Одамна се немав ставен па ај да пишам нешто
Во ЛЕ се паднавме во Ф група со Атлетик Билбао, Салцбург и Слован Братислава. Прилично лесна група, би требало да завршиме први во борба со Билбао, реално Салцбург и Слован се послаби мада истото го мислеле и од Рома па затоа испаднаа
Ќе се стегнат малце нашиве и професионално ќе си ја завршат работата и ете ги во втора фаза, па може и да освојат зошто да не.
Утре играме на гости со Тулуз кои по 3 утакмици имаат 7 бода и време им е да го доживеат првиот пораз сезонава, таман ние си влагаме во форма. Не играат Сако, Арманд кои се повредени и Сисоко кој што уште не е влезен во меч форма. Пред натпреварот фитнес тест ќе има и Оаро кој беше сменет поради повреда на реваншот против Диферанж.
Како што пишува по нетов Леонардо му дал ултиматум на тренерот Комбуаре да победи во следните две утакмици во првенството, првата против Валенсиен минатата недела на која што победивме 2-1 и вторава е оваа утре. Ај па ако киксне може и на добро ќе е и онака не ми го прави меракот многу многу овој Комбуаре, а се шпекулира дека Леонардо преговарал со Карло Анчелоти токму тој да биде нов тренер.