Милсам дека ако Лингард сака да игра фудбал дека и него му е јасно дека мора да си замине. Многу е ниско во редот за влегување во игра во Манчестер, а сепак е репрезентативец на Англија и мислам дека сам нема да си дозволи да остане во тим во кој е тешка резерва. Џонс може да се трампа во некоја ПЛ екипа за некој талентиран младинец, не верувам дека некој би платил живи пари за него. Переира мислам дека Оле не сака да го продаде, како сеуште да верува дека може да придонесе во екипата. Смолинг е во Рома, не сака да се врати, може да го откупат, или пак некоја трампа да се направи со доплата од Јунајтед, бидејќи наголемо се зборуваше дека Манчестер е заинтересиран за некој турчин од Рома, мислам дека Ундер се викаше или така некако, како поефтина варијанта за десно крило. Еден пријател мој кој прати италијанско првенство вели дека бил одличен играч.
Што се однесува до Мата, јас не би го продавал никогаш. Прво Мата е доволно добар квалитетно да го замени Бруно по 15 минути кога треба, плус може да одигра купови. Второ Мата е еден од најценетите ликови во фудбалскиот свет, и е одличен за имиџот на тимот.
Мене повеќе ми е за играчите кои треба да дојдат. Ако Санчо се донесе, средниот ред и нападот се покриени. Очекувам Марсијал да експлодира оваа сезона, а Игало е доволен за негова замена. Гринвуд ако сака шпиц да игра мора уште снага да нафрли, посебно во горниот дел од телото.
Е сега, најголем проблем останува лев бек и централен дефанзивец. Шо ниту е доволно добар во нападот, ниту во одбраната. Всушност подобро одигра два три пати на централен одбранбен во 5 4 1 формација, отколку како бек. Ван Бисака не е сјајен во напад, ама кога е во одбрана пиле не може да прелета. Кога би имале квалитетен лев бек од типот на Робертсон, Манчестер би бил кандидат за титула.
Плус проблемот на партнер на Мегваер. Линделоф киксер, Баји е редовно на граница на црвен, Туанзебе често повреден, опето ќе биде.