Јоој братеее… овие имаат ново “соопштение” и секое е од лошо полошо
Пишале:
,,Не бегаме од одговорност и на крајот на сезоната мирно ќе го анализираме сработеното и ќе ја погледнете перспективата која ни ја носи иднината. Бараме поддршка од навивачите до играчите и екипата. Работата на управата е јавна и секако дека може да биде предмет на критики. Максимално стоиме зад тимот и стручниот штаб и убедени сме дека ќе ја оствариме целта. Затоа прозивките нека бидат кон нас, а не кон фудбалерите, на кои им треба мир. Уште еднаш апелираме на обединетост, бидејќи таа ни е максимално потребна во овој момент кога се бориме да ги оствариме зацртаните цели”.
1) Не бегате од одговорност? А скопскио ви директор три години и поќе жалби купој од цел град дека не чини и сите засилувања освен битолчани ви ги промаши и сите знат дека “МИРОТ” шо го барате за играчите кој им го нарушва кај вас шо они се толку гневни и имало проблеми секој ден а сите знајме поради кој човек таму шо си играл ку*о со нив оти така му било дозволено да си мисли дека клубо е негов.
2) Прозивките да бидат кон вас а не кон играчите?? Па кој рече дека не се кон вас на прво место? Секој ден се кон вас и беа кон вас и денес и секогаш ама вас изгледа толку ви е гајле па мислите дека не биле кон вас досега бидејки за сите тие промашени незналици вие сте виновни а не играчите оти вие си ги носите а не штрко.
3) Баш дека работата на управата е јавна требаше и МОРАШЕ промена на скопскио директор дури и на координатори уште пред година ипол. Сега возо ви помина веќе. Одете си колективно и кршете гла нема да ве спомниме наредните 30 години ветвам.
4) Максимално стојте зад тимот и убедени сте дека целта ќе ја остварите? Целта ќе ја остварите сите знајме партијата е зад вас а не дека вие нешто сами по себе ќе напрајте за клубо оти не сте способни. Шо е до вас сите ве неќат и со сите сте непријатели и за то тапкате во место а еден Тиквеш куп освој и излезе Европа а екипи како детонит и Воска и Беса си играја мајтап со вас.
А то дека стојте зад играчите точно е ама стојте зад вашите “странци” и тие шо вие си ги фаворизирате а не зад тие шо изгинаја за овој клуб последните 15 и 20 години. Драгаро, Китано, Пепе, Фиката, Иљо, Љамче, Борче Маневски шо на најпедерски начин го пуштивте в пензија и уште колку други наши деца шо ги тргнавте дека вас не ви чинеја и за да ви играат вакви “странски незналици”.
5) Поддршка барате од навивачите за да ве гледаме секоја утакмица како играте со НУЛА игра и со НУЛА играчи форсирани а тие шо можи да напрат нешто на клупа како дремат да ги глејме? Вие салам сте??? Заебанција некоја е ова???? Шо да ви глејме бе шут на гол немате а земвате демек Русин Јапонец Бразилец Србин а ве спасват Јовче од Оризари, Оцко од Прилеп, Ристевски од Егри, Љамче и Мирко од кизнај кои села од битолско
6) Барате обединетост и поддршка а то само за играчите можи оти вие клапата другари таму не ја заслужвате веќе.
Досега најлоша управа а то со долгојте шо сте ги исчистиле и да не бевте вие други ќе ги средеја само вие се погодивте партиски и сега го зборвате то како од ваш џеп да сте ги исчистиле тие долгој оти немате со шо друго да се пофалите дури срамно е да се фалите со то а сите знајме дека општината со било која друга управа ќе ги средеше тие долгој. Ај доста веќе манипулирате не ви поминва веќе. Ве знајме и ве научивме какви сте. Секој по дома.