Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 30.282
- Поени од реакции
- 46.733
Има еден момент во фудбалот , се нарекува предност , во таква ситуација по сигнализирањето на помошникот за офсајд , судијата дозволи играта да продолжи зашто Милан ја имаа топката во сигурен посед ( што е сосем нормално денес ) , голот на Ливерпул падна по загубена топка на Милан , т.е. погрешно додавање , а имаа прилика да почнат комотно смирена акција . Јбг , кој би знаел дека во таков случај ке падне гол во корист на Ливерпул, тука судијата никаде не погреши .Види вака. После секој натпревар можат да се направат детални прегледи, јас сум ЗА.
Проблем!?!
Џилардињо го казнија, па нека го казнат и судијата за следен пат да не ја повтори истата грешка. Во случај судијата да имаше на него диоптер каков што треба Џила нема да паузираше два натпревари, значи на грешка на судијата тој е казнет.
Судијата!?! Ма и не е важно толку за него може да се направи грешка, па макар таа да се повторува и повторува.
Најболно досега за Милан, финалето во ЛШ во кое Милан загуби од Ливерпул поради судиска грешка. Во едно такво елитно натпреварување на сите стап ги болеше дали судија згрешил или не.
Во случај ако сакаш можам да ти го дадам видеото во кое линискиот судија го крева знаменцето за офсајд, а главниот судија дава знак во која акцијата продолжува. Тоа беше кобно за Милан.
Грешат судиите, за сметка на играчите и клубовите.
Јас само спомнав , ако Инзаги исценирал фаул , да биде казнет , зашто од оваа сезона најверојатно во Италија почнале со '' фер-плеј '' , нешто што не го сретнав како најава , и по мечот Палермо - Фиорентина , Палермо бараа казна за Џила .
Можеби не си ме прател на форумов , али секогаш сум велел дека судиите грешеле , грешат и ке грешат , и таквите грешки секогаш ке бидат дел од оваа игра , без разлика дали тоа нас ни се допаѓа или не . Поентата ми беше дека за ваква ситуација , лани Интер ги правеа местачи , а не беа со ваков став како твојот , дека судиите грешат и дека вината нив треба да им се препише .
