Ве читам од вчера и иако сите имате различно мислење се согсласвам со сите вас.
Факт е дека во Мики лежи огромен потенцијал и талент за фудбал, то не го знат само тие шо не го пратат Пелистер и шо не го знат ич на Мики. Е сега госпо кога му давал потенцијал и талент за фудбал заборајл да му дај барем малце фудбалска интелигенција во та глата оти реално Мики можеше уште од пред две години да е во уште подобра средина од Хрватска и во уште по солиден и среден клуб, ама то е то. Му фали во глата.
Друго.. како шо е факт дека има страшен потенцијал така е факт и дека јас да сум ни во Детонит не ги земам после оваа одиграна полусезона. Значи беше очај. Со среќа нека му е во секој случај, јас не се осеќам како да изгубивме играч бидејќи немавме тотално никаква корист од него цела сезона.
Е сега.. дека можеа да го продат многу поубо то да. Ама кој да го продај? Спортскио??? Па спортскио без пари мене да ми нуди нешто нема да земам. Овој ако е “спортски” јас сум Ајнштајн, и зато има последните три години 30 промашени засилувања на сметка на општината (т.е на сите наша на народот). Друг да беше на негово место досега ќе леташе уште пред две години и немаше да го намириса клубо и ФК Пелистер до крајот на животот. Ама јбг, за некој мајка животот за некој маќеа.
Нека му биди спортскио пред се благодарен на нашите деца шо му се вратија и му го спасват газо а им праел проблеми нон стоп а после то и останатите од клапата да им се благодарни за цел живот на нашите деца. Вечно да им се благодарни на Мирко, Љамче и Егри пред се оти на тие години најдобри им беа и 90% придонес за сите голој и бодој се нивни. А после то и на Кице, Фиката, младите Андреј голмано, Кико, Стефан Ивановски и Мики лани шо ја прегази лигата за воља на вистината и дури го искрши рамото на утакмицата со Башкими кога официјално влеговме во ПРВА.
Ако не беа нашите деца од Битола немаше ни овие бодој да ги имаме оти видовме на спортскио засилувањата колку можеја.. нула шутој на седум утакмици по ред, а вкупно после сите 18 утакмици уште поголем очај. Ама шо прајме со тие шо беа од страна? Шо прајме со Бојан, Филип, Виктор, Боби, Катаниќ, Лукас, Фернандо, Дамјан, Вилдан? Повекето од овие се изнаиграја.
Луге па то се еден куп промашени играчи со нула статистика. Одговорност некоја??? Сами дојдоја??? Знат дека цел град разбираме фудбал и го пратиме клубо секоја утакмица и чекор??? Знат дека знајме оти парите ги трошат за промашени играчи и дека тие шо ги зедовте од свирипи*ино а ги пуштате сега еден куп пари ве коштат т.е наши пари општински??? Па јас сфаќам да промашиш во втора лига, ама во прва лига да промашиш 10 играчи на старт на сезона а то се еден куп пари и да немаш одговорност???? Или тренерот беше крив?? Па неможи тренерот да е само крив за то. Пред Влатко беше Бабунски, пред Бабунски беше Мане. Како бе три години и со најефтиниот и со најскапиот тренер немаме салам погодено играчи освен нашите од Битола?! Е зато имаме спортски директор кој по овие еден куп промашувања се гледа колку знај и колку знаел да сработи збораме не за три месеца туку за ТРИ ГОДИНИ. Ех бре пелистере мој.. кога дојде време скопскио три години да носи играчи и сите скоро да ги промаши и да седи уште овде на толку милион грешки јасна е работата. Само ќе тониме поќе и поќе.
Со вакви луѓе не во Вардар, јас да сум во Мадагаскар ќе избегам да играм без разлика дали сум во најдобрата или најлошата форма. Не ќе трпам неспособњаци околу мене шо лечат комплекси над сите а партиски наместени од прв до последен.
PS: Не е проблем сега да ги пуштат сите и сега да донесат квалитет. Секогаш е то добродојдено. Туку никаде во светот не те трпат и само месец дена ако не работиш како што треба и те бркаат, а не да те остават три години и да те плаќаат сите три години како еден од главните органи во клубо а после толку време тек да погодиш или донесеш нешто како шо чини. И роналдо сега да го донесат џабе кога имаа цело три години и се покажаа скроз катастрофално. Зијанџии.
Штета шо сите се понадевавме барем на момент дека овие ќе бидат конечно светлата точка на клубо оти вервам дека не само на мене ми беа идоли како мало дете ама на крај Блашко и Коруно за нив измислени излезе дека се.