Aгер повторно не играше,не добива голема мунитажа,Агер рекол сакам да останам но Бенитез да ми каже во очи, и барам покачување на платата и поголема минутажа.
Даниел Агер вели дека сеуште не знае дали ќе остане во Ливерпул, но неговото срце е на Енфилд.
Договорот на Агер со Ливерпул истекува на крајот од следната сезона, па неговата иднина ќе треба да биде решена најдоцна до крајот на оваа сезона. Агер кој синоќа против Блекбурн постигна прекрасен погодок е во преговори со Ливерпул, но и самиот тој вели дека не се знае дали ќе остане на Енфилд.
"Јас сум во фаза од мојата кариера кога треба да играм, и сакам да играм, но ситуацијата не е променета со преговорите" - вели Агер.
"Убаво е кога ќе слушнеш дека менаџерот сака да останеш, но уште поважно е што ми кажува кога ќе го погледнам во очи".
"Не е важно што тој зборува во весниците, важно е тоа што ќе го каже зад затворени врати".
"Јас ќе ги продолжам преговорите со клубот, и не можам да ви кажам што се зборува на нив".
"Не знам кога ситуацијата ќе биде решена. Немам клуч. Во моето срце, се надевам дека и следната сезона ќе бидам тука. Но навистина не знам".
"Знам дека во Данска има информации дека мојот агент преговара со клубови од Италија, но тоа не е точно" - заврши Агер.