Турам ја завршува кариерата поради проблеми со срцето
Кариерата на Лилиан Турам најверојатно е завршена, откако лекарските прегледи во ПСЖ доживеаа колапс кога докторите открија дека фудбалерот има проблеми со срцето.
Францускиот дефанзивец денеска требаше да биде претставен како ново засилување на ПСЖ, но тоа не се случи откако докторите открија сериозна аномалија на срцето на Турам.
Песконференцијата која требаше да биде и претставување на Турам како ново засилување, се претвоти во трагична откако французинот откри дека тој нема да може да потпише поради сериозно проблеми со неговото срце.
"За жал оваа пресконференција денеска нема да биде за презентација на мојот договор со ПСЖ, туку да ви соопштам дека докторите ми открија вродена срцева мана" - изјави 36-годишниот фудбалер.
"Тоа е нешто исто како што брат ми имаше пред неколку години и тоа го чинеше живот на еден кошаркарски натпревар".
Ова најверојатно ќе значи и крај на кариерата за Турам, дополнителни тестови ќе бидат извршени во наредните денови а конечните резултати ќе бидат за околу еден месец.
"Кога како млад фудбалер настапував за Монако тие ми кажаа дека имав нешто, но бев подготвен да играм".
"Работите еволуираа и денеска јас сум под ризик. Вчера кардиолозите најдоа аномалија. Ние ќе направиме дополнителни тестови во наредниот период и дефинитивните разултати ќе бидат познати за еден месец".
"Мојата мајка исто така има проблеми со срцето и таа беше тука со мене на прегледите. Мојот брат почина од ваков проблем на еден кошаркарски натпревар и за други членови од мојата фамилија овој прблем беше кобен исто така" - заврши Турам.