H
-HRO
Гостин
По ова што се случи денеска ќе прочитаме најразлични коментари...некој ќе се лути, на некој ќе му биде гајле, некој ќе се радува итн.
Најбитното од сето ова е да не заборавиме кои сме ние, која е нашата чест, и кој е нашиот клуб.
Да не се заборави дека зад Јунајтед стои огромна историја и приказна која ниеден друг клуб ја нема во светов.
Исто така тука се и верните навивачи и поддржувачи на Јунајтед кои остануваат до крајот со својот клуб и навиваат со срце до последната минута, без оглед дали се во позитива или во негатива!
Јунајтед не е само фудбалски клуб, Јунајтед е дел од нашите животи!
Толку многу трофеи позади нас, толку големи имиња и толку голема слава и традиција....
И покрај тоа што за малку ја загубивме оваа титула, јас можам гордо да застанам на нозе и да кажам дека навивам за Јунајтед.
На денешниот натпревар, искрено очекував QPR да приреди изненадување...тоа и се случи, но се до 90тата минута.
Некои шпекулираат дека газдата на Шити платил огромна сума на пари за да има 5минути продолжение и QPR да го предадат натпреварот...
Како и да е тоа се само шпекулации и титула за нас секако нема, без оглед колку да се буниме и што и да правиме.
Важно 19 ни се сигурни, тоа е бројка за која што може да сонува било кој друг клуб во Англија...
Од август се надевам дека Сер Алекс ќе изгради состав со кој ќе можеме повторно да ја освоиме премиер лигата, па дури и лигата на шампионите.
Ќе слушнам некој ќе рече да направите состав за да се носите со Шити....
ЛОЛ? Ние да се носиме со Шити? Другите клубови треба да состават тим за да се носат со нас.
Но секако не клуб со пари, туку клуб со титули, клуб со традиција, клуб со навивачи кои навиваат со срце до 90тата минута.
Тоа другите клубови никогаш нема да го разберат, но затоа ние поединците и Јунајтед фановите го разбираме.
Тоа е она што не прави специјални и посебни како клуб и како фанови!!
GGMUFC!