Погба вреди поќе него цела ваша средина моментално и тоа што неостанал кај вас не е ничија кривица него ваша и сам си ојде му истече договорот немаше обврска кон вас како што ти не би имал кога би ти истекол од one/vip/t-mobile/ и имаш право на нов оператор, и да вреди 50 на денешниот т. пазар + има 20 год, 80 комотно ќе оди пошто повеќе тима го бркат и РМ, Барса,Сити, Челзи и ПСЖ да не спомнувам понудата на ПСЖ која беше кеш + Кавани кога имаш такви клубови во игра цената рипа, а ако Видал е клаен за продавање има да рипни и те како цената и со 30 милиони нема да го земите
. Ние си ги преценваме? Нани цела сезона не изигра и имаше ОК светскои вие го цените 20-30 милиони? Епа ко така продајте го бе за кеш оти на Интер му баравте само 12 мил-15мил? НЕ е работата за Италијанската и капацитетот чоекот е докажан и на интернационално и во ЛШ па кој средишен играч имаше 6 гола оваа сезона и 3 асистенци во ЛШ? Клеверли? Неможи екстра играч да купите за 30 милиони, ако можеше веќе ќе играше кај вас разберете.
Кога некој нешто продава и тоа нешто е посакувано од повеќе мора да платиш колку што ти барат, без разлика која е сумата, ако не платиш ти ќе дојди друг и тоа е тоа. А ако тоа нешто не е на продажба како што не е сега некој ќе си лупни ецна и ако ја платиш тогаш ќе го добиеш нештото. тоа е тоа.
За Погба не сакам да дискутирам за тоа ради што не останал во Јунајтед. Доколку се прашувам јас и за 5м да ни го давате сега не го сакам во клубот зошто покажа колкава лојалност има за клубот кој го створи. 300 проблеми ни отвори неговиот трансфер и можевме да добиеме бан на трансфер пазарот од неколку трансфер периоди, клубот му обезбеди мега услови за 15 годишен тинејџер со стан и работа за негови родители и немаше трпение од само неколку месеци и притоа му се правеше паметен на САФ, човек кој го доведе да се развива во место каде го унапреди својот талент. И ај тоа, цело време не прекина да го вади од уста Јунајтед...За договорот одлучи САФ да не нуди толкава сума која ја бараше неговиот агент како плата, што во тој период би земал скоро колку Чича, Рафа, Фабио..Никој не го оспорува како талент и како квалитет реално, но има уште фурни леб да јади за да вреди 80м како што кажвите. Крос со искуство и со ЛШ, СП и ред други трофеи зад него Реал го лапназа 25м. Модрич кој е доктор за Погба го зеде за 40, Цеск и покрај што сите го сметаа дека е катастрофа во Барса во статистика има најмногу асистенции изминативе 2 сезони таму па Челзи го зеде за 30м, Алкантара - ученик на школата на Барса под менторство на Чави и Иниеста, кој играше и добри мечеви и за Барса и на доста натпревари одлично го менуваше некој од претходно споменатиот двоец замина во Баерн за 25м, еден Погба кој игра во Серија А која досега била на најниско ниво во нејзината на историја каде на Јувентус му е конкурент 2 години по ред Наполи, и во толку слаба конкуренција каде друг клуб не гледам кој може нешто да направи посериозно од аспект на финансии и слично, исто и во лига каде Жервињо е Меси за тамошен стандард, а во ПЛ се влечеше по земја. Е тој Погба да ти вредел 80м, во трансфер период кога играчишта како Крос, Модрич, Цеск, Алкантара се даваат под 40. Остави го настрана Ерера, Иљарменди...Тоа ти го објаснаа претходно дека се клубови со кои не се преговара туку се откупува клаузула. Погба баш, гледајќи го на СП, поготово против Германија колку се залагаше, а и освен голот против Нигерија не покажа нешто што ќе ги воодушеви сите за да ги затне муцките со тоа што беше прогласен за најдобар млад играч. Реално Депај со 5 пати помала минутажа од него имаше поголем придонес од него. Колку тие награди на ФИФА/УЕФА се релевантни говори наградата на Меси на истово СП...затоа ги земам со голема резерва. Но пак ќе напоменам, не сакам да мислиш дека јас тврдам дека Погба е слаб, јас викам дека Погба одличен играч кој има талент и огромен потенцијал, но тоа што во моментов се со тимчињата кои не ви се ни на рамниште на Јувентус не го прави играчиште зошто гледам што се случи во изминативе 2 сезони во ЛШ со тој Погба. Против Галатасарај кога отпаднавте кога игравте на кал тој за 90минути една флека немаше на дресот и си се понашаше прележерно. Против Реал освен Видал јас не го видов Погба да игра нешто во вашата средина. Е тие се тие натпревари кога некој би добил епитет на играчиште и кога ќе се дрзните да речете за него 80м се малку. Суарез кој покрај неговиот карактер, газеше во ПЛ во моментов се шпекулира дека за околу 80 заминал во Барса, Бејл исто. Роналдо претходно исто...Тие се играчишта во споредба со Погба, а тоа дека имало во него 10 години фудбал не е голем фактор.
Друга работа. Ако Видал сам побара трансфер, или пак Јуве го стави за продавање автоматски со тоа од старт му паѓа и цената, макар во конкуренција да бидат и ПСЖ и Сити и Реал и Барса и кој не. И во тој случај би зеле добра сума...ама знам дека Јуве нема да се дрзне да го направи токму тоа туку доколку се одлучи да го продаде Видал. Јуве во тој случај би играл на карта дека не го дава, а со тоа ќе ја крева цената уште повеќе...Нешто што го правевме ние со Роналдо, вие со Зидан во минатото. Искрено ќе кажи времето за Видал. Исто порачувам и до фановите на Јунајтед да на правиме 300 филмови пред да да се случи за да не јадиме сеир како за Крос/Алкантара зошто не знам искрено колку се релевантни информацииве кои доаѓаат од Англија.
И друга работа околку Нани...Кај си прочитал барем летово дека некој од нас го вреднува Нани на 20-30м? Ние би биле среќни и за 15 доколку го дадеме...И сумата за Видал што се споменува се 30м фунти, нешто околу 40м евра, а доколку дојде до трансфер верувам дека таа сума ќе биде околу 50м ЕВРА плус/минус што е солидна сума според мене.