Фудбалерите на Пелистер и Вардар утре под Тумбекафе ќе го одиграа дерби натпреварот, со кој започнува третата фаза од македонското фудбалско првенство.
Се очекува рекордна посета под Тумбекафе.
Фудбалерите на Пелистер денес имаа, како самите рекоа, рекреативен тренинг.
-Имавме многу работни денови, а денес малку се одморивме од таквото напорно темпо, со цел утре да бидеме наполно одморени за дербито под Тумбекафе. Имаме добар потенцијал кој ветува дека овој пат за разлика од минатата недела ќе се радуваме. Ако пред седум дена Вардар имаше мала предност како домаќин сега во таква позиција сме ние, вели Љамчевски.
За тоа со каков состав ќе се појави на теренот тренерот на Пелистер, Науме Љамчевски вели:
-Во двете кола кои ги одигравме против Победа и Вардар имавме два различни тима, а мислам дека се она што и очекував да видам од фудбалерите, горе-долу беше и така. За утрешното дерби тимот кој ќе се обиде да го победи Вардар ќе биде најверојатно комбинација од тие дваесетина фудбалери. Како и секогаш утре прво ќе имаме работен состанок, на кој ќе ги соопштам осумнаесетмината кои ќе бидат во тимот, а стартните единаесет ќе ги одредам утре пред стартот на дербито, и додава:
-Имаме проблем со неколку фудбалери кои се жалат на повреда. Најмногу ми е жал за Николче Петковски за кој добив известување дека поради повредата на главата ќе паузира најмалку еден месец. Николче имаше повреда есеноска на рамото и затоа оаузираше, а сега кога влезе во форма и почна да работи како треба, повторно е повреден и пак ќе мора да паузира. Но, не е само тој проблем, тука се Брадољиќ и Ганчев кој се жалат на повреди, а со нив ќе разговараме денес и самите ќе кажат дали се подготвени да играат в недела. Мислам дека сите сакаат да играат и дека како велат ќе стиснат заби за утре. Но, желбите се едно, а лекарските наоди друго.
Инаку, се е подготвено за утрешното дерби, а по подолго време на градскиот стадион под Тумбекафе се очекува рекордна посета, а љубителите на фудбалот се надеваат дека младите фудбалери на Пелистер, во неделата на Градски во Скопје, ја научија школата, и сега, иако школата ја платија со три бода, ќе им користи, а бодовите ќе останат под Тумбекафе.
Ama ka bidi gadno vremeto uste sega vrni tura i veter duva kako ulo :salut: