го игра на гостински терен против екипата на Кораб а натпреварот е закажан за 03.03. alt
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.277
Поени од реакции
5.129
Изиграна е и втората пријателска во Дојран...
Пелистер - Брегалница 0:0
Во Понеделник го играме последниот меч во Дојран со Тетекс, потоа фудбалерите се враќаат во Битола и продолжуваат со тренинзи и контролни средби под Тумбе Кафе
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.075
Поени од реакции
7.680
Изиграна е и втората пријателска во Дојран...
Пелистер - Брегалница 0:0
Во Понеделник го играме последниот меч во Дојран со Тетекс, потоа фудбалерите се враќаат во Битола и продолжуваат со тренинзи и контролни средби под Тумбе Кафе
Не играме со тетекс туку со работнички !

Инаку еве го целиот состав за пролетниот дел http://www.fkpelister.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=60&Itemid=49
 
Член од
18 февруари 2011
Мислења
53
Поени од реакции
23
Изедначено и борбено реми на Брегалница и Пелистер

Мак Фудбал
Сабота, 04 Февруари 2012 21:38



Брегалница - Пелистер 0.0
Стадион на Дојранско езеро - Дојран
Главен судија: Стефан Пилешков (Штип)
Жолти картони: Драгарски (Пелистер)

Брегалница:
Алчинов, Абрелио Нено, Велковски, А.Ивановиќ, Стојанов, Донев, Вучетиќ, Здравков, Мандак, Андонов, Исени
Уште играа: Блажевски, Иванов, Јанев, Митров, Даневски, Алексов

Пелистер:
Ников, Китановски, Т. Магловски, Драгарски, К. Ристевски, М. Ивановиќ, С. Магловски, Анастасов, Талевски, Миленковски, Павловиќ
Уште играа: Дар. Ристевски, Гоновски, Атанасовски, Шалевски, Мустафов, Велевски, Алтипармаковски, Питошка, Марковски, Станковски, Мицевски, Котевски
Во одличен натпревар по натопениот, но сепак добро подготвен терен во Дојран, прволигашот Брегалница и второлигашот Пелистер одиграа одличен меч во висок ритам и недостигаа само голови. Брегалница нешто понадмоќна во првото, Пелистер во второто полувреме и во надигрување со по две зрели шанси на двете страни, на крајот ремито е реален исход. Брегалница нешто повеќе ја имаше топката во своите нозе, но до шанси доаѓаше од прекин. Во 29 минута Исени биеше со глава, но Трајче Ников во два наврати успеа да одбрани. Од прекин се закани и Андонов во 41 минута. Претходно штипјани се спасија во 38 минута, кога Томе Китановски направи „слалом„ во одбраната на противникот, но биеше во надворешниот дел од мрежата.
Во вториот дел двете екипи се појавија со видоизменети состави, но изненадувачки темпото на игра и натаму беше високо. Сега многу младата екипа на Пелистер доминираше и имаше свои шанси. Марковски и Алтипармаковски од волеј први се заканија. Потоа Станковски за малку задоцни да центрира од поволна позиција. „Зелените„ рекламираа најстрога казна по играта со рака на Стојанов по центаршутот на Талевски, но штипскиот судија Пилешков не се огласи. Штипјани во 74 минута имаа колосална шанса, но Душко Андонов од само неколку метри го префрли празниот гол. Коректен и борбен меч, во кој двата тренери го употребија целиот ростер. Кај Брегалница заради повреда не влезе во игра Илиев, а кај Пелистер Лазаревски и Димче Ристевски не играа заради полесни повреди, а Драган Димитровски заради болест. Пелистер денес со Работнички го игра последниот трет тест, пред утре да се врати назад во Битола.
Атанасовски дебитира со 16 години
Во ростерот од 25 фудбалери кои ги поведе на подготовки, тренерот на Пелистер, Марјан Секуловски има голем број млади фудбалери. Сите добија шанса во 90 минути против Брегалница, а в очи падна дебито на 16 годишниот Кристијан Атанасовски, кој со само 16 години одигра одлично како централен дефанзивец, иако негово природно место е во средниот ред. Тој заедно со уште неколку момчиња од младинската академија на клубот добија стипендија и прекомандовани се во сениорската екипа. За Пелистер дебитираше и најновото засилување Благојче Марковски, кој во својот матичен клуб се враќа од 11 Октомври. Солиден настап имаше и напаѓачот Игор Павловиќ, кој исто така настапи едно полувреме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom