Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
14 април 2012
Мислења
31.538
Поени од реакции
62.417
Иначе се согласувам, навистина понекогаш носи лоши одлуки, ама барем се наоѓа во ситуација да ги носи тие одлуки, а обично сам се изборува за тие ситуации, со дриблинг или претрчување.
Oд тука критиките. Вчера до пред асистенцијата, не даде еден прецизен пас до свој играч. Ама еден. Ја не верувам дека некој спомнал дека треба да се продаде Рашфорд. За залагањето, Рашфорд не е Меси, ниту Роналдо, па да го има тој луксуз на нетрчање, особено во лига каде секое незалагање на противнички играч се таргетира.

Нејсе, не знам како муабетов отиде кај напаѓачите, кога имаме сериозни проблеми со одбраната. Де Геа веќе станува сериозен проблем.
 
Член од
5 февруари 2021
Мислења
398
Поени од реакции
1.043
Oд тука критиките. Вчера до пред асистенцијата, не даде еден прецизен пас до свој играч. Ама еден. Ја не верувам дека некој спомнал дека треба да се продаде Рашфорд. За залагањето, Рашфорд не е Меси, ниту Роналдо, па да го има тој луксуз на нетрчање, особено во лига каде секое незалагање на противнички играч се таргетира.

Нејсе, не знам како муабетов отиде кај напаѓачите, кога имаме сериозни проблеми со одбраната. Де Геа веќе станува сериозен проблем.
Оваа сезона е таква каква што е, Де Геа ќе брани до крајот, а после најверојатно ќе се бара купец, затоа што не може никој да си дозволи толку скапа резерва. Мислам дека и тоа беше договорот со Хендерсон, дека ќе биде прв голман од следната сезона. Е сега, наоѓање на купец за Де Геа нема да биде лесно.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.504
Поени од реакции
6.135
Погба, Де Геа, Марсијал... тие се играчите со кур ми е двор ми е менталитет. Има уште неколку но тие се небитни или не толку битни. Овие треба/ше да се столбови врз кој ќе се гради екипата.
 
Член од
5 февруари 2021
Мислења
398
Поени од реакции
1.043
Де Геа беше 2-3 години НАЈДОБАР голман на светот. Ни Ноер, ни Тер Штеген, ни Облак, ни никој. Апсолутно најдобар на светот. Манчестер и Де Геа немаа среќа да кликнат во исто време. Сега кога екипата е во нагорна линија, Де Геа е во надолна, и нема кој знае што да се направи околу тоа.
 
Последно уредено:
Член од
2 септември 2012
Мислења
319
Поени од реакции
91
Иако некои нема да се сложат, мислам дека дефанзивец, ДМФ и десно крило се приоритет. Де геа, погба па може да се размислува и за марсијал да се бара купец. Со кризата многу тимови ќе мора да продаваат и треба да се искористи моментот. Посевно за ДМФ и дефанзивец.
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
Евреите велат дека најдобро работат дуќаните кои имаат голем профит а малку ќар. Нека влегува Рашфорд 10 пати во шанса па нека даде еден гол, и тоа е подобро од ситуациите кога не влегува никој во шанса. Изгледа сите добивте колективна амнезија како играше Јуанјтед кога Рашфорд беше повреден и не играше неколку месеци. На гол не можеа да шутнат.

Зошто никој не го критикува Бруно што троши еден куп топки? Фернадез е најголемиот потрошувач на топки во Јунајтед, и често едноставно прави глупост со потегот. Никој не го критикува, затоа што на 10 неуспешни обиди ќе протне една успешна асистенција. А Рашфорд морал да биде 100%.

Супер.
Само што Манчестер не е дуќан. И нам како навивачи ни се битни трофеите, не ќарот на газдите.

И мојот став е дека Маркус мора да поработи на тимската игра и да си го подотера финишингот.
И да не биде толку лежерен во ситуација кога ја губи топката и не се залага да помага дефанзивно. Оти очигледно не е ни Меси ни Роналдо да има толкава слобода. Никаде не спомнав да се продава или да не игра.

Колку за илустрација, да го земеме за пример Кавани - на 35 години трча и се враќа во своја половина кога губи топка. Или Гринвуд нпр. вчера 2-3 пати го приметив како се враќа назад по изгубена топка, а патем и му успеа да одземе неколку топки.

On an unrelated note - за одбраната сум без зборови. Ај тие суртуците Линделеф и Мегваер се такви какви што се, немаат оправдување, ама Де Хеа ептен ме разочара. Што му е, што не му е не знам, ама веќе две сезони игра многу, многу под своето ниво. Сношти, првиот (или беше вториот?) гол директно падна по негова грешка, па и 3. (индиректно) беше негова кривда.

А од олето имам кренато раце. Ако му донесат нов бек, десно крило/дмф и замена за Погба (ако го шутнат) може ќе успее да му падне секирата в мед, ако не ќе се моткаме и следната сезона до кај 25.-30. коло околу 2.-3. место со по некое изгубено полуфинале и тоа ќе биде врвот. Титула од него не очекувам. Исто така не очекувам дека ќе стигнат до финале и во ЛЕ.
 
Член од
5 февруари 2021
Мислења
398
Поени од реакции
1.043
Нема голема потреба од трансфери. Треба да се купи Грилиш, и ако може да се донесе Рамос на две сезони, кој е звер од играч и кој би имал инстант импакт врз екипата.

Хендерсон

Ван Бисака Рамос Мегваер Шо

Мек Томинеј Погба

Рашфорд Бруно Грилиш

Кавани

Со овој тим Манчестер би бил топ 2 кандидати за титула, со оглед на тоа дека би имал и најдолга клупа, посебно во средниот ред.
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Колку голови има до сега дадено Рашфорд во кариерата? Лани имаше на 31 одигран меч 17 голови и 7 асистенции. Тоа е повеќе од половина гол по натпревар. Оваа година на 23 одиграни има 8 голови и 6 асистенции.

Не знам што точно очекувате од Рашфорд, тој не ниту класичен шпиц, игра крилен напаѓач. Што се однесува до пресингот, живеет во заблудаа дека Јунајтед игра некаков пресинг. Играат понекогаш, по 30-40 секунди па пресингот спласнува, се повлекуваат малку поназад и така го чекаат противникот.
Ти изгледа имаш амнезија околу Рашфорд. 3 месеци го чекаме да заигра, слушај го Видук како ти зборува непристрасно,објективно.
Друго Бруно најголем потрошувач на топки бил, сине, абе многу си пристрасен, коментарите ти личат на познатата изрека Операцијата успешна, пациентот мртов. Или било је лепо сви су плакали. Единственото нешто што е во ред е тоа дека имаме континуитет сезонава. И вчерашниот кикс не боли толку, затоа што играта беше супер.
 
Член од
5 февруари 2021
Мислења
398
Поени од реакции
1.043
Ти изгледа имаш амнезија околу Рашфорд. 3 месеци го чекаме да заигра, слушај го Видук како ти зборува непристрасно,објективно.
Јас гледам Рашфорд секоја недела игра, не знам ти кај го чекаш. Да не ги гледаш настапите на У23 тимот? Не игра таму Рашфорд, во првата екипа е.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
Нема голема потреба од трансфери. Треба да се купи Грилиш, и ако може да се донесе Рамос на две сезони, кој е звер од играч и кој би имал инстант импакт врз екипата.

Хендерсон

Ван Бисака Рамос Мегваер Шо

Мек Томинеј Погба

Рашфорд Бруно Грилиш

Кавани

Со овој тим Манчестер би бил топ 2 кандидати за титула, со оглед на тоа дека би имал и најдолга клупа, посебно во средниот ред.
А Рамос и Кавани за 2-3 меча или за цела сезона?
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Изгледав хајлајтс пред малце, за последниот гол не ја спушти топката со рака Луин или само мене така ми се гледа?
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Изгледав хајлајтс пред малце, за последниот гол не ја спушти топката со рака Луин или само мене така ми се гледа?
И мене така ми се чини, само тоа не ја менува поентата дека требаше да примиме гол! И со рака да беше, требаше да го признаат! За такви слепци, таква казна.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.046
Поени од реакции
1.498
Рашфорд е страшно способен а уште пострашно глуп. Сите способности што ги наброја Мирко стојат но одлуките му се за никаде. Е ако тоа го среди може да биде класа,вака не. Никако не е дежурен виновник ама во последно време има изразито премногу покакано и ако сам створил нешто тоа не му дава за право и да го уништи. И вака,засега како тим сме изнад очекувањата и тоа секако е добро. Вчера колку сме виновни толку може да го класифицираме и како несреќен случај, добро игравме, дадовме 3, и примивме 3 безвезни што ретко ретко било каде се случува.
И јас мислам дека имаа спорен гол али тоа е, одиме понатаму.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom