- Член од
- 5 февруари 2021
- Мислења
- 398
- Поени од реакции
- 1.043
ОК, треба да му се даде повеќе простор, но од она што досега го имам видено, воопшто не сум импресиониран. Се што прави Ван Де Бек е да ја додаде топката на прва на првиот слободен играч. Апсолутно ништо друго немам видено од него. А не е дека немаше воопшто шанса, на неколку натпревари посебно во купот беше стартер. Воопшто не делува како некој што ќе повлече кога ќе треба, што ќе превземе одговорност а игра токму на тие позиција каде се бара потег. И во екипа што ги има Бруно и Погба за него реално нема место прва постава. Јас сум до толку скептичен за Дони што мислам дека и ако го продадат Погба повторно ќе купуваат негова замена, и Де Бек повторно ќе биде резерва.Не го спорам ја тоа, работата е што Дони се игра на тотално неприродна позиција, игра многу малку, а тука се критикува за тоа, иако не е тоа негова одлука да биде таму позициониран, туку на Оле. Друго, исто и Погба да го ставиш на позиција напаѓач, ќе има скромен учинок, ретко кога би доаѓал во контакт со топка ако не се врати назад на 30 метри. Едноставно, тоа не е нивна позиција и нема никаква логика да ги играш таму, нема никаква корист да имаш од нив. Ако сакаш да имаш двајца напаѓачи во иста линија, убаци крило, префрли еден од Рашфорд, Гринвуд во линија со Кавани, а не Дони.