Moze li nekoj da mi kaze neso poveke za dvanaeskata(V.Stojanovski) od Amak?
ИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ ВО МАК-БАСКЕТОТ ЗА 2008 ГОДИНА
Војдан Стојановски е број еден
Познати се најдобрите, односно кошаркарските лауреати за 2008 година. Според гласовите на дванаесет медиуми и изборот што го организираше КФМ, за најдобар кошаркар во минатата година е избран Војдан Стојановски.
Сениорскиот репрезентативец сосема заслужено го доби приматот број еден за 2008 година. Младиот талент многу брзо се проби на врвот во мак-баскетот. За само една година од младинската репрезентација се избори за место во првиот национален тим, а откако минатата година ја освои наградата за најдобар млад кошаркар, сега веќе го има она што многумина го посакуваат, најдобар меѓу најдобрите.
Играчот на Амак СП беше лидер во својот тим. Им помогна на охриѓани за брзо време да се пробијат, поточно да се вратат на кошаркарската мапа, а за тоа говори фактот што минатата сезона успеаа да стигнат до плеј-фот и првенството да го завршат на третото место.
Наградата за најдобар млад кошаркар по втор пат оди во рацете на Александар Костоски. Капитенот на младинската репрезентација го доби истото признание и пред две години.
Нашиот "странец" за 2008 година е никој друг, туку Тодор Гечевски. За капитенот на Задар и нашиот репрезентативен центар ова е четврта награда.
Зад искусниот Гец се многу титули во Хрватското првенство, минатата година неговиот Задар ја осви двојната титула, а имаше солиден настап во НЛБ лигата, како и во УЛЕБ Купот. Инаку во конкуренција со репрезентативецот се најде и Владо Илиевски.
Најдобриот стратег за изминатата година е Емил Рајковиќ. Младиот тренер на Фени Индусти ги освои сите гласови од медиумите.
Двојната круна, како успешниот настап со младинската репрезентација беа доволни за да некогашниот кошаркар, а сегашен тренер се закити со првото признание од седмата сила.
"Најжешка" беше борбата во категоријата најдобар млад тренер. Победи стратегот на Овче Поле, Ангел Љутков, кој со шест гласа го "претрка" Слободан Петровски (доби пет гласа).
Љутков важи за тренер кој покрај тоа што работи добро со првиот тим, истовремено со младите деца под "20" години засега е на првото место на табелата во оваа категорија.
Признанијата на најдобрите ќе им бидат врачени во сабота, за време на традиционалниот Ол-стар натпревар во Свети Николе.
ISKopirano OD DENESEN Makedonski Sport naste se podobreni vo igrata iako bese prijatelska im pokazavme zabi na Amak