Рашфорд лани престана да трча, ниту едни бројки на светот не може да го оправдаат тоа незалагање на терен, да не го спомнувам лажењето дека бил болен лани за да не дојде на тренинг, дур се журкал во Ирска до рано сабајле. Бруно од друга страна е uncoachable, милион пати има направено глупости на крај на утакмица. Не го бранам Тен Хаг, на чисто да сме, само и овие не се цвеќиња.
Дека Рашфорд не беше на ниво лани точно, но далеку од срцето на проблемот зошто ние сме имале 60 поени лани. Одбраната ни беше топ 3 најлоши за почеток, примавме најмногу шутеви, не газеа на контри / дефанзивни транзиции (потсети се на сликите каде везњак седи сам, цел напад е едно 40 метри понапред) и ред други тактички глупости. Колку утакмици со предност ги продадовме, зошто не се држи контрола на терен ? За ова Рашфорд мал удел има.
И секако:
- Кој поставува прва 11ка на терен ?
- Кој ги избрка Роналдо, Санчо, Де Геа и ја спука многу пати со други играчи и беше поддржан за тоа?
Player power моментот е каде каде умртвен споредено со да речеме пред неколку години. Тен Хаг имаше добиено поддршка од управата, материјална и нематеријална.
Ако Бруно е uncoachable, зошто има различна улога под последните 3 тренери, а исто и во националниот тим?
Играчи надворд од форма имало и секогаш ќе има. Задача на тренерот е да најде решение, one way or another и да дојде до резултат. Тен Хаг за почеток тимот и одбраната не знаеше да си го постави како што треба.
ПС: Не ми е целта да ги бранам Рашфорд и Бруно и да лажам дека се најјаки кога не се, но далеку од примарни кривци се и ми смета наративот дека го бојкотирале тренерот. Едниот на клупа дури си поседе сезонава и тоа не малку. Гарначо во полоша форма е од Рашфорд објективно гледано, а се уби од играње ничим изазван.