Фан Клуб: ПСЖ

Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
Лелеее Пасторе голиште.:vozbud: Се исплати секое евро дадено за него.
Водиме 2 на полувреме, нека продолжат вака и не ни бега победа.;)
 

thisisnoizy

Good things take time
Член од
29 јули 2010
Мислења
2.010
Поени од реакции
2.043
Пасторе човече, која техника, елегантност..

:cuc:
 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
Со мало закаснување хајлајтс од утакмицата со Монпеље од саботата.

Вечер играме ЛЕ на гости со Атлетик Билбао, пренос на 5+ од 21:05. Билбао се во многу лоша форма и се на 19то место во Примера, ама секогаш било тешко да е игра на Сан Мамеш. А и многу веројатно дека ќе играме во некој комбиниран состав пошто ќе се чуваат играчите за недела и утакмицата со Лион.
Вечерва и со нерешено сум задоволен, само да се тепа у недела.:P
 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
Еве хајлајтс од победата против Лион. Со оваа победа се искачивме на првото место на табелата со 20 бода, после нас се Лион, Монпеље и Тулуз со по 17. Наредна утакмица ни е со Ајачио во гости на 16ти.
 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
Денес од 17 часот играме со Ајачио во гости. Суспендирани за денес се Лугано, Матуиди и Менез. Сако сеушто не е доволно фит и нема да настапи денес. Оаро е повреден исто така. Ме плаши што Ајачио сигурно ќе се затвори и ќе игра на бод па без 5 првотимци може и да кикснеме. Ама тука е Пасторе за да ме демантира:P
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
3ца првотимци во одбрана нема да настапуваат и 1 во средина...за Матуиди не е ништо страшно што фали:) ама за да победат имаат играчи, а Ајачо не е баш некој јак тим, Пасторе, Ердинч и Хоара се тука:D
 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
После киксот во Братислава мора да се победи против Дижон. Суспендиран за мечот е Силван Арманд, а повредени напаѓачот Оаро, Матуиди, Бодмер и Бишевац. Се игра во недела во 17 часот.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Спортскиот директор Леонардо: Го посакуваме Дејвид Бекам во своите редови, не претставува никаков проблем неговата возраст..:ROFLMAO:

http://www.google.com/url?sa=t&rct=j&q=david+beckham+psg+leonardo&source=web&cd=5&ved=0CEIQFjAE&url=http://www.dailymail.co.uk/sport/football/article-2061859/David-Beckham-old-Paris-Saint-Germain--Leonardo.html&ei=BbDDTrWkO47Bswb_183ZCw&usg=AFQjCNHaFWQ_gxF4P4DVs0nZSVH9wL5ilA
 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
Спортскиот директор Леонардо: Го посакуваме Дејвид Бекам во своите редови, не претставува никаков проблем неговата возраст..:ROFLMAO:

http://www.google.com/url?sa=t&rct=j&q=david+beckham+psg+leonardo&source=web&cd=5&ved=0CEIQFjAE&url=http://www.dailymail.co.uk/sport/football/article-2061859/David-Beckham-old-Paris-Saint-Germain--Leonardo.html&ei=BbDDTrWkO47Bswb_183ZCw&usg=AFQjCNHaFWQ_gxF4P4DVs0nZSVH9wL5ilA
Па и онака немаме замена за десно крило освен Жале кој е првично десен бек ама сезонава игра повеќе на крило. А и Бекс не игра класично десно крило може да биде корисен и по внатре на средина. Е сеа незнам колку е спремен, ќе чека шанса од клупа ама и онака има доста утакмици покрај лига, ЕЛ па и куп сигурно ќе добие шанса да игра и прва постава.
А и сите знаеме дека доколку дојде ќе дојде повеќе за маркетинг отколку за играње.:P

Во недела во 21 часот играме со Нанси дома. Нанси е на 18-то место и на гости нема победа, само една нерешена и 5 порази. Би требало да биде лесна победа и после да се фокусираме на француското класико против Марсеј идната недела.

Доколку во недела дадеме 2 гола тоа ќе биде 2000-от гол на ПСЖ во прва лига.:D
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
97
Поени од реакции
18
Го изгубија дербито 3-0 изиграја Марсеј со срце как и да е как со читум по весници се по блиску до клупта на Парис е Анчелоти.
 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
Победа на "мускули" што би се рекло против Оксер. Добро е што ја прекинавме низата од 3 порази и конечно дадовме гол по 400 и нешто минути.

Се шпекулираше низ медиумите дека ако сме изгубеле ќе бил отпуштен тренерот Комбуаре. Успеа да се спаси сега за сега, ама мислам дека за време на зимската пауза ќе биде отпуштен и на негово место ќе дојде некој од Анчелоти, Хидинк или некој од другите тренери за кои се шпекулира. Очигледно дека не е дораснат за новите амбиции на ПСЖ и ни треба некој врвен тренер доколку сакаме да ги оствариме.

Наредна утакица е на 10ти во сабота против Сошо на гости.

Иначе голот на Менез беше 2000от гол на ПСЖ во прва лига. ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom