Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Вака ај малце да сумираме на што сме и како сме, прво за турава па после за тимот што би го имале за следнава сезона. За турава нема да играат играчите што беа на ЕП и што ќе идат на ОИ освен Линдегард и Џонс. За Џонс не сум сигурен но како и Андерс ни тој не настапи на ниеден натпревар па би требало да се најде на списокот. Видиќ не е сигурно дали би се нашол на списокот ќе треба Ферги да одлучи додека Флечер најверојатно ја пропушта.

Голмани: Линдегард
Одбрана: Фердинанд, Џонс, Видиќ, Еванс, Смолинг
Средина: Сколс, Керик, Пауел, Андерсон, Кагава, Петручи, Таниклиф
Крила: Валенсија, Бебе
Напад: Бербатов, Македа, Чичарито, Кинг

Ова би бил составот мање више што би заминал, така да на ова има доста да се дополнува со оглед на тоа дека вака нема шанси да отидеме вака, ќе одат голем број на младинци што искрено ме радува тој факт меѓу кои приорететно 1 - 2 голмани, 1 - 2 дефанзивци, 2 - 3 крила и 1 - 2 шпица. Од младинците мислам дека ќе заминат на турава Ларнел Кол, Аднан Јанужај, Мет Даели, Џек Бармби и од резервите можеби Вутон и Брејди кои ќе одат 100% на позајмици. Од овие што се на ЕП за до 19 години не верувам дека некој ќе оди зашто првенството уште трае а таму се Торп, М. Кин и Џонстон. За Кинг, Таниклиф и Бебе исто не е сигурно бидејќи најверојатно и тие ќе одат на позајмици, па можно е да не бидат земени за да си почнат тренинзи со нивните нови тимови.

Во врска со тоа како поминуваме за следна сезона мислам дека одличен бизнис направивме на трансфер пазарот земавме еден млад искусен играч кој има смелост и знаење за да стане еден од клучните играчи во Јунајтед и еден млад играч кој има голем потенцијал. Како што кажа Ферги се бараат уште 1 -2 играчи.

Голмани: Де Геа, Линдегард
Одбрана: Рафаел, Фердинанд, Смолинг, Еванс, Видиќ, Џонс, Евра
Средина: Сколс, Керик, Пауел, Андерсон, Кагава, Клеверли, Петручи, Гигс
Крила: Нани, Валенсија, Јанг
Напад: Руни, Велбек, Чичарито, Македа, Бербатов

Овде погоре имаме одличен состав кој може да се натпреварува на сите фронтови но кога ќе ги земеме во прашање повредите знаеме дека можеби би требало да земеме уште еден лев бек што за мене е приоритет. Така да Ферги денес на прес мислам дека убаво кажа дека со оглед дека имало ЕП и се чекало да заврши па ќе се почнат преговори, 90% сум сигурен дека мисли на Бејнс и ништо чудно во наредниве неколку денови пред тргнување за Јужна Африка да се договори. Кога рече Ферги 1 - 2 можни засилувања мислам дека тоа второто е тоа засилување што уназад 3 - 4 години го бараат фановите. Тоа можно засилување е тој посакуван играч од средниот ред што секоја година се менува прво беше Снајдер после Модриќ потоа Мутињо. Ферги не сака да избрза со потпис на ваков играч бидејќи ваков квалитетен играч не можеме да најдеме под 25 милиони фунти да бидеме реални. Така да ова за ова второ засилување шансите да се оствари се 50 - 50 како и секоја година. Така да останува само да веруваме на Ферги и да не брзајте има уште месец ипол до крај на трансфер период.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.703
Поени од реакции
21.213
Да се надеваме дека Бербатов нема да го шитнат !!!

Toа по ушите мора да е Флеч!
И јас така мислам :D ... денес на прес САФ кажа дека нема да игра Флеч барем не првата половина од првенството !!!
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.537
Поени од реакции
4.171
Ако не земеме некој играч од средината на теренот би сакал Петручи или Пауел да импресионират на турнеата и да добие шанса во прв тим еден од нив , јас лично верувам многу во овие двајца играчи посебно во Петручи овој Пауел освен на youtube го немам гледано ама Петручи сум го гледал играше многу добро за реервите и заслужува шанса.
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
За Де Геа нема што да се коментира, почна лошо што би рекол дека е нормално со оглед дека не знаеше ништо од англиски и за прв пат оди во друга земја и на прв официјален меч за Јунајтед минатата сезона во прв тим и како одминуваше времето беше се подобар и подобар. Може многу да напредува со нашите тренери за голмани посебно Стил што е одличен тренер, видовме што направи со ВДС а еве и со Де Геа. Само си стекнува искуство и се зацврстува а што е најважно ја има и дрскоста за играч на Јунајтед. На одбранетиот пенал на Ван Перси и фатениот слободен на Мата во 90 минута сум се радувам ко да сме осовиле ЛШ. :D

Инаку кога сме кај дресовите штета е што овој дрес не се оствари. :(



http://www.avforums.com/forums/attachments/football/246397d1307788068-new-football-kits-2011-2012-season-new-manchester-united-kit-2011-2012.jpg
 

Goon

Pogback
Член од
16 март 2010
Мислења
1.848
Поени од реакции
1.480
Незнам за вас, ама ја оние од шампионската 2008 никогаш нема да ги прежалам! :)
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.012
Поени од реакции
5.333
http://imgur.com/a/8MDnF

Видете ја сликава и поклонете се пред чуварот :coffee:
--- надополнето: 12 јули 2012 во 22:21 ---


А ова ќе се купува :D
Тоа дефинитивно!
А овие од МУСЦ Македонија напишале за овој гостинки дрес дека е.. ахахаха ! гревчиња!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
https://twitter.com/IamMSilvestre

Иначе еве ви го Силвестре на твитер :D типов може беше зелка :D ама на Твитер си ретвита заебанции за други фудбалери, си се смее братов мака нема, башка еден го праша пред некој ден, затоа што играл и за Манчестер и за Арсенал и за многу други клубови, кој клуб му е најмил и типов си кажа Once a red, always a red :icon_lol: Му е гајле, освои све што можеше да сe освои и си ужива сеа :D
 
Член од
29 ноември 2010
Мислења
773
Поени од реакции
334
Тоа дефинитивно!
А овие од МУСЦ Македонија напишале за овој гостинки дрес дека е.. ахахаха ! гревчиња!
Па и ја како шо знам ова се гостински дресови :unsure: Црните штуцни белите шорцеви и црвените дресови се за дома.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom