Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
21 март 2015
Мислења
1.257
Поени од реакции
1.131
Екстра одговор на голот на Борнмаут, радува тоа што сега не се чека само од Марсијал и Рашфорд да даваат голови, ептен непредвидлива екипа станавме, но она што плаши е тоа што излезе линделоф, ако се работи за повреда останавме само со 2 штопера, тоа значи покрај десно крило мора и 1 па и 2 штопера да се купат
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.236
Да ги чува здравјето само, ама офанзивнава четворка плус Погба од позадина нуди страшен потенцијал на комбинации и голови.

Да ни се погоди сезона како оваа на Ливерпул каде што генерално цела прва 11-ка, поготово оние од кои што најмногу зависи играта да одиграат поголем дел од сезоната без повреди ќе имаме сериозни можности и за титула. Сепак, затоа што е тоа тешко да се предвиди, мора да се има и квалитет во клупата.

Инаку денес головите одат на сметка на одбранта.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Да ги чува здравјето само, ама офанзивнава четворка плус Погба од позадина нуди страшен потенцијал на комбинации и голови.

Да ни се погоди сезона како оваа на Ливерпул каде што генерално цела прва 11-ка, поготово оние од кои што најмногу зависи играта да одиграат поголем дел од сезоната без повреди ќе имаме сериозни можности и за титула. Сепак, затоа што е тоа тешко да се предвиди, мора да се има и квалитет во клупата.

Инаку денес головите одат на сметка на одбранта.
Кој голови? Првиот е ремек дело, момент на инспирација на еден играч. Не е тоа кикс на Мегавер во класична смисла, едностано беше надигран. Вториот е чиста глупост, не ни играше со рака Баји.
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.051
Ако дојде Санчо, Марсијал и Рашфорд ќе треба да се ротираат во прва постава, Гринвуд е греота да го чуваш на клупа :icon_mrgr:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.666
Кој голови? Првиот е ремек дело, момет на инспирација на еден играч. Не е тоа кикс на Мегавер во класична смисла, едностано беше надигран. Вториот е чиста глупост, не ни играше со рака Баји.
Дефанзивец да биде направен мајмун во еден на еден ќе се случува секогаш. Ама првиот гол беше серија на настани. Испливувањето на Линделоф, низ нозе на Мекваер, да на прва статива над глава на Де Геа. Убав гол за гледање, ама иритира што на Јунајтед често му се случува да прима такви рандом голови. Пеналот беше смешка...
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Кој шут го вади Гринвуд ... Лудилоо
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Дечки, ќе има утакмици за сите. Истиов муабет беше Ибра кога го земавме, ќе немало минутажа за Рашфорд.. После испадна дека Рашфорд и во ВЦ што се вика го следел Ибра и учел од него. Не заебавајте, и на клупа мораме да имаме играчи со импакт а не кретени со IQ левел фрижидер.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.236
Кој голови? Првиот е ремек дело, момет на инспирација на еден играч. Не е тоа кикс на Мегавер во класична смисла, едностано беше надигран. Вториот е чиста глупост, не ни играше со рака Баји.
Прво, претходницата на самата акција пред да се прими првиот гол беше хаотично однесување на целата одбрана. Погрешно позиционирање, погрешни пасови што резултира со загубена топка на 20 метри од голот. Потоа следува голот каде факинг Станислас на мал простор го направи будала на Мегваер. Многу наивно влезе во дуелот, лошо го нападна и му овозможи предност на Станислас така да го изигра. Значи сите (горе долу) сме играле фудбал и кога така не напаѓа противникот да му ја протнеш низ нозе не е тешка работа.

За вториот гол. Претходницата до пеналот ја направи Мегваер со погрешен пас кој резултира со опасна акција каде ДДГ интервенираше квалитетно. Потоа Матиќ му ја врати прелошо топката на Баји кој не смееше така да оди да ја прими топката и да ризикува игра со рака.

Значи двата голови ги примивме поради грешки во одбраната.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Дефанзивец да биде направен мајмун во еден на еден ќе се случува секогаш. Ама првиот гол беше серија на настани. Испливувањето на Линделоф, низ нозе на Мекваер, да на прва статива над глава на Де Геа. Убав гол за гледање, ама иритира што на Јунајтед често му се случува да прима такви рандом голови. Пеналот беше смешка...
Јас за првиот гол повеќе би го обвинил Де Геа отколку Мегваер, затоа што топката помина на прва статива на висина која мораше да биде покриена. Факт е дека не брани Де Геа на нивото на кое бранеше, и овде еден куп кукаат како губиме бодови заради него, а сите заборавија колку бодови има спасено. Како и да е, и понатаму е доволно добар да брани за Манчестер, барем уште 2-3 сезони.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
каков играч е само Бруно !!!!
секоја чест шо му го даде пеналов на Рашфорд...
е ова ти е капитен материјал !!!

Sent from my SM-G960F using Tapatalk

Главен момент по мене, иако имавме лудо добра утакмица.Значи не знам што повеќе да речам за Бруно, сите комплименти и суперлативи ги потрошив.Човечиште, лидериште и играчиште!Не ми е верно што се дешава со човекот, мед и млеко е се со него поврзано.Голот што го даде е предобар!
Секоја чест за Гринвуд, што би рекле американците, дечкото е baller.Се надевам ќе продужи со исто темпо на напредок, има да биде икона.

Инаку дечки лудо-добра утакмица, одмана не сме гледале волку добро нешто.Одбраната тиња, пеналон на Баји везе си нема, Мегваер нешто не ми се бендусува што прави у последно, време ваљда е уморен.Зошто го извадија Линделоф на полувреме?
Инаку изгледа точен е муабетот за Шо, колку повише игра толку подобар станува.Ископа некоја зрелост во играта што дури ме чуди, доста мудри и паметни потези прави во последно време, ќе да е до поддршка и до гејм тајм, а можда и Мегваер што му чува грб и му се дере во секоја прилика коа ќе заебе.

Ко што рече @Ve76, можеше да се стави Скот место Матич/Погба/Бруно и да ги затвори скроз Боурнемут, но мислам дека Оле ги користи утакмициве со вакви противници да ги искомбинира/ухода играчите или он како што преферира да каже "да го гелува тимот", да ги подмачка сите офанзивни единици зошто реално имаат страшен потенцијал.Башка мислам дека пробува да ги крене ментално т.е. да бидат по дрски и опасни зошто имаат реален квалитет, а не да се плашат и да бегаат од топка(Веројатно е останато психичка последица од Мурињо и ЛВГ). Страшно тимче склопи Оле капа доле, се надевам дека ќе продужи како што тргнал.Првпат после долго време, можам да речам дека клубот е тргант во права насока, има идеја која што вреди и кончено вродува со плод.Претходно имаше само продавање муда за бубрези со филошофи и 3 тајмс.

Марсијал морам да го пофалам, денеска имаше одлично учестово во играта со и без топка, трчаше во канали на прави места во право време.Дополнително ми е кејф што покажува заби и желба за голови, не е оној пасивен лик ко што беше.Истотака страшен гол даде.Во истава категорија би го ставил и Џејмс, иако изигра 20 минути, многу ми се допадна што влезе со инцијатива и голема желба да направи нешто т.е да проигра или шутне, а не само да трча ко мува без глава.Исто се гледа дека работел на off the ball movement.

ПС: Тимов сака крв, ми се свиѓа бааги тоа.Не им чуе што примија ран гол и Боурнемут им играше ко prime Barcelona, туку си се надиграа па им закачија уште три комада.Да беше Мурџово време, би се скриле ко пичиња сите од прв до последен.Примија втор гол од непостоечки пенал, ако - си продужуваат по старо и им закачуваат уште 2 комада и не прекинуваат.
Мнооооогу се надевам дека ќе изиграат паметно на пазаров, ќе го донесат Санчо, штопер и уште еден добар за во средина, конечно да се оправи работата.Ќе газат момциве ако продужат како што тргнале.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Со ВАР 5 минути проверуваа дали е пенал, а пешкото свирна ко из пушке! Баму око соколово или ш*пак пеерски. Ваков пенал за едно 50 години гледање фудбал, прв пат гледам!
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Ако дојде Санчо, Марсијал и Рашфорд ќе треба да се ротираат во прва постава, Гринвуд е греота да го чуваш на клупа :icon_mrgr:
Не зезај, не дај боже се деси некое Вилшер сценарио ќе се сликаме или Марсијал сценарио (да му раскине женската и биде депресивен бааги време).Можно е и славата да му удри у глава, допрва ќе му се посвети медиумско внимание, да не забега по друг пат.Пупу да не го урочам.
Во секој случај сфаќаш која ми е поентата, не е арно да се потпреш на дете од 19 години што има уште работа пред него но и созревање.

Да го цитирам Оле, ако мисли играч дека стартно место му е загарантирано во Манчестер се заебал, мора да се бори со конкуренција.Има натпревари многу, повреди се дешаваат, ќе се ротира бааги и ќе има минути за сите.Башка не би било лошо да го згне и Марсијал малку, зошто и он знае некад да се исклучи од игра и да биде мрзлив, вака ќе мора да се бори да остане конкурентен и стартер.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Инаку, сите што кукате по Мегавер, изгледа заборавивте како изгледаше одбраната на Манчестер со Смолинг и Џонс пред да го донесат Мегваер. Секој напад паника, секој корнер половина гол, кутриот Де Геа како пајак на голот. Мегавер ќе направи по некој кикс, ама е присуство со онаа главурдата што ја има. Игра како машина, сите утакмици во сезоната, од европски купови до карабао купот. Знае да изнесе топка од 16, знае да подвикне кога треба, и опасен е на центаршути во противнички 16.

Ама работата е нашла ѓупката колбас, се жалела дека е крив.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.236
Глупа е споредбата брат...Значи кога заслужува критика заслужува кој сака нека е и што направил. И ДДГ заслужува критика иако не вадел од гомна милион пати. Јунајтед е ова и секој мора да биде на некое константно високо ниво доколку сакаме да претендираме кон повисоко место.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom