Пак иста приказна,пак без врска примен гол....
Одбраната на Пелистер-ДУПКА,КАТАСТРОФА,МИЗЕРИЈА неам шо да кажам за нив,од најдобар дел на тимот минатата сезона,оваа сезона е НАЈСЛАБ...
Првиот дел,Вардар објективно беше подобар(барем од кога влеговме ние на трибина(некаде 25-30 мин),имаа неколку чисти шанси,еднаш играч на Вардар дојде сам пред гол со голманот на неколку метри-и го промаши целиот гол....
Премногу простор им се остави на играчите на Вардар,се виде колку е НЕКООРДИНИРАНИ нашата одбрана...среќа шо голманот Петровски е во добра форма,можевме да губиме уште по првиот дел....
Второто полувреме се почуствува голем пад во играта на Вардар-се виде дека не се спремни кондиционо-и ова мораше да се искористи-ама изгледа и ние не сме на потребното ниво за да искорстиме ваков подарок..
Имавме повеќе од играта во вториот дел,но за жал без идеја во нападите,се имаше во неколку ситуација чисти позиции од контра,со играч плус во поле,но почетнички се реагираше...
Клучен потег,стативата на Брдаровски,веднаш за неколку минути,контра на Вардар по голема грешка во додавањето на нашата одбрана,се изби топката во корнер(без потреба,можеше и во аут)и како да знаев шо не чека...
Се нафрли топката,играчот на Вардар беше оставен САМ,БУКВАЛНО сам на неколку метри од голот,покрај неколку наши дефанзивци-и ја закова топката во голот-навистина убав гол....
Имавме шанса веднаш да се вратиме,не беше ДОСУДЕН ЧИСТ пенал за Пелистер,играч на Вардар со РАКА спречи израмнување,тоа многу јасно се виде од нашиот дел на трибината.....и судијата наместо пенал,додели жолт картон на нашите играч...
Имаше уште една спорна ситуација кога Илиев беше соборен во шеснаесетникот,пак ништо не виде онај Шулевски се да му ебам...да ти ебам и судии и се....
Шо се случуваше на крај не видовме,зошто на 10 ина минути пред крај бевме избркани од џандарите и го напуштивме стадионот...
Пак иста приказна како ланската сезона...
Пелистер има голем проблем со тимот-се чувствува големата НЕУИГРАНОСТ,а богами и НЕПОДГОТВЕНОСТ,со ваква игра тешко дека ќе земиме некој бод од гостувањата....
За навивањето-три автобуси од Битола,некаде околу 140 луѓе(доста спремна екипа,шо ме радуваповеќе редовни Чкембари не дојдоа синиќа,кој по свадби,кој на работа,ама сепак солидна бројка..) тргнаа за Скопје,се приклучија и 7,8 Лозари(фала за ракијата):smir:..
На самиот влез на стадионот,кога бевме влезени неколку души фрчеа бакли,неколку Комити си се прошетаа кон делот на обичната публика(голем пропуст на џандарите,)и почнаа да фрлаат со бакли,една бакла ми помина веднаш до главата:smir:
Веднаш беа вратени назад...среќа само шо не настрада некој невин човек,или некое дете...:nesvest:
Комити ум за друг пат,и мислете малку на последиците...
...
Или и ова спаѓа во тн ИНЦИДЕНТИ кои ги правите???:kesa:..
За Комити не ме интересира нивното навивање,па не коментирам воопшто...
За нас ќе кажам,одлично прво полувреме,се тераше една песна по 5 минути,успешно крената кореографија...
Второто полувреме паднавме на крајот-посебно по примениот гол,тогаш почна и тргачењто со џандарите кои почнаа да не бркаат да го напуштиме стадионот....
Не отепа и пеколното време,3 саати во автобус,одма на утакмица,со малку вода,не не оставија џандарите ниедно шише да наполниме...и одма назад....навистина напорно гостување,и многумина не идат само заради тоа МАЛТРЕТИРАЊЕ ПО ПАТ...
Немаше пиротехника,научна фантастика е покрај толкаво полициско обезбедување да внесиш бакла,димна...
Па затоа не беше ни набавена,,,,поучени од искуството пред 2 години,кога редарите(многу и бивши Комити)ни зедоа 20 бакли-одкако бевме ДЕТАЛНО претресени ,и ИСПИТАНИ дали поседуваме машки полови органи:pos2:..
Само не знам,се чудам како Комити редовно увезуваат пиротехника во Битола,сигурно не ги голтаат баклите,или нашата полиција не си ја врши работата,или поседуваат некои магионичарски способности...:helou
повеќе е она првото):smir:
Помина дербито,задоволен сум ,повеќе од навивањето,од играта е толку,се надевам на подобри времиња за Пелистер