Вака ај малце да сумираме на што сме и како сме, прво за турава па после за тимот што би го имале за следнава сезона. За турава нема да играат играчите што беа на ЕП и што ќе идат на ОИ освен Линдегард и Џонс. За Џонс не сум сигурен но како и Андерс ни тој не настапи на ниеден натпревар па би требало да се најде на списокот. Видиќ не е сигурно дали би се нашол на списокот ќе треба Ферги да одлучи додека Флечер најверојатно ја пропушта.
Голмани: Линдегард
Одбрана: Фердинанд, Џонс, Видиќ, Еванс, Смолинг
Средина: Сколс, Керик, Пауел, Андерсон, Кагава, Петручи, Таниклиф
Крила: Валенсија, Бебе
Напад: Бербатов, Македа, Чичарито, Кинг
Ова би бил составот мање више што би заминал, така да на ова има доста да се дополнува со оглед на тоа дека вака нема шанси да отидеме вака, ќе одат голем број на младинци што искрено ме радува тој факт меѓу кои приорететно 1 - 2 голмани, 1 - 2 дефанзивци, 2 - 3 крила и 1 - 2 шпица. Од младинците мислам дека ќе заминат на турава Ларнел Кол, Аднан Јанужај, Мет Даели, Џек Бармби и од резервите можеби Вутон и Брејди кои ќе одат 100% на позајмици. Од овие што се на ЕП за до 19 години не верувам дека некој ќе оди зашто првенството уште трае а таму се Торп, М. Кин и Џонстон. За Кинг, Таниклиф и Бебе исто не е сигурно бидејќи најверојатно и тие ќе одат на позајмици, па можно е да не бидат земени за да си почнат тренинзи со нивните нови тимови.
Во врска со тоа како поминуваме за следна сезона мислам дека одличен бизнис направивме на трансфер пазарот земавме еден млад искусен играч кој има смелост и знаење за да стане еден од клучните играчи во Јунајтед и еден млад играч кој има голем потенцијал. Како што кажа Ферги се бараат уште 1 -2 играчи.
Голмани: Де Геа, Линдегард
Одбрана: Рафаел, Фердинанд, Смолинг, Еванс, Видиќ, Џонс, Евра
Средина: Сколс, Керик, Пауел, Андерсон, Кагава, Клеверли, Петручи, Гигс
Крила: Нани, Валенсија, Јанг
Напад: Руни, Велбек, Чичарито, Македа, Бербатов
Овде погоре имаме одличен состав кој може да се натпреварува на сите фронтови но кога ќе ги земеме во прашање повредите знаеме дека можеби би требало да земеме уште еден лев бек што за мене е приоритет. Така да Ферги денес на прес мислам дека убаво кажа дека со оглед дека имало ЕП и се чекало да заврши па ќе се почнат преговори, 90% сум сигурен дека мисли на Бејнс и ништо чудно во наредниве неколку денови пред тргнување за Јужна Африка да се договори. Кога рече Ферги 1 - 2 можни засилувања мислам дека тоа второто е тоа засилување што уназад 3 - 4 години го бараат фановите. Тоа можно засилување е тој посакуван играч од средниот ред што секоја година се менува прво беше Снајдер после Модриќ потоа Мутињо. Ферги не сака да избрза со потпис на ваков играч бидејќи ваков квалитетен играч не можеме да најдеме под 25 милиони фунти да бидеме реални. Така да ова за ова второ засилување шансите да се оствари се 50 - 50 како и секоја година. Така да останува само да веруваме на Ферги и да не брзајте има уште месец ипол до крај на трансфер период.