По подолг пост од темава,да напишам и јас некое мислење,т.е. мое видување за натпреварот,а и општо за Јунајтед.
Значи несомнено е,вчерашното фијаско заедно со дебаклот од Сити се едни од најтешките моменти од поновата историја на тимот.Можеме да бараме колку сакаме причини за елиминацијата од групната фаза на ЛШ,од повреди до било што,ама сите натпревари од групна фазата не се одиграа вчера,немавме само на натпреварот со Базел лош ден,всушност тимот на ниту еден од мечевите во групата не беше убедлив,така што вината за неуспехот не можеме да ја бараме само во синоќешниот натпревар.Тимот прокоцка неколку шанси уште претходно да се пласира во понатамошниот тек од натпреварувањето,реално имавме најслаби противници,ама лошо е да ги потцениш истите.
Сите зборуваме за средниот ред оти бил слаб вчера,јас се согласувам со тоа,ама каде е одбраната која е клучот за успехот во сите блескави години на Јунајтед,а вчера како и поголем дел од сезонава правеше почетнички,аматерски грешки,а на моменти делуваа како прв пат да играат заедно(пр. првиот гол на Базел).Исто се согласувам и оти Ферги можеби направи грешка што не вметна некој од двоецот Керик/Флечер на сметка на Џонс во средниот ред,пред се заради нивното поголемо искуство,а и позицијата која не му е природна на Фил,како и неуфрлањето на ЛАВ на сметка на Парк во второ полувреме,кој во ситуацијава тешко можеше да направи нешто повеќе.Тоа е мое скромно мислење,воопшто не сакам да изигрувам менаџер.
Сепак најмногу сум разочаран од Руни,човек кој треба да блесне кога му е најтешко на тимот,лик кој треба да е водач.Наместо тоа го видовме Руни во неговото старо издание,постојано влегувајќи во конфликти со судиите,па со играчите на Базел.Колку е психолошки лабилен типов,тоа е чудо,се може да го извади од такт.Не може и не смее Гигс кој има безмалку 40 години,да лета по теренот и да е гладен за победа,а неговите соиграчи `младинци` да се однесуваат ноншалантно.
Во врска со засилувањата,мислам оти не треба по секоја цена да избрзуваме зимскиов преоден рок,знам оти ни треба креативец како аквизиција,ама колку истиот би се наметнал во временски краткиот период на аклиматизација е доста спорно.Ако јас некого би сакал како засилување,тоа е Модриќ,пред се поради подолгиот фудбалски стаж во ПЛ.Инаку неспорно е,оти двајца најдобри наши среднисти во моментов се Клеверли и Андерсон,секако е хендикеп што се повредени.Керик е речиси истрошен играч,иако би можел да има епизодна улога,а Гибсон нема иднина во тимот,бар според мене.За Флечер,после долго време се надевам да ја поврати формата од пред две сезони.
Тоа е тоа,сеа останува само да се надеваме оти Ферги како голем стратег и психолог пред се,ќе успее по големиов шок што ни се случува вторпат сезонава,да ја врати екипата на стариот колосек,колку што е можно поскоро.Знам оти ќе е тешко,поради бројните повреди на клучни играчи,без капитенот,очајна форма на Евра,Руни,Фердинанд,ама ферги докажал и покажал оти знае и умее тоа да го прави кога на тимот му било најтешко.
Спортски поздрав фанови,успешната приказна на Ман Јунајтед верувам оти ќе продоложи.