Пелистерци напорно работат во Дојран
Фудбалерите и стручниот штаб на Пелистер во полна пареа ја брусат формата за претстојните предизвици во трката кон првата лига. Тимот на Пелистер веќе неколку дена се наоѓа во Дојран, во спортскиот центар Истатов. Таму отпатуваа 25 фудбалери, вклучувајќи ги и засилувањата Љупчо Мицевски, Игор Павловиќ, Димче Ристевски, Сашо Лазаревски и Трајче Ников. Единствено не отпатува Благојче Марковски кој подоцна му се приклучи на тимот, а пристигна од 11 Октомври и ќе ги брани боите на матичниот клуб во втората полу-сезона. Пелистерци во Дојран ќе останат до 7-ми февруари а планирани се и неколку пријателски натпревари. Еден веќе беше одигран, совладана беше екипата на Хоризонт Турново со 2:0, а стрелец на двата гола беше Игор Талевски. За потсетување, првата полу-сезона Пелистер ја заврши на 4-тото место, меѓутоа разликата меѓу првите 4 екипи е само 1 бод. Првиот пролетен натпревар Пелистер го игра на гостински терен против екипата на Кораб а натпреварот е закажан за 03.03. alt