ГОЛЕМА БОРБА ВО ПЕЛАГОНИСКОТО ДЕРБИ СО ТРИУМФ НА ШАМПИОНОТ
Ѓоровиќ го собори Пелистер
*Напаѓачот на прилепчани со два гола е јунак на дербито, до него е Гешоски, кој двапати му асистираше. Пелистер во поголем дел рамноправен, можеше да стигне и до бод
Ѓоровиќ-Пелистер 2:1. Напаѓачот на Победа е јунакот на 52. пелагониско дерби во Прилеп во кое домашните славеа над битолчани освојувајќи три нови значајни големи бода. Со два убави погодоци српскиот интернационалец практично го собори и го "легна" на плеќи соседскиот ривал и му донесе на својот тим триумф за враќање на загубената самодоверба во последното есенско коло во овој шампионат и за враќање на шансите за излез во Европа. Марко Ѓоровиќ најдобро се снајде на покриениот со снег терен во Прилеп. Од четири шанси искористи две, и тоа кога беше најпотребно. Во 30. минута по додавањето на Гешоски, на велемајсториски начин го совлада Пашовски лобувајќи го од 20 метри во стилот на Аргентинецот Марадона. При резултат 1:1, кога на Победа не & одеше а Пелистер даваше најсилен отпор, а и крајот беше с$ поблиску, во 71. минута повторно Ѓоровиќ беше на вистинското место. Втрча во празно на центаршутот на Гешоски и Пашовски беше немоќен, а Пелистер поразен. Ѓоровиќ вторпат меѓу стрелците, Гешоски вторпат асистент.
Гостите не разочараа, напротив. Одиграа сосема солидно. Но се чини одлучи и желбата за победа на прилепчаните. Битолските фудбалери очигледно одеа на реми, во поголемиот дел од дербито не беа многу заинтересирани да нападнат. Поагресивни беа кога имаа негатива. Им успеа да израмнат, да се вратат во игра преку голот на младиот Главевски. Меѓутоа, по 2:1, иако имаше доволно време, не се заканија посериозно кон домашниот гол. И во тој период Победа беше таа која прокоцка неколку шанси за трет погодок. Ѓоровиќ имаше можност и за хет-трик, пак се обиде со лоб-удар како при првата и втората шанса, но топката отиде далеку над пречката. Сепак, и со двата погодоци стави печат на дербито. Малубројната публика не ги штедеше аплаузите кога тој го напушташе мечот пред самиот крај. С$ на с$, одлична партија на Ѓоровиќ, допадлива игра на двата лути ривала. Речиси без грубости и намерни прекршоци и што е најважно без спорни моменти. Три бода заслужено одат на контото на Победа, која сега на табелата се израмни со Пелистер, што е гаранција дека напролет ќе има возбудувања околу мртвата трка за горните места на табелата.
З. И.
ПОБЕДА - ПЕЛИСТЕР 2:1 (1:1)
Стадион "Гоце Делчев" во Прилеп.
Гледачи: 500.
Главен судија: Владимир Кипријановски.
Помошници: Марјан Кировски и Игор Ширилов (сите од Скопје).
Делегат: Ангел Ташев (Неготино).
Стрелци: Ѓоровиќ 30', 71' (ПОБ), Главевски 36' (ПЕЛ).
Ж. Картони: Тофилоски, Мегленски, Нацев(ПОБ).
Играч на натпреварот: Марко Ѓоровиќ.
ПОБЕДА
Тофилоски 2,5
Јовановиќ 2,5
(63' Ацески 2,5)
Капинковски 3
Дамевски 2,5
Обрадовиќ 2,5
Мегленски 3
Жилсон 2,5
Нацев 2,5
Маневски 3
(77' Мирчески /)
Ѓоровиќ 3,5
(89' Настоски /)
Гешоски 3
ПЕЛИСТЕР
2 Пашовски
2 Мицевски
2 Димов
2 Ставревски
2,5 Елмазовски
2 Рутевски
(/ Симоновски 77')
3 Тодоровски
2,5 Петковски
2,5 Блажевски
(/ Трифуновски 81')
2 Момировски
2,5 Главевски
Минута по минута...
6' - Маневски додава до Ѓоровиќ, овој лобува, но топката удира во пречката од голот на Пелистер.
23'- Гешоски краде топка, центрира до Нацев, кој со глава упати удар право во рацете на Пашовски.
25' - Тодоровски во празно го проигрува Блажевски, следи остар шут, но Тофилоски спасува погодок, со две интервенции ја смирува топката.
28' - "Кикс" на домашната одбрана, топката прелетува до Главевски, но следи негов силен и непрецизен удар крај дирекот.
1:0 - 30' - Гешоски правовремено додава до Ѓоровиќ, кој од дваесетина метри мајсторски лобува и топката паѓа зад грбот на истрчаниот Пашовски.
1:1 - 36' - Тодоровски со нова асистенција до Главевски, кој избегна офсајд-стапица и кога се најде пред голманот Тофилоски успеа да го мине, а потоа да пласира во празниот гол.
45+2' - Маневски свртува до Гешоски, овој е пред петерецот, но неговиот удар го блокира голманот Пашовски.
68' - Маневски се обидува атрактивно, со ножички преку себе шутира кон десниот агол, но Пашовски е внимателен и брани.
2:1- 71' - Гешоски се затвори по десната страна, опкружен со двајца противнички игра, но, за чудо, успева да центрира. Топката го префрлува голманот Пашовски, а пред гол-линијата натрчува Ѓоровиќ, следи удар со глава и голманот на Пелистер е немоќен.
75' - Ѓоровиќ добива топка на 18 метри, се одлучува на лоб-удар бидејќи Пашовски е малку подизлезен, но топката оди над пречката.
90+3' - Елмазовски силно шутира од далечина во последен обид за израмнување, но топката лета над пречката од домашниот гол.
Јовановиќ на носилки
Десниот бек на Победа, Миодраг Јовановиќ предвреме го заврши дербито. Тој се повреди при еден жесток дуел со Ставревски во 61. минута. Екс-репрезентативецот на Македонија немаше никакви последици, но првотимецот на Победа не можеше да продолжи, веројатно доби сериозна повреда. Тој беше изнесен на носилки и заменет со младиот Ацески.
"Чкембарите" побројни од "Мајмуните"
Фудбалерите на Пелистер на вчерашното дерби имаа поддршка од околу стотина навивачи, членови на навивачката група "чкембари". Малку необично, но тие беа побројни од колегите на спротивната страна, домашните навивачи "мајмуни". Сепак, гостинските фанови рано си заминаа од стадионот, на половина час пред крајот на средбата, така што на трибините останаа само "мајмуните" и околу 300 други домашни гледачи.
ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ:
НЕЏАТ ХУСЕИН
"Одлично дерби на тешкиот терен за игра. Во првото полувреме имавме и резултат и контрола врз играта. Дури создадовме и шанси за водство. Сликата се измени во продолжението, кога настапивме позатворено. Сметам дека сме поразени од свои грешки. Особено скапо н$ чинат 'киксовите' во одбраната"- изјави тренерот на Пелистер, Неџат Хусеин.
Sliki i klipoj
http://img86.imageshack.us/my.php?image=dsc00974uw6.jpg
http://img514.imageshack.us/img514/4829/pobpel1rv0.jpg
http://img98.imageshack.us/img98/314/pobpel2pr4.jpg
http://img86.imageshack.us/img86/1629/dsc00975po6.jpg