Апсолутно се слагам со тебе. Јас ако ти текнува зборував за истово само во врска со играњето рака, не можеш да оставиш слободна проценка на судијата, зашо ете за иста ситуација Мајкл Оливер ќе ти свирне пенал, а Тирни нема и ќе има плачки низ интернетот и карања. Вака стај универзално правило и чао пријатно. Мислам, не е така лесно и ова моево, ама пак поарно да биде така отколку вака на секоја утакмица различно зашо на некој судија му текнало така и така да процени.
Еве вчера со еден другар се расправав, фан на Ливерпул, го мрази од дното на душата Јунајтед, вика не бил црвен за Рашфорд. Викам ок, а зошто тогаш викаше дека она на Санчез против Ливерпул беше чист црвен? Ти текнува ваљда на ситуацијата од пред 2 години, Ливерпул вс Интер. И ние ко фанови некад имаме двојни аршини дефинитивно, јас потполно разбирам што ве нервира тебе и Боро у ситуацијава и може да кажам и дека се сложувам со вас, ама како и да ја вртиш елементи за црвен има, на страна намерата. Ненамерен старт кој може да предизвика кршење на нога на играч, ЈЕБИГА, не можеме тука да го кривиме судијата дека напраил фатална грешка. А дека можеше само со жолт да пројде тоа си стои.
Проблемот е што има ситуации кои неможат баш да се стават црно на бело како правило. Според мене треба да се гледа и како се одвивала целата ситуација, а таму секако може да имаат некои упатства за толкување, но на крај пак е до судијата, односно како тој ќе го протолкува стартот.
Е сега, мое лично мислење - ситуациите на Рашфорд и ова јапончето од Ливепрул, кога ќе се земе големата слика се жолти картони и иако веќе неколку пати образложив зошто, ќе пишам пак чисто за контекст во постов. Дали и двајцата го настапнуваат противникот на зглоб? - ДА. Дали на забавена снимка изгледа чист црвен без размислување? - ДА. Дали кога ќе ја видиш сликата изгледа дека противникот треба да е среќен што не му летнало стапалото на страна? - ДА. И кога ќе ги земеш одговорите на овие 3 прашања и ќе го прочиташ правилникот, излегува дека судијата треба да даде црвен картон.
Меѓутоа ако ја видиш целосната слика, ниту Рашфорд, ниту Ендо стартуваат на топка. И едниот и другиот се во движење/трк, Рашфорд дури и ја контролира топката претходно. Значи тој ја има топката и се што прави е дава чекор на стран да се загради. Неговото движење е сосема нормално и фудбалско, без никаква острина и јачина. Нешто што се случува по 200 пати на утакмица. Неможе ова ни да се квалификува како старт според мене. Затоа судијата воопшто не досуди ниту фаул. Се погоди по некоја глупава случајност и Рашфорд и дечкото од Копенхаген при трк да стапнат на исто место на земјата и овој од Копенхаген тоа да го направи за дел од секундата побрзо. Па така ногата на Рашфорд се најде врз неговата нога. Ете да имаше некоја поголема повреда, можеби и ќе помиинеше црвен чисто ради повредата (ситуацијата на Марсело во Бразил од пред некој месец).
Е сега погледни ја сликата подолу. замисли дека овој од Копенхаген има топка и центрира а Рашфорд со левата нога се обидува да му ја исфрли топката и касни со стартот па го настапнува на нога како што го настапнува на сликата. Тогаш е чист црвен, бидејќи направил доцен старт и тоа е тоа. Ама за таква ситуација каква што беше ситуацијата пред некој ден, според мене нема логика да исклучиш играч.
Санчез направи клизачки старт со отворен ѓон и закасни, па го собра играчот на Ливерпул. Тука пак може да се дискутира за интензитетот на стартот, меѓутоа факт е дека влегол во стартот остро и несмасно. Овој нашиот не "влегува" воопшто...