Не наседна ПСЖ ... Им требаше си го земаа ... Палермо толку бараа , толку и дадоа ... Ако е за тоа зошто не го земаа пред тоа кога бараа и 50 милиони . Чим дале 43 значи и они ценат дека толку вреди ... Според мене не вреди Пасторе толку , ама јас сум никој и ништо и не можам да кажам да не го зимаат или дека многу пари дале ... Тоа е тоа . Им се свиѓал играчот , мислат дека вреди за тие пари и го земале . а за Пасторе , Челзи имаа контакт до последен момент , додека не се извести дека отишол во ПСЖ .
Наседна, како не? Палермо можи милијарди да бара, ама ако нема голем интерес, ќе се задоволи со малку. А голем интерес за овој играч немаше, факт. Зампарини започна со 80 милионски трансфер на Пасторе во Барселона, знајш то? Па еве гледам се случи....ветар се случи.
Челзи имале ветар контакт до последен момент, Челзи разгледува многу опции, опција веројатно бил и Пасторе. Ама бил, некогаш и поминал на ред.
Друго околу конфузните настапи на Палермо и неговите челници, или барем навидум конфузни, зоште официјалните клупски сајтови се уште ништо не потврдуваат, туку се остана на крајно непотврдена изјава на Зампарини или негов заменик кој беше таму, дека готово, го жениле Пасторе за Франција?
Дива лига е Палермо и неговата управа, Пасторе не е нешто невидено чудо. То е то, многу едноставно.
Челзи до последен момент беа заинтересирани за пасторе,после псж понуди 3-4 мил. повеќе и сигурно поголема плата и си отиде таму. Не се правете наивни.
Виљас Боас во едно од првите интервјуа помеѓу редови „случајно“ спомна три имиња, иако прашан општо за нови играчи во тимот а не конкретно за тие тројца: Фалкао, Коентрао, Модрич..
Фалкао потпиша и нов договор со Порто + изгледа дека Челзи има доволно шпиц играчи за пресметките негови, па ништо со Фалкао.
Коентрао, е ова веќе е сличен случај ко прикаскава шо ти сакаш да ја продајш за Пасторе и Челзи. А Бола, Рекорд и уште некој реномиран португалски весник беше, сите пишаа како Бенфика прифаќа понуда на Челзи и сака да се случи тој трансфер, но Коентрао е одлучен за Мадрид. Како шо и се случи. Во тој случај Челзи беше тука до последен момент, а не да ми продавате прикаски како Челзи ја изгубил тешката битка со ПСЖ за ова чудо невидено досега 80милионско од големиот Палермо и неговиот уште поголем бос Зампарини!
Модрич, сите знајме како и шо е работата, Виљас Боас јавно кажа дека работите околу тоа се одвиваат прилично јавно и нема шо повеќе да додаде шо не се знај. Пред некој ден и Гурлај додаде дека оваа недела пак ќе се консултира со Боас околу Модрич.
А за Пасторе? Нема ништо од Челзи. Нигде. Апсолутно ништо. Зампарини лаеше и само лаеше, непрекинато лаеше. Просто да не веруваш колку еден претседател посакува да продаде еден досега невиден талент и играч !
Порто и порано и Лион бар со стил влечеа пари бре мајка му стара, ова е вулгарно и гадно од страна на Палермо.