Имаше позитиви денес, ама и некои работи кои мора да се корегираат. Позитивното е што денес некој одлично ги изанализирал Сити, дека имаат проблем со balls over the top, и се инсистираше на такви топки, што на крај резултираше со гол, иако со огромна помош на Едерсон.
Негативите, бајагички.
МекТоминеј требаше да влезе околу 65-та минута зашто у шише не ставија, и ни висеше голот. Комплетно ја изгубивме средината во тој период. Едно добри 10 минути задоцнета измена.
Паничарење при исфрлување. Изгледавме како селска екипа на крај, што многу ме нервира, зашто имаме играчи за да изнесеме топка по земја. Флешеви ме маваа од утакмицата со Евертон кога на крај влезе Фелаини и направи пенал за 2 минути. Не внесе Евертон во гол тогаш со се топка, а исто изгледавме денес. Им ја враќавме топката во рок од 3-4 секунди. пул не казни за тоа, Сити не.
Она што го наоѓам како проблем е што нашиве не знаат да се наместат на фаул, и да сецкаат игра во последни 10 минути. Упорно идеа на втор гол, кога во напад никој не се додаваше освен Марсијал. И упорно истото, и упорно истото. Џејмс му ставаат сопка, место да си падне, и да се смири се, овој продолжува акција во која само Фернадес му беше напред, и на крај ја изгуби топката во наредните секунди, а беа 2 на 5.
Ме изненадува тоа што новите во тимот, Фернадес, а и Игало, знаат како да држат топка и кога, и не идат да завршат акција по секоја цена.
На крајот, резултатот се брои, презадоволен со 2 гола, но не и од играта, премногу не издоминираа во второ.