Иначе денес исто како со Тиквеш, чист очобол, па уште ојдов да ги гледам да мрзнам на стадион, до душа не ојдов специјално за нив да ги гледам ама се погодив Скопје и ај реков ќе ги гледам, до 80та, 3-0 и толку...
Незнам стварно од кај почнам, Горан скоро кажа се, излегва дека НИШТО не сме сработиле во зимските подготовки, никаква игра, идеа према напред, креативност е веќе условна именка, пас позади линии, движење меѓу линии, ДУПКА. Одбраната остаена да спасва дури можи, па така ако не беа Егри и Кице денес ќе јадевме 6-7... Само лупнати бе луѓе, тој бразилецот кутриот како големи да му се противниците не постој на терен, Керим изгубен во просторот и времето, се си мисли дека Јамал е, себичен, шутка... гледам дека нервоза прај и кај другите играчи... Јапонецот денес можи наш најдобар играч... Бошковски второто од кога влезе беше добар, другите КАТАСТРОФА... Тој Тодороски средина не мрда, пас точен тешко да погоди под притисок, односно во противничка половина... Не донесовме ниту еден среден креативен играч, мирен на топка, со добра пас игра, прегледност... Ние средина имаме само трчачи како муви без глај... Немаме играч шо ќе ја врзи одбраната со нападот, ќе напрај пренос, ќе дај длабинска топка, ќе извади некој пред гол... Па на 5 пати појак Шкупи со Дембо Дарбо и таа година шампиони, 2021 со 3 рала мадиња му излеговме и на крај 90+ гол примивме за 1-0... Овие денес, Шкупи со забрана за трансфери, неколку заминувања... абе на гол не му шуткаме... Иначе, способната управа го имаше на готовс стрелецот на третиот гол за Шкупи, Ајетовиќ Нуман, редовен репрезентативец на Македонија, У21 сега (ако не се лажам), во Новаци лани изигра СУПЕР сезона во втора лига, 17 години (update 19) е и наместо да го приберат овде кај нас и да имаме долгорочно решение, Шкупи ни го зема... Уствари шо да прам муабет за спортскиот, кога на пријателската со Новаци прашал оти Х играч не играл за Новаци кај бил, а истиот тој во Септември од Новаци се врати во школата на Пелистер и 6 месеци игра за младинци... Со Воска МОРА да се победи, сеедно КАКО ! Таа утакмица можи спас да ни значи (иако мислам дека партиски ќе не спасат ако зачкрипи), со тие 3 бода против директниот конкурент, 95% опстанокот е обезбеден... ама ај да видиме