А демек Валенсија е богот на десните бекови? Треба да се донесе некој јак, па Валенсија бекап на него.
Можеби сум субјективен бидејќи ги немам гледано редовно Евертон, Тотенхем и Ливерпул како што знаев порано да се залежам при викенди, сезонава, убедливо е бог и батина за секој десен бек во ПЛ... Просто не ми текнува на еден што би му бил конкуренција. Можеби Клајн ама како е паднат и тој со формата, тешко, многу тешко.
Типов сам ја држи десната страна, ора напред-назад, дефанзивно не му памтам некој кикс како што знаеше порано да заспие, а офанзивно - пази ова е интересното- е бек со најпрецизни нафрлања во ПЛ. Што не е лошо за бек со лева нога само за потпирање.