Доста тврд натпревар, Челзи почна за мене неочекувано напаѓачки и се обиде од старт да израмни. Во тој период Рио беше нестабилен со повредата и добро е што не беше примен гол. Подоцна се стабилизира играта и беше умртвена доволно за да не може Челзи многу да се заканува.
Во основа сите одиграа добро, ги завршија своите задачи на ниво и многу дисциплинирано.
Видич беше феноменален, во одбраната постојано блокираше и расчистуваше, Парк можеби човек на мечот, ни сам не е свесен колку претрча на овој дуел, покриваше во одбрана и секако голот. Руни немаше шанси, но постојано делеше топки, ја контролираше играта, Гигс одличен при голот, ВДС на ниво во неколкуте ситуации.
Мислам дека кој и да биде противник во 1/2 финале (а секако веројатно тоа е Шалке), овој тим на Манчестер ќе биде фаворит и би требало да очекуваме финале на Вембли па таму здравје.