Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
14 април 2012
Мислења
33.064
Поени од реакции
68.077
Па како да третираат старт што може да резултира со кршење нога?
Не знам дали го гледаше мечот, зашто и Интер играше во исто време. За овој старт на Рашфорд, судијата не свирна фаул воопшто. До толку изгледаше нормално движењето на Рашфорд.

Ова е жолт картон за несмасност, ама црвен? Еве ти видео од погоре, и тоа старт каде играчот не е во посед на топката, малтене исто газење. Жолт картон.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.054
Поени од реакции
117.000

Зошто ова не е црвен? Еве и @KaWa нека го ѕирне видеово. Уште еден во низата од сликата што ти ја пратив вчера.
И кое ти е прашањево, а и оправдувањево? Ме прашуваш зошто на некоја рандом утакмица не бил даден црвен... Одговорот е не знам, погрешил судијата. Јас ве сфаќам што сакате да кажете, демек немал намера и не го ни гледал играчот, ок е тоа, ама ако гледаш така кој оди со намера да скрши нога на некого? Или да повреди некого? Еве на 100 старта нека се 2-3 што се намерни и кретенски, останатото е несмасност. И Ромеро стигна прв до топката па ќе му искршеше нога на Стерлинг, апсолутно заслужен црвен картон, слично е и со Рашфорд, не го виде ама јебига ќе му скршеше нога, тоа е, несреќна околност што може да се деси секому. Поарно за вакви работи да даваат црвен отколку да остават на слободна интерпретација на судиите па да имаме и некои дивјачки стартови несанкционирани пошо судијата проценил дека немало намера или дека прво ја удрил топката.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.885
Поени од реакции
21.818

Двојни стандарди :

Морено за овој старт над Лук Шо доби само жолт картон иако стануваше збор за двоен прелом на ногата.

Исто и ова :

пљачка на векот, ова не е ни фаул не па тек директ црвен.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.054
Поени од реакции
117.000
Двојни стандарди :

Морено за овој старт над Лук Шо доби само жолт картон иако стануваше збор за двоен прелом на ногата.
Види и тебе ќе ти кажам како и на Боро, што мислиш дека ќе ми докажеш со ситуација од порано каде судел друг судија и други биле околностите за фаулот, а притоа јас не ни сум кажал дека е црвен или не е? Зборуваме тука за фаулот вчера и тоа е тоа, не може една или повеќе погрешни одлуки од минатото да оправдаат погрешна одлука во сегашноста, simple as fuck.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.413
Поени од реакции
11.902
Ај да викаат дека е сомнителен црвен, како ми како, ќе имаше муабет можеби. Ама овие пишуваат ГРАБЕЖ. Ќе помисли човек од чиста мира црвен му здрвиле на џупакот.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.064
Поени од реакции
68.077
Види и тебе ќе ти кажам како и на Боро, што мислиш дека ќе ми докажеш со ситуација од порано каде судел друг судија и други биле околностите за фаулот, а притоа јас не ни сум кажал дека е црвен или не е? Зборуваме тука за фаулот вчера и тоа е тоа, не може една или повеќе погрешни одлуки од минатото да оправдаат погрешна одлука во сегашноста, simple as fuck.
Лесно е. Докажуваат дека за исти стартови нема иста казна. Во исто натпреварување, судии кои судат по исти инструкции, даваат различни казни. Убеден сум дека тоа што има даваат да ги гледаат стартовите во slow motion, ги прави да изгледаат далеку полошо.

Го читав правилото за вакви стартови, и колку и да звучи неверојатно, никаде во правилото нема ништо спомнато околу тоа дали играчот има или нема намера да направи остар старт, и тука сметам дека е проблемот со овие стартови, и дека од тука произлегува целиот проблем со давање на жолт на една утакмица, а црвен на друга, што има простор за субјективност на судијата.
 
Апсолутно се слагам со тебе. Јас ако ти текнува зборував за истово само во врска со играњето рака, не можеш да оставиш слободна проценка на судијата, зашо ете за иста ситуација Мајкл Оливер ќе ти свирне пенал, а Тирни нема и ќе има плачки низ интернетот и карања. Вака стај универзално правило и чао пријатно. Мислам, не е така лесно и ова моево, ама пак поарно да биде така отколку вака на секоја утакмица различно зашо на некој судија му текнало така и така да процени.

Еве вчера со еден другар се расправав, фан на Ливерпул, го мрази од дното на душата Јунајтед, вика не бил црвен за Рашфорд. Викам ок, а зошто тогаш викаше дека она на Санчез против Ливерпул беше чист црвен? Ти текнува ваљда на ситуацијата од пред 2 години, Ливерпул вс Интер. И ние ко фанови некад имаме двојни аршини дефинитивно, јас потполно разбирам што ве нервира тебе и Боро у ситуацијава и може да кажам и дека се сложувам со вас, ама како и да ја вртиш елементи за црвен има, на страна намерата. Ненамерен старт кој може да предизвика кршење на нога на играч, ЈЕБИГА, не можеме тука да го кривиме судијата дека напраил фатална грешка. А дека можеше само со жолт да пројде тоа си стои.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.813
Поени од реакции
44.142

Проблемот е што има ситуации кои неможат баш да се стават црно на бело како правило. Според мене треба да се гледа и како се одвивала целата ситуација, а таму секако може да имаат некои упатства за толкување, но на крај пак е до судијата, односно како тој ќе го протолкува стартот.

Е сега, мое лично мислење - ситуациите на Рашфорд и ова јапончето од Ливепрул, кога ќе се земе големата слика се жолти картони и иако веќе неколку пати образложив зошто, ќе пишам пак чисто за контекст во постов. Дали и двајцата го настапнуваат противникот на зглоб? - ДА. Дали на забавена снимка изгледа чист црвен без размислување? - ДА. Дали кога ќе ја видиш сликата изгледа дека противникот треба да е среќен што не му летнало стапалото на страна? - ДА. И кога ќе ги земеш одговорите на овие 3 прашања и ќе го прочиташ правилникот, излегува дека судијата треба да даде црвен картон.

Меѓутоа ако ја видиш целосната слика, ниту Рашфорд, ниту Ендо стартуваат на топка. И едниот и другиот се во движење/трк, Рашфорд дури и ја контролира топката претходно. Значи тој ја има топката и се што прави е дава чекор на стран да се загради. Неговото движење е сосема нормално и фудбалско, без никаква острина и јачина. Нешто што се случува по 200 пати на утакмица. Неможе ова ни да се квалификува како старт според мене. Затоа судијата воопшто не досуди ниту фаул. Се погоди по некоја глупава случајност и Рашфорд и дечкото од Копенхаген при трк да стапнат на исто место на земјата и овој од Копенхаген тоа да го направи за дел од секундата побрзо. Па така ногата на Рашфорд се најде врз неговата нога. Ете да имаше некоја поголема повреда, можеби и ќе помиинеше црвен чисто ради повредата (ситуацијата на Марсело во Бразил од пред некој месец).

Е сега погледни ја сликата подолу. замисли дека овој од Копенхаген има топка и центрира а Рашфорд со левата нога се обидува да му ја исфрли топката и касни со стартот па го настапнува на нога како што го настапнува на сликата. Тогаш е чист црвен, бидејќи направил доцен старт и тоа е тоа. Ама за таква ситуација каква што беше ситуацијата пред некој ден, според мене нема логика да исклучиш играч.

1699609327419.png

Санчез направи клизачки старт со отворен ѓон и закасни, па го собра играчот на Ливерпул. Тука пак може да се дискутира за интензитетот на стартот, меѓутоа факт е дека влегол во стартот остро и несмасно. Овој нашиот не "влегува" воопшто...
 
Член од
13 август 2023
Мислења
1.043
Поени од реакции
2.607
Се очекува следните недела, две да се комплетира ова со Ратклиф.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
11.066
Поени од реакции
10.421
Овој Блан најверојатно ќе е CEO како замена за Арнолд, а Мичел спортски директор.
Супер црепови беа и Арнолд и Муртор.

Се надевам дека ќе се ангажираат и нови тренери за прекини, фитнес, напад и одбрана.
 
DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.864
Поени од реакции
5.739
Чек и двајцата или еден од овие?
двајцата најверојатно, први изгледа ќе летаат Арнолд и овој другиот што е со него, не ми текнува како се викаше..

Sent from my SM-F731B using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom