Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Уште едно лево крило и тоа за 20 милиони фунти? Веќе ги имаме Нани и Јанг и сега и Гаитан. Дефинитивно ќе има незадоволни фаци во Јунајтед по крилата другата сезона. Ако се земе дека десната страна му е загарантирана на Валенсија прво поради игрите оваа сезона, а второ зошто се создава одлично партнерство со Рафаел тогаш некој од Нани, Јанг или Гаитан ќе треба да се задоволи со тоа да биде трет избор на таа позиција. Не си гајте илузии дека Гаитан ќе игра во централниот дел зошто тоа не му е природна позиција, може и таму да се снајде не викам не, ама учинокот ќе му е далеку помал отколку кога тој би играл на крило.

Имаме дупка како вагина на некоја ороспија од Brazzers во средината и таа позиција треба да ни е главната преокупација за наредната сезона. Прво тој проблем треба да се реши, па потоа да се размислува за другите позиции, долго време Ферги го избегнува тој проблем, ама после оваа сезона ќе мора да го реши. Друг поприоритетен трансфер од тој на Гаитан е кој ќе го пополни местото на Бербатов. Очигледно е дека тој ќе си оди, а еве ако Македа биде дел од трансферот на Гаитан, тогаш остануваме со Овен на кој дефинитивно не можеме да се потпреме на повеќе од 5-7 утакмици зошто другото време е повреден и останува или да се купи нов играч или да покажеме муда и да ги оставиме Овен и можеби Вил Кин.

Единствено нешто што го оправдувам од целата оваа ситуација е позајмицата на Фабио. Ако веќе ова прашање е решено тогаш Бенфика е добро место за него. Сигурно ќе добива шанса повеќе отколку во Јунајтед, го зборува јазикот и полесно ќе се вклопи, ќе игра во 'помека' лига и се надевам нема да се повредува како во ПЛ и ќе добие поголемо искуство во Европа. Само малку може да влијае тоа што ќе биде разделен од Рафаел зошто знаеме колку се блиски тие двајца, сепак се работи за професионалци и се надевам ќе нема никаков проблем.
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
Уште едно лево крило и тоа за 20 милиони фунти?
По природа братов е AMF(attacking midfielder)..... a крилата барем јас како што гледав му се втора опција, што значи говориме за играч со широки дострели, чак еднаш последните 30 минути ги играше дмф, у превод може да го пополни секое место од клеверли, сколс, керик, се до крилата нани, валенсија и компанија!
за таков човек секогаш има место ;)
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Уште едно лево крило и тоа за 20 милиони фунти? Веќе ги имаме Нани и Јанг и сега и Гаитан. Дефинитивно ќе има незадоволни фаци во Јунајтед по крилата другата сезона. Ако се земе дека десната страна му е загарантирана на Валенсија прво поради игрите оваа сезона, а второ зошто се создава одлично партнерство со Рафаел тогаш некој од Нани, Јанг или Гаитан ќе треба да се задоволи со тоа да биде трет избор на таа позиција. Не си гајте илузии дека Гаитан ќе игра во централниот дел зошто тоа не му е природна позиција, може и таму да се снајде не викам не, ама учинокот ќе му е далеку помал отколку кога тој би играл на крило.
.
Тоа што јас го имам гледано од Гаитан е тоа што точно тој игра по левата страна но игра сосема друга улога од тоа што ја играат другите крила, не игра како што играат кај нас крилата, да продираат и да нафрлуваат, со него по левата страна играат на дупли проигрувања на прва, тој им ја сврзува во нападот. Е сега кај нас слична игра ќе има но на средината. Сега во право си и ти донекаде, и мене не ми се гледа како право решение за средината, тој е офанзивен играч, а нас ни фали Сколс играч, а Гаитан мислам дека не е. Но незнам какви планови има Фергусон со него, што има видено во него, можеби мисли дека може од него да направи играч каков што му треба, ќе видиме. А што е најдобро, многу е версатилен
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
По природа братов е AMF(attacking midfielder)..... a крилата барем јас како што гледав му се втора опција, што значи говориме за играч со широки дострели, чак еднаш последните 30 минути ги играше дмф, у превод може да го пополни секое место од клеверли, сколс, керик, се до крилата нани, валенсија и компанија!
за таков човек секогаш има место ;)
Така некои викаа и за Јанг па не заигра ни една минута на тие позиции туку играше крило. Тој во Бенфика игра крило во најголемиот дел од сезоната. Не ми ја сфаќате поентата цело време, ама ај ќе се обидам уште еднаш. И О'Шеј можеше да игра во средина ама го купивме Керик, Руни може да игра лево крило ама го купивме Јанг, Џонс може да игра на местото на Сколс ама ние сепак Сколс го вративме од пензија. Се согласувам дека може да ги пополни местата на Јанг, Нани и компанија, па дури и на Сколс, Керик и Клеверли ама само кога овие вториве ќе се повредени или ќе ги одмараат.

Тоа што некогаш играл ДМ Гаитан е најмалку битно. И Руни кога мора игра ДМ кога ќе потфрли средината или кога нема кој да организира некоја акција. Нас ни треба играч што ќе игра место Сколс, Клеверли и Керик, а не што ќе може да покрие за нив. Такви веќе имаме.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Уште едно лево крило и тоа за 20 милиони фунти? Веќе ги имаме Нани и Јанг и сега и Гаитан. Дефинитивно ќе има незадоволни фаци во Јунајтед по крилата другата сезона. Ако се земе дека десната страна му е загарантирана на Валенсија прво поради игрите оваа сезона, а второ зошто се создава одлично партнерство со Рафаел тогаш некој од Нани, Јанг или Гаитан ќе треба да се задоволи со тоа да биде трет избор на таа позиција. Не си гајте илузии дека Гаитан ќе игра во централниот дел зошто тоа не му е природна позиција, може и таму да се снајде не викам не, ама учинокот ќе му е далеку помал отколку кога тој би играл на крило.

Имаме дупка како вагина на некоја ороспија од Brazzers во средината и таа позиција треба да ни е главната преокупација за наредната сезона. Прво тој проблем треба да се реши, па потоа да се размислува за другите позиции, долго време Ферги го избегнува тој проблем, ама после оваа сезона ќе мора да го реши. Друг поприоритетен трансфер од тој на Гаитан е кој ќе го пополни местото на Бербатов. Очигледно е дека тој ќе си оди, а еве ако Македа биде дел од трансферот на Гаитан, тогаш остануваме со Овен на кој дефинитивно не можеме да се потпреме на повеќе од 5-7 утакмици зошто другото време е повреден и останува или да се купи нов играч или да покажеме муда и да ги оставиме Овен и можеби Вил Кин.

Единствено нешто што го оправдувам од целата оваа ситуација е позајмицата на Фабио. Ако веќе ова прашање е решено тогаш Бенфика е добро место за него. Сигурно ќе добива шанса повеќе отколку во Јунајтед, го зборува јазикот и полесно ќе се вклопи, ќе игра во 'помека' лига и се надевам нема да се повредува како во ПЛ и ќе добие поголемо искуство во Европа. Само малку може да влијае тоа што ќе биде разделен од Рафаел зошто знаеме колку се блиски тие двајца, сепак се работи за професионалци и се надевам ќе нема никаков проблем.

Ако си ги гледал Бенфика,не играат иста игра како нас преку крила,друга формација,друга тактика.
Да!Изгледа како да е лево крило,но го бидува за секоја позиција,крило,средина.... онака малечок ти изгледа ама секогаш врши пресинг и ја одзема топката,јас би бил задоволен да дојди во екипата со оглед на парите 20мил (и двајца играчи од кои едниот е на позајмица),за разлика Снајдер ако го земемвме за 50тина мил. а еве го нема стапнато за Интер тежок играч со повреди е..... така да јас би бил задоволен со овој трансфер.
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Тоа што јас го имам гледано од Гаитан е тоа што точно тој игра по левата страна но игра сосема друга улога од тоа што ја играат другите крила, не игра како што играат кај нас крилата, да продираат и да нафрлуваат, со него по левата страна играат на дупли проигрувања на прва, тој им ја сврзува во нападот. Е сега кај нас слична игра ќе има но на средината. Сега во право си и ти донекаде, и мене не ми се гледа како право решение за средината, тој е офанзивен играч, а нас ни фали Сколс играч, а Гаитан мислам дека не е. Но незнам какви планови има Фергусон со него, што има видено во него, можеби мисли дека може од него да направи играч каков што му треба, ќе видиме. А што е најдобро, многу е версатилен
Јас не сум против трансферот на Гаитан да се разбереме. Еве дури и ми се допаѓа како игра Гаитан, сакав да кажам дека имаме поприоритетни позиции каде треба да се купи нов играч. Свесен сум дека не значи ако се купи Гаитан дека нема да се пополнат тие позиции, туку што сме преокупирани со овој трансфер, а се избегнува вистинскиот проблем, кој кога тогаш ќе мора да се реши. Ама верувам во Ферги и го подржувам во сите негови планови за клубов (y)
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.752
Поени од реакции
43.931
Со оглед на заминувањето на Бербатов, јас пред се сум да се земе еден напаѓач.. И тоа од типот на Љоренте.. Висок, снажен со одлична игра и со глава и со нога.. Тоа е тоа што го немаме моментално.. Константно играме со нафрлувања од крилата, а немаме еден салам играч со глава.. Со еден таков шпиц и со Руни зад него, (и Велбек и Чичарито повеќе како sub-players) мислам дека ќе имаме одличен напад..

И можеби не за наредната (бидејќи мислам дека Сколс ќе го продолжи договорот), но за две-три години мора да се најде негова замена.. Е сега можеби Џонс ќе го спреми за таа позиција, можеби Погба ќе игра таму... А може и да се купи некој.. Ќе го видиме тоа..
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.747
Поени од реакции
9.505
Гаитан е нешто налик Силва ама појак :D. И Силва може да игра како крило и како плеј. Јавна тајна е дека САФ од секогаш посакувал такви профили на играчи кои можат да играат на повеќе позиции. Гледајте понекгаш како го форисра и Клеверли по крилните позиции, па и Велбек итн...Со оглед на тоа што Бенфика во последниве години бара енормни суми за играчи, 20 милиони плус Фабио да стекне супер искуство и Македа кој што во ПЛ изгледа како изгубен е кражба според мене. Гаитан е тоа што го сака САФ во средината. Дрзок играч, кој што е доста брз, знае кога да даде пас, има супер шут и знае да прави пресинг на противникот што значи дека одлично би се вклопил во новиот концепт кој го планира САФ за во иднина т.е брза игра и голем посед. Затоа Rooney's Temper не се грижи, зошто и Андо во Порто играше како лево крило и како плеј, па кај нас никогаш не заигра лево...така ќе биде и со Гаитан :)
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
За у нападот мислам оти подобро е да земаме некој по у години кој ќе им остава простор да играат и Велбек и Чича па потоа и Кин, а и да им биде нивен ментор. Дел Пиеро, или Раул. Хехехе
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.747
Поени од реакции
9.505
За у нападот мислам оти подобро е да земаме некој по у години кој ќе им остава простор да играат и Велбек и Чича па потоа и Кин, а и да им биде нивен ментор. Дел Пиеро, или Раул. Хехехе
Ако гледаме по таа логика САФ нема да го пушти Берба да си оди зошто и тој е во години и не се буни да им остава простор на Чича и Велбек :) Е сега не би било лошо да се најде некој анонимен и САФ да го претвори во зверка :))
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Се океј, ама па Велбек Чича и Вил Кин не смеат да се испуштаат. Не ни треба напаѓач бе, Велбек за догодина ќе биде main man ќе видите.
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Тоа и баш ме загрижува друже. Андо еве неколку сезони е кај нас ама сеуште не го покажал целиот потенцијал што го има т.е. немал breakthrough како што имаше Нани. Реално сите очекувавме малку повеќе од него. Е токму обидот на Ферги од играч што играл како АМЦ одма позади напаѓачите како што ние некогаш го играме Руни или лево го премести на позиција на која играат Керик и Сколс и тоа му влијае на развојот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Rooney's Temper, Гаитан е нешто како Мата, на хартија игра само лево крило а иначе се шета на теренот. А и Гигс сепак е во години, Парк не се знае колку ќе игра повеќе, сепак ни фалат леваци.

А ме радува што во Бенфика ќе оди Фабио, португалска средина, нема да е до толку home sick.
--- надополнето: 16 април 2012 во 13:06 ---
Со самото тоа што за три/четири дена, после пораз, ние победуваме со 4-0 и имаме одлична игра, кажува дека против Виган било само мало опуштање, ладич :)

П.С. Ќе има масовна собиранка во Агер & Сагер за дербито со Сити? Да знам да си планирам, ако има добра организација :)
Ќе има да :)
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.492
Поени од реакции
7.964
Луѓе не ги заборавајте Кин,Кофи и Ј.Кинг, ако заминат Берба и Овен што е горе-доле сигурно, единствен играч што треба да се земе е Дел Пиеро летоска најверојатно ќе биде фри агент играч у години супер техника не ми изгледа не некој склон на повреди а и самиот е свесен дека нема да ги игра сите утакмици.

Вклучувањето на Фабио во трансферот на Гаитан и не ми изгледа најдобро бидејки очекував дека биде позајмен негде у ПЛ, ама сепак и во Бенфика не лошо.Уште Бебе да е вклучен во договорот и супер ќе биде

United reserves can clinch the league today if they win at Newcastle tonight.
#MUFCReserves
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Manchester United vs Everton

Gibson OG '89
Neville OG '90
Howard OG '91

:pos:

Кога играв менаџер со Манчестер, крај на април негде играв за титула со Сандерленд и стварно си дадоа автогол Браун и О`Шеј, мора да го најдам скриншотот :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom